ај јас пак...сонот не е мој туку на една девојка со која бевме поблиски во минатото, се било на другарка база, но секогаш блиску до границата за нешто повеќе... сега контактите и видувањата ни се ретки, последен пат се видовме пред една недела, а претходно сигурно повеќе од 2 месеци се немавме сретнато, исто и онлајн комуникацијата е периодична... еве ке го цитирам нејзиниот сон и тоа како она ми го соопшти, за да ми биде полесно да се искажам со прво лице:
еј аце, те сонував ноќеска, како сме седеле пред нашиот бивши стан, пред зграда на клупа, онака нешо сме се смееле заебанции муабети, потоа се појавува татко ми, на кого пенисот му беше во ерекција(преку облека се приметуваше), а ние го забележавме тоа, ти почна да се смешкаш, но и јас не останав воздржана. по ова на татко ми му падна незгодно па пробуваше да си ги поднамести паталоните и да се задскрие...во сонот јас и ти многу сме се зближиле, се разбудив со такво чувство, во сонот имаме доста близок контакт (повеќе од оној во реалноста)