а колку си ти копетентен и стручен ова да го тврдиш?
ова е форум има право кој сака да даде све толкување и мислење за се што го интересира! ако тебе нешто ти смета не мораш да гледаш и читаш!
првата разлика помеѓу мене и тебе е тоа што ја се заосновам на факти и РЕАЛНОСТ, а не на измислици. Не реков дека сум многу компетентен , ама тоа што до сега го имам читано (како на пр. Фројд) ме навело да размислувам по конструктивно за разлика од тебе. Второ , баш ради тоа што секој си има право на мислење јас си го произјаснувам моето. Трета работа кога сме веќе кај соновите, накратко ќе ти раскажам за еден мој сон за кој сум 100 посто сигурен дека ја и ти ќе имаме различно '' толкување'' (односно тоа што ти се обидуваш да правиш се нарекува ''ониромантија'' )... Сонував дека сум дома. Во едната соба лежеше татко ми на смртна постела и го оплакуваа нашите роднини и пријатели, додека во дневната просторија се случуваше веселба за раѓање на ново дете. Подоцна некој заѕвони на вратата, кога отворив ја видов мајка ми со бебе во рацете. Ми го подаде бебето и ми рече дека тоа сум јас кога сум бил бебе.. и практично се ''држев'' самиот во раце .. бебето ми се смееше, а во исто време влезе поп и ме праша кај е покојниот...
E cea wild dolphin јас си имам свое толкување на овој сон заосновано на психолошка база, единственото толкување е тоа дека како и секој друг човек се плашам од сопствената смрт и смртта на моите најблиски а другиот дел од сонот го толкувам како желба и потреба за некои времиња , места и луѓе од минатото. Се е просто и јасно. Ме интересира твое мислење!