Сонови, толкување на сонови

Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
Еве еден сон од сестра ми...(ке пишувам во прво лице)

Си одам по улица јас, и стигам дома.Куќата не е таа во која живеам но позната ми е и во сонот е мојот дом.Има голема црна капија.Застанувам се вртам и гледам како ми се приближува вампир.Тоа дека е вампир ми е потсвесно, зашто во сонот ми изгледаше премногу познато како да го имам сонувано тој лик некогаш како вампир но имаше нормално човечко лице тука како да не е вампир.Тој ми се приближи и тогаш помина змија една покрај нас, малечка едно змијулче...Јас мислев дека тој ке се исплаши од змијата и ке си отиде зашто ми дојде како и претходно тој дел со змијата и вампирот да сум го сонувала и да го знам сценариото, ама не се случи така и он не се исплаши, како да беше спремен овој пат.Потоа стоиме јас и вампирот во дворот пред влезната врата и тој како да сака да комуницира со мене, ама јас го туркам назад.Од страна од нас имаше некоја маса со шишенца и фората беше изгледа дека тој дошол по нив, да ги земе.После му нудам да седне на стол надвор зашто морам да одам внатре да си го видам бебето (иначе нема бебе сестра ми, има 15 год.).Влегувам внатре во собата кај бебето а тоа спиеше.Го земав во раце се разбуди и се израдува кога ме виде.Во тој момент дојде уште некоја жена надвор, демек како вештерка нешто ама не ми личеше на вештерка ама мислам дека сепак е вештерка типката... јас го земав бебето да го изнесам надвор и бебето цело време се смееше и бебе како бебе почна да се лигави и да му искачаат меурчиња некои од уста...Кога отидов надвор вампирот ги земал шишенцата и само ме гледаше мирно како да сме пријатели веќе и не ми беше страв повеќе од него, како да ја снема целата непријателска атмосфера...тука завршува сонот бато ме буди да му направам јадење...
...aj uste za tebe vecerva...posle seansa meditacija, pa spienje... toj vampir ... ne go gledas koj e(dali ti e poznat) ocigledno e nekoj tvoj poznat posto ne se plasis od nego... zima sisenca , a ? epa da , takvi se vampirite ... cicaat, ama ne krv, vosonot ne moze da ti iscica krv , ama moze ...energija... poa sto go gledas vosonot ti se slucuva sigurno i na jave , toa e nekoja licnost koja e energetski vampir, posle druzenje ili bliska sredba so takov tip lugje obicno sme iscrpeni ili izmoreni i neubavo se osekjame, nego mu treba hrana zasto se hrani so tugjo gajle i tugja energija...ne ja zima stvarno hranata od flasickite tuku od tebe....bebeto e nekoja odgovornost, nesto za sto ti se grizis i ti e bitno....i nekoja negativna sila, pratena od zena(negat.misli) vo vrska so taa tvoja odgovornost ti se upateni i te sledat .... seto ova ne te dopira , niti zmijata , ( i toa e negativna misla ili energija) niti vesterkata , edinstveno vampirot ti e blisku , znaci nema da imas steta , ama znaj deka si del od sindzir na ishrana...nemoj da se plasis od ova , ne e nisto opasno , rekov vekje , zlo nema, nema nisto da ti se sluci ..ako go prepoznaes ili znaes vampirot, pisi na pp, da ti kazam kako da go ottrgnes...
poz!

--- надополнето ---

ја сонував еден премн заебан сон шо појма неам шо значи и на кој и да сум го кажал, никој неможел да го дешифрира, па ај да пробам и тука, ваљда ке успеам некад да дознаам шо е финтата. Еве вака: прво се наоѓам како во еден бесконечен простор, јас лебдам, значи нема дно, нема никаков простор над мене, се е бесконечно, јас лебдам али сум као исус со рацете како да сум распнат и неможам да се помрднам и после околу мене слушам многу гласови што се доближуваат, па стануваат подалечни и после како има еден глас позади моето лево рамо ама премногу е далечен и тој глас се дере, ама се дере ненормално премногу, само не го разбирам, а има и друг глас позади моето десно рамо што е одма позади мене и тој глас нешто ми шепоти ми кажува нешто, али и тој не го разбирам. после тоа истиот јас стојам и гледам како се вртат две огромни сребрени топки, едната иде накај мене другата си оди и после обратно и така цело време..... понатаму не се сеќавам. неззнам поради овој сон увек иам као фобија набиено од дерење или шепотење........ дали ќе може да дешифрира некој........
...sto e toa sto ti se slucuva sega vo momentov i za sto se dvoumis...nesto mnogu bitno , sto te rastrga ...razmisli ako ima nesto takvo pa kazi ,,,pa ke prodolzam , ako ne ...zaboravi ...
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Е ајде сега јас сега едно 2 сона што сонував минативе денови да си кажам,
сонував левово уво како ми се заклемпавело, пробав да го исправам но неможев, сонував како сум трчала по тетратка на сред писмена по македонски јазик, и сонував дебел свирач на саксофон како свири, дува дува во инструментот како нездрав... енибади?

--- надополнето ---

Не мора никој да ми ги толкува све си знам :icon_lol: сама си прашав сама си одговарам хахаххаха
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.908
Поени од реакции
6.998
Еве едно најново сонче од сабајлево кај 10-11 сато. Сонував дека сум се нашол во некој македонски град со Алекс Фергусон. За тие што не знаат тој е менаџер на мојот омилен фудбалски тим, Манчестер Јунајтед :) Е сега јас седев на клупа на плоштад и одеднаш го гледам Фергусон како поминува на 5-6 метри од мене со еден млад пар, можда му беа синот и снаата, не знам. И му довикувам јас така: Hey Sir Aleks, want a picture with me? И тој одговара: Аааа ти вчера ме сликаше, денеска јас :) И се местиме така јас, тој и синот негов (ако беше тој) и оваа жената да не слика со нејзин апарат. Ама некако неубо не чкрапнала и му викам јас ајде уште еднаш за поубо да излезиме и тој ми вика не не доволно е тоа немам време повеќе. И одеднаш кога разбра околниот народ дека Фергусон е тука одма потрчале сите да се сликаат и настана голема гужва....а во гужвата ги забележав и сигурен сум дека беа тие....една школска другарка од основно како се гушкаат со сестра и како да не се виделе одамна (инаку сестра и е 3 години постара од неа ама и двете се многу многу слични, лесно некој може да каже дека се близначки). И штом забележав дека се тоа тие сонот заврши и се разбудив. :)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Темава е за толкување на сонови, за останатите доживувања со соновите или нивно прераскажување - имате две други теми.
 
Член од
16 февруари 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
Филозофке,
ако сонуваш уво тоа обично значи дека подсвеста ти кажува да обрнеш внимание на нешто, а особено дека ти било заклемпавено. Бидејќи е во прашање левата страна, повикот може да се однесува на мајката, некоја блиска жена, на семејството, домот, или ако се занимавате со градинарство внимавајте да не посадите сега нешто, зошто пак ќе стегне зима :) а може да значи и повик, инстинкт на мајчинство.
Толку умеам да кажам зошто вака сиромашен е описот.
Трчање по тетратката се школски трауми, што си имаме сите :) но заедно со саксафонистот може да претставува инспирација- ако се занимаватe со уметност, занает или било што што е креативно, ова е вистински период за тоа.
А дебелината обично исто значи дека сте забележале можност за напредок. или дека сте почувствувале самодоверба дека можете во нешто да успеете.
Фактот дека нешто сте заборавиле, трчате а и дебелината, можат да значат дека сте во хаос и дека претерувате- застанете, смирете се, размислете. Музиката на сето тоа му дава хармонија.
Знам дека е доста воопштено но Вашиот опис е оскуден :)
За соновите, интересен текст на македонски има овде, а уште поинтересен овде.

--- надополнето ---

Гавран,
јас мислам дека ова не ти било сон туку твој излед надвор од телото. Ако имаш таква дарба негувај ја но внимателно, научи како свесно да се враќаш во телото и ќе можеш да присуствуваш на настани просторно и временски оддалечени и така натаму...
Ти посакувам многу успех во тоа
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
Почнувам да се загрижувам за соновиве више у пм нека иде незнам шо ми стана многу сонувам у последно време...
Значи бев на некое место сцена баш како супер марио онака зелена трева и како коцки бели кои водат нагоре као скали....и сеа као шо се качувам(скокам) по тие скаличките не успевам да доскокнам и паѓам во друго место, сега сум на некоја кула од повеќе слоеви и секој слој е обоен со различна боја и ја ги кршам со некој чекан пополека слоевите и се симнувам надоле, дотука памтам понатака ништо...бленк... толкување?
...sto mislis ...i naogjas li vrska so prethodnite sonovi... , jas gledam nesto , takvo ...dali mozes da se setis na boite vo koi bile sloevite sto gi krsis... pomisli na vinozito , mozebi ke ti pomogne...ne si uste za gore . prvo moras da zavrsis so toa sto te ceka dole , vo zemjata , zatoa ides nadole , probivas , ama vnimavaj nadole moze i da boli ...mada ovde ne gledam za sto ... elementot na zemjata te vlece .... boite predpostavuvam deka gi pretstavuvaat chakrite koi moras da go itvoris ili sami ke se otvorat edna po edna , za da mozes da podneses protok koj ke ti dozvoli da go dobies ona sto ti treba ...gore seuste ne mozes da doskoknes ama otkako ke go dobies ona sto ti treba , ke bide mnogu lesno za nagore ... najlesno e da go povrzes so igra seto ova...zasto ..zatoa sto ne si ti toj koj upravuva , tuku nesto ili nekoj te vodi , te upravuva tebe...ti pomaga...
poz! i sledi ponatamu...

--- надополнето ---

Е ајде сега јас сега едно 2 сона што сонував минативе денови да си кажам,
сонував левово уво како ми се заклемпавело, пробав да го исправам но неможев, сонував како сум трчала по тетратка на сред писмена по македонски јазик, и сонував дебел свирач на саксофон како свири, дува дува во инструментот како нездрав... енибади?

--- надополнето ---

Не мора никој да ми ги толкува све си знам :icon_lol: сама си прашав сама си одговарам хахаххаха
oav e lesno , znaes ti mnogu dobro sto znaci ... a i sigurno vekje e ostvareno...
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.549
Поени од реакции
4.464
Значи вака...Сонував како треба да излегувам со другарите и од дома ме прашуваат имаш ли пари? Јас одговарам имам 610 денари. И тогаш мајка ми нуди да земам уште 6000 денари. И јас и реков дека нема потреба и дека ми се доволни парите што ги имам. Но она инсистираше и ги земав што да правам..Што значи ова?
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.748
Јадев чоколадо кога дојдоа на гости мои роднини. И јас почнав да ги нудам со чоколадата. Зедоа, и уште малку остана и јас го дојадов. Може некој да ми го протолкува сонов?
 
С

сашенко

Гостин
Чудна работа ама овие 5-6дена по ред што и да сонувам ми текнува премногу јасно на тоа, иначе ич не се сеќавав.Сега сонував како снег топам со мајка ми.Хахха некоја вода сме земале топла и ја фрламе врз снегот и го топиме, имаше и уште нешто ама и тоа беше околу топење на некој снег
 
A

Auditore

Гостин
Сонов е најтазе, ме разбуди од спиење, вака се случуваше:
Одам јас по улица со еден човек со кој сум скаран и се расправаме цело време кој бил во право кој не, и проаѓаме кај една куќа и во дворот ја здогледувам девојка ми, нејзината најдобра другарка и еден дечко што и се пушта, тие седат тројца и разговараат и неможев да слушнам што зборуваат, јас ги подминав и потоа се завратив а девојка ми не ме виде, застанав на оградата и ги слушав а неможев да чујам што зборуваат и тогаш нејзината другарка и рече, еј Милан, и оваа тогаш се врти цела избезумена и ме прашува што барам таму, јас и викам што значи ова, таа почна да се губи и мислеше дека сум слушнал што зборуваат и почна да ми објаснува а работата била да излеле они двајца и да се смуваат затоа што се свиѓале еден на друг, тоа е.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
...sto mislis ...i naogjas li vrska so prethodnite sonovi... , jas gledam nesto , takvo ...dali mozes da se setis na boite vo koi bile sloevite sto gi krsis... pomisli na vinozito , mozebi ke ti pomogne...ne si uste za gore . prvo moras da zavrsis so toa sto te ceka dole , vo zemjata , zatoa ides nadole , probivas , ama vnimavaj nadole moze i da boli ...mada ovde ne gledam za sto ... elementot na zemjata te vlece .... boite predpostavuvam deka gi pretstavuvaat chakrite koi moras da go itvoris ili sami ke se otvorat edna po edna , za da mozes da podneses protok koj ke ti dozvoli da go dobies ona sto ti treba ...gore seuste ne mozes da doskoknes ama otkako ke go dobies ona sto ti treba , ke bide mnogu lesno za nagore ... najlesno e da go povrzes so igra seto ova...zasto ..zatoa sto ne si ti toj koj upravuva , tuku nesto ili nekoj te vodi , te upravuva tebe...ti pomaga...
poz! i sledi ponatamu...


Единствена врска која што ја гледам во сонов се боите и боите од првиот сон, значи првиот слој убаво ми текнува беше црвен, па потоа плав, па жолт, па пурпурен, па бел, па зелен и понатаму незнам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom