Сонови, толкување на сонови

Член од
24 август 2010
Мислења
15
Поени од реакции
1
сонував како соседката,која впрочем има надприродни моќи (во сонот, се претвора во чудовиште), сака да ме убие!
повеќе пати имам сонувано како се некој сака да ме убие, јас се борам против убиството иако верувам дека е на крајот ке бидам победена..
ШТО БИ ЗНАЧЕЛО ТОА? :toe:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Јас пред неколку дена сонував како сум во мојата куќа и како барам некој во собите. После некое време кога влегов во спалната како темно да беше ама имаше малку светлина, и некој човек кој беше цел како во сенка, црн, го фатив за врат и му се развикав, кој си ти?? И толку.
Што може тоа да значи.
 
Член од
17 март 2010
Мислења
5
Поени од реакции
1
znaci vaka......sonuvav kako sum vo nekoja soba so bracen krevet, vo sobata osven jas bese i moeto segasno momce i bivsata neostvarena ljubov....sledno na sto se sekjavam e deka bivsata ljubov bese blisku do mene me gledase i so negovata dlanka ja dopirase mojata i pocusvuvav toplina.........pred nekoj den povtorno go imav sonuvano bivsiot no ne se sekjavam potocn sto bese sonot.....cudno mi e bidejki nemam odeno so bivsata ljubov, ostanata mi e kako detcka ljubov iako go sakav premnogu i dolgo....


ke mozete li da mi kazete sto znaci sonot mnogu mi e vazno!!!!! :( :S
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
402
Поени од реакции
51
Другарче ( ако може така да го наречам :) ) сонувало како му давам 4 прстени..
Има некој идеја што би можело да значи ? :toe:
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Другарче ( ако може така да го наречам :) ) сонувало како му давам 4 прстени..
Има некој идеја што би можело да значи ? :toe:
верност некоја од твоја страна, ќе се врзеш повеќе за другарот а во крајна линија можеби и нешто чувствуваш за него па конечно ќе излезе на површина.

--- надополнето ---

znaci vaka......sonuvav kako sum vo nekoja soba so bracen krevet, vo sobata osven jas bese i moeto segasno momce i bivsata neostvarena ljubov....sledno na sto se sekjavam e deka bivsata ljubov bese blisku do mene me gledase i so negovata dlanka ja dopirase mojata i pocusvuvav toplina.........pred nekoj den povtorno go imav sonuvano bivsiot no ne se sekjavam potocn sto bese sonot.....cudno mi e bidejki nemam odeno so bivsata ljubov, ostanata mi e kako detcka ljubov iako go sakav premnogu i dolgo....


ke mozete li da mi kazete sto znaci sonot mnogu mi e vazno!!!!! :( :S
сонот е резултат на некои сузбиени чувства и мечти, евентуално може бившата твоја љубов нешто чувствува кон тебе, исто така можно еи некакво повторно спојување меѓу вас, некој поблизок контакт од кој ти ќе се чувствуваш пријатно.



--- надополнето ---

Јас пред неколку дена сонував како сум во мојата куќа и како барам некој во собите. После некое време кога влегов во спалната како темно да беше ама имаше малку светлина, и некој човек кој беше цел како во сенка, црн, го фатив за врат и му се развикав, кој си ти?? И толку.
Што може тоа да значи.
како да бараш некој виновник за некоја твоја тага и очај така ми делува твојот сон бидејќи викаш дека во собите било темно што е знак на тага и разочарување некое. Светлината во сонот е добар знак наскоро некоја радост, може ќе се ослободиш од проблемите кои ти создаваат тага.

--- надополнето ---

Јас пред неколку дена сонував како сум во мојата куќа и како барам некој во собите. После некое време кога влегов во спалната како темно да беше ама имаше малку светлина, и некој човек кој беше цел како во сенка, црн, го фатив за врат и му се развикав, кој си ти?? И толку.
Што може тоа да значи.
како да бараш некој виновник за некоја твоја тага и очај така ми делува твојот сон бидејќи викаш дека во собите било темно што е знак на тага и разочарување некое. Светлината во сонот е добар знак наскоро некоја радост, може ќе се ослободиш од проблемите кои ти создаваат тага.

--- надополнето ---

сонував како соседката,која впрочем има надприродни моќи (во сонот, се претвора во чудовиште), сака да ме убие!
повеќе пати имам сонувано како се некој сака да ме убие, јас се борам против убиството иако верувам дека е на крајот ке бидам победена..
ШТО БИ ЗНАЧЕЛО ТОА? :toe:
хмм ми звучи како да твојата моќна сосетка има некоја завист кон тебе но може и ти самата чувствуваш некој страв од неа, тоа што сонуваш дека се некој сака да те убие е знак дека имаш доста завидници во живото барем ти така чувствуваш дека сака некој да те уништи, но според мене нема бидејќи и самиот сон ти кажува дека си здрав оптимиста и силен човек.

--- надополнето ---

Е вака,сум нашла некоја небесно сина маичка,ми се допаднала и ај велам ќе ја исперам и ќе ја спружам надвор. Додека ја спружив се појави една девојка,штознам дали беше девојка или некоја жена во 30тите,со сива коса,јас на тераса таа на уличката,ме виде дека ја спружив,и ги рашири рацете и како да слета на балконов мој ја облече маичката и се претвори во гугутка,оние сивине стоеше така на оградата,јас исплашена сум влегла дома и после одлета.
Којзнае што ќе беше,па и сабајле ме испотресоа гугуткиве во маало кога се развикаа:pos2:
мачка е лицемерие од некоја пријателка која очигледно ти ќе ја надмудриш и отстраниш од својот живот, гугутката е некој глас, нешто же слушнеш од некого или некојсо мудар совет ќе ти помогне.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Баш сега за празникот Св. Недела, Петок према Сабота сонував како во мојот двор се гради голема црква со високи ѕидови, и така беше како до пола изградена.
Што може ова да значи?
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Што значи повеќе пати да сонуваш авиони хеликомптери и тн како летаат или паѓаат но не сум во нив во никој случај?
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Што значи повеќе пати да сонуваш авиони хеликомптери и тн како летаат или паѓаат но не сум во нив во никој случај?

убаво е авиони да сонуваш ако летаат или ако ти се возиш во нив се толкува како исполнување на некоја желба но ако паѓаат тогаш некоја работа или потфат ќе ти пропадне.

--- надополнето ---

Баш сега за празникот Св. Недела, Петок према Сабота сонував како во мојот двор се гради голема црква со високи ѕидови, и така беше како до пола изградена.
Што може ова да значи?
то
мислам сонот е заради празникот обично на такви празници се сонуваат свети работи инаку црква да сонуваш е убаво тоа е некој успех и среќа но ако се руши тогаш нешто не оди како што треба, односно ти пропаѓа.

--- надополнето ---

Па да прашам јас,пред 3 недели ако не и појке сонав сон.Се најдов во малата кај мојата покојна баба како играм со другарите и сум истrчал кај бабами во кујката а бабами умрена,но била тука,и сум се испашил ,a та ми рече не се плаши ела,јас сум ошол а та ми рекла пак не се плаши ве чувам(ве чувам ако мислеше на цела фамилија,нз то),и беше облечена колку што памтам во црно како и дур беше жива носеше црно дека дедо ми умрел,и правеше јадење,и ја прашвам зш се врате а таа ми викат,имам некоја работа да завршам.ПА по ден два дедо ми од австралија(нејзинот помал брат бидејчи беше во дојден),ни се јавуват и ни рече дека сакал да не соберит сите на ручек,од кај неговата страна и од кај странта на женаму.Се исплашив кога станав и на никој не кажав,нејкев ни да помислам на сонот од страв,но по некое време се обидов да го протолкувам и за ова со јадењето што го правеше мислам дека е тоа со вечерата а тоа,за враќањето дека требела да завршит работа нз.Го прашав вујко ми кој е така како да кажам побожен чоек(му се сона насон дека на неговото место ке најт вода од богоројца и најде) си реков дека ке знет нешто и ми рече можит е света богородица или света петка и дека требит да запалам свејќа,ми рече да сум одел на неговото место,ама не обеќав дека не чинит да обеќаш а да не го остариш тоа.Па да прашам какво толкување имате за сонов,иначе страв ме фаштат дека баба ми беше умрена а ми зборвеше,а ево три недели ако не и појќе ке што имат ништо лошо не ми се имат десено барем за сега.

Народните толкувања умрениот човек на сон го толкуваат како караница ако е така тогаш може да стапите во некој конфликт со вујко ти. А што се однесува до св. Петка за секој случај кога ќе можеш убаво би било да одиш и да запалиш свеќа, инаку таа светица на сон се толкува како некоја веселба во скоро време.

Според некоја моја логика можно е баба ти да има некоја незавршена работа, ми звучи како таа нагло да заминала и немала време со вас да се поздрави или за време на нејзиниот живот доволно ви нема посветено внимание.

--- надополнето ---

На некоја ледина имало бунар и многу луѓе сме биле собрани околу бунарот и сме гледале во него, бил многу длабок ама немало вода воопшто. Сме решиле јас да се симнам до доле за да видам како е, ама додека сум се спремала баба ми паднала во него. И знам дека погледнав во бунарот и ја видов неа доле цела искршена. Чудно, ми било многу жал, а не плачев. Someone? :smir:

бунар без вода е некоја загуба сега немора да значи смрт, бунар без вода мене ме асоцира на материјална загуба, а баба ти ако е жива а на сонот мртва знаеш дека е обратно на јаве, ако на сонот е жива а испокршена тогаш е некоја повреда на јаве, нешто проблеми со здравје.




--- надополнето ---

Доста интересен сон, ај јас да пробам да ти дадам едно толкување (присобрано од толкување на слични сонови) ограбувањето т.е губитокот на нешто не така важно може да биде спас од некоја опасна ситуација за тебе и твоите бидејќи си ги спомнал. Кременадлите т.е месото има доста гадно толкување ...нешто лошо и грдо но и тука коментарот т.е она кое чичкото ти го кажал може многу да те радува, бидејќи за што и да се работело истото поминало во најдобар ред. Кафето, за тоа едноставно, кажи им на твоите и напијте се или дајте кафе за негова душа - тоа е барем лесно, и онака празници се :smir:

За што и да се работи... се надевам дека нема да имаш проблеми.
да горе доле е коректно протолкуван.

--- надополнето ---

Вака..во повеќе наврати сонувам девојче со изразено многу виткана коса,нешто како да сака да ми каже,шепоти и после наеднаш ја снемува. Ми подава рака и од тој момент повеќе не ја гледам. Во позадина има куче,ме потсеќа на едно што го чував претходно,седи мирно,мило гледа.
Знам дека звучи како сцена од некој филм,но мене језа ми е да си легнам,со сила дремам на компјутеров.
Некој да протолкува?
хммм шепот ме асоцира на некоја тајна која некој ќе ти ја довери, подавање рака пак на некоја помош.

--- надополнето ---

Ова моево не е ист сон туку нешто како секвенца од сонови кои се случуваат подолг период. Така во еден сон се наоѓам во град со зомби и некои такви работи но нив не ги гледам а свесен сум дека се таму и бегам од нив (се случуваат многу работи во сонот), и потоа да речеме по 1 месец или повеќе ќе сонувам многу сличен сон т.е приказната е иста..зомби има во градот ама се наоѓам на друга локациjа и притоа има и други личности. Вака се на се имам сонувано 6 пати и секоj сон беше различен од претходниот (нешто како сериски филм). Знае ли некоj што е финтава и дали има некое посебно значење ова што го сонувам со месеци?

Иначе инспириран од соновиве почнав книга да пишувам само уште насловот го мислам :)
хмм темпирана бомба е некоја тешка ситуација од која во секој момент може да произлезе караница, конфликт со некој. Евентуално како што кажа еден погоре може е нешто од претходниот живот.

--- надополнето ---

Сум сонувал како сум го повредил коленото, потоа ногата неможев да ја мрдам и чуствував многу страшни болки...Има ли сонот некое толкување?
викаат болка е исполнување на желби а некаде пак физичката болка ја толкуваат како разочаурвање. Според мене тоа е некоја непирјатна ситуација а и добор би било на јаве да се чуваш од повреди.

--- надополнето ---

Ја сонував сестра ми како ги загубила двете раце на одмор во Бугарија.
Што може да значи тоа?

(п.с. пред да легнав читав за тоа кучето инвалид со две нозе)


ете ти го одговорот се случува нешто што сме видиле или слушнале на јаве да се манифестира на сон бидејќи истото ни оставило јака импресија.

но еве и да го протолкувам сонот, сестрати може се вратила од одмор исцрпена или во иднина може да се најде во некоја ситуација во која таа ќе се чувствува беспомошно или без енергија да делува.

--- надополнето ---

Гулаби, да да, и то два.
Ми дојдоја всоба кај мене кај што спијам. Првин само едниот го видов и пуштив рака за да ми застане на прст, тој се доближи ама избега зад еден стол, и ојдов јас по него и го видов и другиот седеа еден до друг. Ама не беа големи, помали од вообичаено и пердувите им беа изгужвани. :toe:
ако се бели гулаби е среќа некоја успех радост, ако се обични гулаби тогаш се некои новости.
 
Член од
27 август 2010
Мислења
4
Поени од реакции
1
jas mislam deka sekogas nesto sonuvame, a koga velime deka ne sme nisto sonuvale toa ne e deka ne sme tuke deka ne se sekavame na samiot son
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Е вака,сум нашла некоја небесно сина маичка,ми се допаднала и ај велам ќе ја исперам и ќе ја спружам надвор. Додека ја спружив се појави една девојка,штознам дали беше девојка или некоја жена во 30тите,со сива коса,јас на тераса таа на уличката,ме виде дека ја спружив,и ги рашири рацете и како да слета на балконов мој ја облече маичката и се претвори во гугутка,оние сивине стоеше така на оградата,јас исплашена сум влегла дома и после одлета.
Којзнае што ќе беше,па и сабајле ме испотресоа гугуткиве во маало кога се развикаа:pos2:
епа извини за грешката перење алишта е ослободување од некои проблеми а гугутката е како што кажав некој глас новина во твојот живот.

--- надополнето ---

jas mislam deka sekogas nesto sonuvame, a koga velime deka ne sme nisto sonuvale toa ne e deka ne sme tuke deka ne se sekavame na samiot son
да точно истото и некои истражувања го докажале а инаку кога не се сеќаваме на нешто што сме сонувале значи сме потонале во длабок сон и вистина секогаш кога не памтгам што сум сонувала кога ќе се разбудам се чувствувам одлично наспана и баш како да сум била во длабок сон.
 
Член од
29 август 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво. Минатата ноќ имав некој чуден сон, во кој се сомневам дека баш и не беше сон. :icon_neut
Вчера беше празник, можда потсвеста ми го регистрирала тоа односно можда е последица на мојата потсвест, но сонував дека некои светци ме носат некаде, се наоѓам одеднаш во куќата на баба ми стоејќи пред нивниот регал во дневната, гледам во регалот занемено и се чувствувам будно од тука натаму, како да гледам пред себе, и гогледам ликот на Богородица. Меѓутоа, исто така како во некоја неодредена просторија да имаше некој сексуален чин, како да присуствував на место каде што некој извршува сексуален чин, како да набљудував а од друга страна го гледав нејзиниот лик. Сосема извртен сон, во моментот кога и го гледав лицето на Богородица, почувствував дека сум будна, дека сум сонлива и дека тој дел всушност не е сон. Што треба да значи ова? :nesvest:
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.699
Поени од реакции
11.514
@wild dolphin што може да значи овој сон:
Значи дејството се случува на планина во вештачко езеро (ептен мало, како базент).
Јас сум во водата со другари и под водата има риби и стално ме чепкаат по нозете и по целото тело, и со еден другар фаќаме една риба и со потешкотии ја вадиме надвор од водата. Рибата наеднаш почнува да станува кафеава (почнува да се суши), јас и ја откинувам главата и ја фрлам во водата, а другите риби почнуваат да скокат од водата и да ме напаѓат, но неможат да ме дофатат. Меѓутоа кога сме ја вадиле рибата од водата, сум бил каснат од неа и (како во филмовите со вампирите) јас треба да станам риба. Меѓутоа рибата не беше обична, беше ептен creepy, нешто како ова:



Толкување?
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
@wild dolphin што може да значи овој сон:
езеро се толкува како љубовна врска а риби како грижи ако го земеме тоа во предвид најверојатно ќе стапиш во некоја емотивна врска од која ќе произлезат многу грижи од кои една најмногу ќе те јаде и мачи а која ќе се трудиш да ја решиш но многу тешко ќе ти оди.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
15
сонот неможе да се контролира, тоа што некој луѓе чувствуваат дека го контролираат е наречено луцидно сонување, тоа е кога сонот веќе ти завршил а ти си го продолжуваш со својата имагинација и бираш како сакаш тој да тече, а нормално и свесен си за нештата од вистинскиот свет кои се наоѓаат околу тебе. :)

--- надополнето ---

а има тука некој што знае да толкува сонови?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сонував многу пајажини и пајаци во мојот стан.Таман сакав да ги тргнам се разбудив.Што ќе е ова?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom