Што значи повеќе пати да сонуваш авиони хеликомптери и тн како летаат или паѓаат но не сум во нив во никој случај?
убаво е авиони да сонуваш ако летаат или ако ти се возиш во нив се толкува како исполнување на некоја желба но ако паѓаат тогаш некоја работа или потфат ќе ти пропадне.
--- надополнето ---
Баш сега за празникот Св. Недела, Петок према Сабота сонував како во мојот двор се гради голема црква со високи ѕидови, и така беше како до пола изградена.
Што може ова да значи?
то
мислам сонот е заради празникот обично на такви празници се сонуваат свети работи инаку црква да сонуваш е убаво тоа е некој успех и среќа но ако се руши тогаш нешто не оди како што треба, односно ти пропаѓа.
--- надополнето ---
Па да прашам јас,пред 3 недели ако не и појке сонав сон.Се најдов во малата кај мојата покојна баба како играм со другарите и сум истrчал кај бабами во кујката а бабами умрена,но била тука,и сум се испашил ,a та ми рече не се плаши ела,јас сум ошол а та ми рекла пак не се плаши ве чувам(ве чувам ако мислеше на цела фамилија,нз то),и беше облечена колку што памтам во црно како и дур беше жива носеше црно дека дедо ми умрел,и правеше јадење,и ја прашвам зш се врате а таа ми викат,имам некоја работа да завршам.ПА по ден два дедо ми од австралија(нејзинот помал брат бидејчи беше во дојден),ни се јавуват и ни рече дека сакал да не соберит сите на ручек,од кај неговата страна и од кај странта на женаму.Се исплашив кога станав и на никој не кажав,нејкев ни да помислам на сонот од страв,но по некое време се обидов да го протолкувам и за ова со јадењето што го правеше мислам дека е тоа со вечерата а тоа,за враќањето дека требела да завршит работа нз.Го прашав вујко ми кој е така како да кажам побожен чоек(му се сона насон дека на неговото место ке најт вода од богоројца и најде) си реков дека ке знет нешто и ми рече можит е света богородица или света петка и дека требит да запалам свејќа,ми рече да сум одел на неговото место,ама не обеќав дека не чинит да обеќаш а да не го остариш тоа.Па да прашам какво толкување имате за сонов,иначе страв ме фаштат дека баба ми беше умрена а ми зборвеше,а ево три недели ако не и појќе ке што имат ништо лошо не ми се имат десено барем за сега.
Народните толкувања умрениот човек на сон го толкуваат како караница ако е така тогаш може да стапите во некој конфликт со вујко ти. А што се однесува до св. Петка за секој случај кога ќе можеш убаво би било да одиш и да запалиш свеќа, инаку таа светица на сон се толкува како некоја веселба во скоро време.
Според некоја моја логика можно е баба ти да има некоја незавршена работа, ми звучи како таа нагло да заминала и немала време со вас да се поздрави или за време на нејзиниот живот доволно ви нема посветено внимание.
--- надополнето ---
На некоја ледина имало бунар и многу луѓе сме биле собрани околу бунарот и сме гледале во него, бил многу длабок ама немало вода воопшто. Сме решиле јас да се симнам до доле за да видам како е, ама додека сум се спремала баба ми паднала во него. И знам дека погледнав во бунарот и ја видов неа доле цела искршена. Чудно, ми било многу жал, а не плачев. Someone? :smir:
бунар без вода е некоја загуба сега немора да значи смрт, бунар без вода мене ме асоцира на материјална загуба, а баба ти ако е жива а на сонот мртва знаеш дека е обратно на јаве, ако на сонот е жива а испокршена тогаш е некоја повреда на јаве, нешто проблеми со здравје.
--- надополнето ---
Доста интересен сон, ај јас да пробам да ти дадам едно толкување (присобрано од толкување на слични сонови) ограбувањето т.е губитокот на нешто не така важно може да биде спас од некоја опасна ситуација за тебе и твоите бидејќи си ги спомнал. Кременадлите т.е месото има доста гадно толкување ...нешто лошо и грдо но и тука коментарот т.е она кое чичкото ти го кажал може многу да те радува, бидејќи за што и да се работело истото поминало во најдобар ред. Кафето, за тоа едноставно, кажи им на твоите и напијте се или дајте кафе за негова душа - тоа е барем лесно, и онака празници се :smir:
За што и да се работи... се надевам дека нема да имаш проблеми.
да горе доле е коректно протолкуван.
--- надополнето ---
Вака..во повеќе наврати сонувам девојче со изразено многу виткана коса,нешто како да сака да ми каже,шепоти и после наеднаш ја снемува. Ми подава рака и од тој момент повеќе не ја гледам. Во позадина има куче,ме потсеќа на едно што го чував претходно,седи мирно,мило гледа.
Знам дека звучи како сцена од некој филм,но мене језа ми е да си легнам,со сила дремам на компјутеров.
Некој да протолкува?
хммм шепот ме асоцира на некоја тајна која некој ќе ти ја довери, подавање рака пак на некоја помош.
--- надополнето ---
Ова моево не е ист сон туку нешто како секвенца од сонови кои се случуваат подолг период. Така во еден сон се наоѓам во град со зомби и некои такви работи но нив не ги гледам а свесен сум дека се таму и бегам од нив (се случуваат многу работи во сонот), и потоа да речеме по 1 месец или повеќе ќе сонувам многу сличен сон т.е приказната е иста..зомби има во градот ама се наоѓам на друга локациjа и притоа има и други личности. Вака се на се имам сонувано 6 пати и секоj сон беше различен од претходниот (нешто како сериски филм). Знае ли некоj што е финтава и дали има некое посебно значење ова што го сонувам со месеци?
Иначе инспириран од соновиве почнав книга да пишувам само уште насловот го мислам
хмм темпирана бомба е некоја тешка ситуација од која во секој момент може да произлезе караница, конфликт со некој. Евентуално како што кажа еден погоре може е нешто од претходниот живот.
--- надополнето ---
Сум сонувал како сум го повредил коленото, потоа ногата неможев да ја мрдам и чуствував многу страшни болки...Има ли сонот некое толкување?
викаат болка е исполнување на желби а некаде пак физичката болка ја толкуваат како разочаурвање. Според мене тоа е некоја непирјатна ситуација а и добор би било на јаве да се чуваш од повреди.
--- надополнето ---
Ја сонував сестра ми како ги загубила двете раце на одмор во Бугарија.
Што може да значи тоа?
(п.с. пред да легнав читав за тоа кучето инвалид со две нозе)
ете ти го одговорот се случува нешто што сме видиле или слушнале на јаве да се манифестира на сон бидејќи истото ни оставило јака импресија.
но еве и да го протолкувам сонот, сестрати може се вратила од одмор исцрпена или во иднина може да се најде во некоја ситуација во која таа ќе се чувствува беспомошно или без енергија да делува.
--- надополнето ---
Гулаби, да да, и то два.
Ми дојдоја всоба кај мене кај што спијам. Првин само едниот го видов и пуштив рака за да ми застане на прст, тој се доближи ама избега зад еден стол, и ојдов јас по него и го видов и другиот седеа еден до друг. Ама не беа големи, помали од вообичаено и пердувите им беа изгужвани.
ако се бели гулаби е среќа некоја успех радост, ако се обични гулаби тогаш се некои новости.