Сонови, толкување на сонови

С

сашенко

Гостин
Пошто гледам дека Филозофка е добро упатена во проблематикава имам прашање едно.
Јас можам да сонувам што сакам ,кога ке си легнам може да си направам филм у главата и така заспивам ама темата во сонот е таа што ке ја замислам.
Што со таквите соништа ,по некоја логика јас може да си ги контролирам случките кои ми следат????
И јас имам слушнато за тоа и сум пробал и никогаш не ми испаднало така.Не верувам дека може да сонуваш тоа што го мислиш пред да си легнеш мада многу луѓе тврдат дека е можно
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Gorazds и Сашенко, тоа се нарекуваат луцидни сонови :)

Gorazds... сакаш предизвик? Пробај да си го видиш одразот во огледало во еден таков сон :smir:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Пошто гледам дека Филозофка е добро упатена во проблематикава имам прашање едно.
Јас можам да сонувам што сакам ,кога ке си легнам може да си направам филм у главата и така заспивам ама темата во сонот е таа што ке ја замислам.
Што со таквите соништа ,по некоја логика јас може да си ги контролирам случките кои ми следат????
Е тоа е веќе луциден сон,. таму можеш да сонуваш и да си ги контролираш постапките сопствени во самиот сон исто како да играш игра на компјутер.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
И јас имам слушнато за тоа и сум пробал и никогаш не ми испаднало така.Не верувам дека може да сонуваш тоа што го мислиш пред да си легнеш мада многу луѓе тврдат дека е можно
Јас за себе ти гарантирам дека можам ,работата е што не го правам тоа смислено за да ми се случи ова или она никогаш не сум ни помислил... ,просто ми доаѓа така....:toe:

--- надополнето ---

Е тоа е веќе луциден сон,. таму можеш да сонуваш и да си ги контролираш постапките сопствени во самиот сон исто како да играш игра на компјутер.
А за тие луцидни сонови пу-пу не важи толкување ????
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Јас за себе ти гарантирам дека можам ,работата е што не го правам тоа смислено за да ми се случи ова или она никогаш не сум ни помислил... ,просто ми доаѓа така....:toe:

--- надополнето ---


А за тие луцидни сонови пу-пу не важи толкување ????
Е видиш тоа не знам, некој постручен од мене нека каже, јас често сонувам како летам и можам да го контролирам тоа ептен е реално значи, јас мислам дека важи толкувањето и за овие сонови но нигде немам прочитано поинаку.,..
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Јас за себе ти гарантирам дека можам ,работата е што не го правам тоа смислено за да ми се случи ова или она никогаш не сум ни помислил... ,просто ми доаѓа така....:toe:

--- надополнето ---


А за тие луцидни сонови пу-пу не важи толкување ????
Нема што да се толкува таму, освем некаква симболика на предметите и околината :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас за себе ти гарантирам дека можам ,работата е што не го правам тоа смислено за да ми се случи ова или она никогаш не сум ни помислил... ,просто ми доаѓа така....:toe:

--- надополнето ---


А за тие луцидни сонови пу-пу не важи толкување ????
Како ќе толкуваш нешто што свесно си го создал?
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Како ќе толкуваш нешто што свесно си го создал?
Изгледа не се разбираме ,јас кажав точно дека може да ја одберам темата во која насока ке сонувам ...ако е свесно во цело дејствие тогаш и не е сон.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Изгледа не се разбираме ,јас кажав точно дека може да ја одберам темата во која насока ке сонувам ...ако е свесно во цело дејствие тогаш и не е сон.
Мислам дека добро те сфатив..:)
Да се дообјаснам, мене процесов ми е непознат, зашто не можам да влијаам на сонувањето како ти што викаш, но како може да се толкува нешто кое сам го создаваш. Во случајов ти велиш ја одбираш темата. Ако можеш сам да ја одбереш темтата, после тоа без разлика како се развива сонот не е возможно да му се даде значење освен твоето. На пример, размислуваш за возење и автомобили и тоа и го сонуваш. Како да се даде толкување на тоа, кога сите контури на сонот сам си ги создал?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Е тоа е веќе луциден сон,. таму можеш да сонуваш и да си ги контролираш постапките сопствени во самиот сон исто како да играш игра на компјутер.
Баш ме интересира што значење би можеле да имаат ваквиот вид на сонови, ама сепак мислам дека тие се директна последица на одредени животни желби, очекувања, стравувања.. На пример сум имал одредени периоди (некогаш траело повеќе години) кога редовно (речиси секој месец) сум сонувал ист сон, односно сум се наоѓал во чудна состојба: гледам само бело пред мене и не можам никако да го кренам погледот, како ми испопаѓале заби или коса, или пак летам во билокој правец или колку сакам кога сакам да побегнам или да демонстрирам моќ во некој сон (ова е јако чувство бидејќи иако е сон се осеќаш како адреналинот да те носи).
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
И мене истото ми се случува, сонувам ист сон во текот на подолг временски период, месеци, година, а што се однесува до луцидниот сон, не можам да ја одберам темата на која што ќе сонувам, но можам да влијаам на настаните во сонот свесно, понекогаш се мачам да влијаам понекогаш полесно ми оди...
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Еве еден сон од сестра ми...(ке пишувам во прво лице)

Си одам по улица јас, и стигам дома.Куќата не е таа во која живеам но позната ми е и во сонот е мојот дом.Има голема црна капија.Застанувам се вртам и гледам како ми се приближува вампир.Тоа дека е вампир ми е потсвесно, зашто во сонот ми изгледаше премногу познато како да го имам сонувано тој лик некогаш како вампир но имаше нормално човечко лице тука како да не е вампир.Тој ми се приближи и тогаш помина змија една покрај нас, малечка едно змијулче...Јас мислев дека тој ке се исплаши од змијата и ке си отиде зашто ми дојде како и претходно тој дел со змијата и вампирот да сум го сонувала и да го знам сценариото, ама не се случи така и он не се исплаши, како да беше спремен овој пат.Потоа стоиме јас и вампирот во дворот пред влезната врата и тој како да сака да комуницира со мене, ама јас го туркам назад.Од страна од нас имаше некоја маса со шишенца и фората беше изгледа дека тој дошол по нив, да ги земе.После му нудам да седне на стол надвор зашто морам да одам внатре да си го видам бебето (иначе нема бебе сестра ми, има 15 год.).Влегувам внатре во собата кај бебето а тоа спиеше.Го земав во раце се разбуди и се израдува кога ме виде.Во тој момент дојде уште некоја жена надвор, демек како вештерка нешто ама не ми личеше на вештерка ама мислам дека сепак е вештерка типката... јас го земав бебето да го изнесам надвор и бебето цело време се смееше и бебе како бебе почна да се лигави и да му искачаат меурчиња некои од уста...Кога отидов надвор вампирот ги земал шишенцата и само ме гледаше мирно како да сме пријатели веќе и не ми беше страв повеќе од него, како да ја снема целата непријателска атмосфера...тука завршува сонот бато ме буди да му направам јадење...
Премногу елементи, значи прво куќа што не е твојата може да означува дека ќе го напуштиш домот за подобро:) вампир означува сензуалност и страв, треба да внимаваш да не бидеш очаран од несоодветна личност, и да подразмислиш убаво пред да влезеш во некоја врска со девојка, змијата означува некоја преродба, реформација, промена, соодветно за сонов змијата значи дека девојкава нема да се уплаши од неа и ќе примени соодветна стратегија, да ја надмудри, убаво средено бебе како што си сонувал во случајов означува многу добри пријатели, значи во случајов ти си заминал кај пријателите да си ги видиш, како да се оттргнуваш од девојкава, тоа со жената означува некоја интрига, а доколку е вештерка означува дека ти заедно со другите си во потрага по некоја авантура што ти нуди некое уживање, но е премногу негативно за тебе, во негативна смисла и толку за тоа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom