Сонови, толкување на сонови

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Сонував како одам на професорка една да и купам ѓеврек, пекарата (ако можам така да ја наречам и не личеше на пекара) се викала Нино. Самошто сум влегла тука до школото као што се гради нешо паднал воен авион, настанала експлозија, стариов продавач ја отклучил соседната соба и ја сум се скрила под шкаф, он незнам на тросед некој.
:kesa: Шо ми е?
ништо не ти е, се е во ред, само чуден и малку комичен сон, барем така го раскажа :), патем лебот во сон се толкува како среќа, благосостојба и добробит, а ѓеврекот е во вид на круг, значи некоја постојана благосостојба ви е на дофат, но срушениот авион, ти кажува дека нешто ќе пропадне или ќе се прекине, експлозија пак се толкува како добри вести, а некаде пак доколку ја слушнеш а не ја видиш како разочарување, ако ја видиш добри вести, мене ме асоцира на некое изненадување од кое нешто ќе се засрамиш или повлечеш на што укажува криењето во сонот, евентуално може да се чувствуваш за нешто виновна.

--- надополнето ---

Во последно време сонувам како ми пагаат забите ..
али буквално мислам .. си седам пред пц на пример и нареден момент почнуваат да ми пагаат еден по еден ..
одам да се мијам целиот крв и после се будам .. секојпат така .. и наутро кога ке станам устата ми е цела здрвена и трчам право во ВЦ да видам
кај ми се забите .. ахахаха..

шо значи ова ?
заби да паѓаат обично се толкува како смрт ако се предните заби и почувствуваш болка се најблиските, а ако се некои од задните односно катниците тогаш се работи за подалечни роднини или пријатели, ако го земеме предвид ова толкување тогаш според твојот сон ти ќе слушнеш за нечија смрт.

но исто така опаѓање на забите во сон може да значи недосататок на енергија, исцрпеност или некоја болест, настинка, што повеќе ми се поклопува со твојот сон. крв уште се толкува како глас а некаде пак се поврзува со материјална добивка.

--- надополнето ---

Сношти сонував кај што ловам риби од тазе цементирана улица. Не беше цела цементирана само мало делче. На едната страна имаше училиште и мала железна врата од каде што излегуваа деца, од другата ливада, а одма зад мене имаше рампа, и кога идеше некој ми свикуваше да ја кренам рампата, а кога ќе ја кренев и кога ќе поминеа, исчезнуваа. Времето беше облачно и пред тоа имаше врнато. А некој околу мене зборуваше за освојување територии. (најсериозно):):)
не ми е јасно до крај но ќе се обидам да ти го објаснам, значи риби се грижи, а некаде се толкува како настинка, мене ловење риба ме асоцира на некоја добивка, ливада пак ако е зелена е твојата светла иднина, нови успеси или нова љубов, децата во сонот се проблемите а ако доборо сватив дека со дигање на рампата исчезнувале децата најверојатно во иднина ќе исчезнуваат и твоите проблеми. Облачното време е некоја пролазна тага.

А после секое облачно време огрева сонце :).

--- надополнето ---

Сонував како со некоја женска особа се наоѓам во пустина, одам по некој пат, а од десната страна се наоѓа голема површина заградена со бодликава жица. Го минувам целиот пат со неа, одиме премногу време со надеж дека ќе можеме да влезиме во заграденото место, но се е залудно. Се враќаме по истиот пат, а на местото од кај што тргнавме наоѓаме паркирани автомобили,еден до друг залепени, има гужва, луѓе, се е одма поинаку. Влегуваме во еден од автомобилите, а аввтомобилот кој се наоѓа пред нас се враќа наназад и ни го уништува нашиот автомобил. Тука сонот завршува.
Никогаш немам сонувано толку безвезен сон, па би сакала да знам што значи.
Пустина ме асоцира на некоја досада, нешто неизвесно, осамнеост и сл. патот е твојата професија, кариера, целтта во твојот живот која ти очигледно успешно ја исполнуваш но за жал нешто ќе ја спречи а на тоа укажува бодликавата жица од десна страна која е некоја пречка, ограничување, а кое под секоја цена сакаш да го тргнеш од твојот живот,но според твојот сон таа пречка ќе ти го попречува патот уште некое време. Автомобили се кавги, гужва од луѓе е некој јавен настан, сударот со колите е некој конфликт помеѓу тебе и некој.

инаку народните толкувачи на соништа пустината ја поврзуваат со некакви грижи, а ако луташ по пустина пак се толкува како лошо друштво, рамен пат пак е некој успешен потфат, автомобили пак се гласови.

--- надополнето ---

Сонував како на кафе ми се паднале цефки(у сите бои) за сокче, ушалки и памук и сето тоа и најлонче во кафето... сонов ми е многу чуден и никако не ми излегува од глава, уствари можеби зошто ми е смешен.
и мене многу ми е чуден но нешто ќе извлечам од него, епа пиење кафе и цефките во боја ако се во светли бои ме асоцираат на пријатни мигови со пријателите, можеби ушалките и памукот ти кажуваат дека не треба на секакви муабети да обрнуваш внимание, а инаку кафето уште се толкува како лажни надежи а некаде пак како озборувања, памукот пак го поврзуваат со некаква неизвесност во иднина, сламките немаат значење.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Сонував како со некоја женска особа се наоѓам во пустина, одам по некој пат, а од десната страна се наоѓа голема површина заградена со бодликава жица. Го минувам целиот пат со неа, одиме премногу време со надеж дека ќе можеме да влезиме во заграденото место, но се е залудно. Се враќаме по истиот пат, а на местото од кај што тргнавме наоѓаме паркирани автомобили,еден до друг залепени, има гужва, луѓе, се е одма поинаку. Влегуваме во еден од автомобилите, а аввтомобилот кој се наоѓа пред нас се враќа наназад и ни го уништува нашиот автомобил. Тука сонот завршува.
Никогаш немам сонувано толку безвезен сон, па би сакала да знам што значи.
Фројд има напишано многу околу соновите-Толкување на соништата.
Според моја анализа имаш некоја блиска женска личност со која што не ти е најдраго пријателството или "ради реда" сте заедно...(пустина,отворен простор а сепак затворен)
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
На тесен планински пат (од едната страна ограничен со карпи а од другата провалија) се наоѓам и од негде се качува коза и ме мава со рогови во обид да ме избута од патеката. Глуп сон знам ама од некоја причина ми остана многу живописно во сеќавање.
Ајде толкувачи да ве видам, што значи ова? :)
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
На тесен планински пат (од едната страна ограничен со карпи а од другата провалија) се наоѓам и од негде се качува коза и ме мава со рогови во обид да ме избута од патеката. Глуп сон знам ама од некоја причина ми остана многу живописно во сеќавање.
Ајде толкувачи да ве видам, што значи ова? :)

епа патот ја претставува твојата кариера, професијата со која се занимаваш и сл, ако врвиш по патот успешно значи успешно ја тераш кариерата, ако нешто ти го попречува патот тогаш е некоја пречка или обврска која мораш да ја отстраниш за да продложиш понатаму, но ако пречиките ти се од страна како што кажа а не ти пречат тогаш мора да се некои пропратни проблеми или некои твои стравови, козата на патото со рогови е некоја особа која ќе те испровоцира, исмее, ќе ти го сврти грбот....

инаку коза уште се толкува како озборувања кои мнгоу ќе те погодат, карпи уште се толкуваат како добивка или добро работно место во иднина.
 
Член од
18 јуни 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво =) јас сум нова на форумов и искрено се зачленив најмногу ради темава ... имам сонувано многу чудни сонови,не обични кошмари со бркање и паѓање од зграда туку баш со некакво значење. Пред некое време сонував една куќа, бела.. ко нова или ко моето семејство и јас да сме се вселиле таму само што ги сонував само мајка ми и татко ми без сестра ми. После некое време поточно пред недела две ја сонував истата куќа ( инаку инкогаш ја немам видено ) но сега ко реновирана, почнавме да живееме во неа .. се сеќавам на секој мал детал од кујната, бојата шарите, и имаше еден ко регал дрвен со слика црно бела жена беше не се сеќавам која, се беше во стил на 19/20 век да речеме имаше и мал телевизор со црно бел екран се сеќавам на скалите што носеа нагоре накај мојата соба и после бев во дворот на таа куќа и се дружев со луѓе кои не ги познавам во реалниот живот.. и се сеќавам на една девојка со црвена виткана коса и зелен шал... ја иам сонувавно и порано, истото друштво као одиме по улици и јас несакам да се вратам дома, као бегам или незнам. Сеедно .. ова беше да речам најкратко шо можев да пишам .. дека бев нагло разбудена коа ги затворив пак очите почуствував како нешто ме стега и неможам да дишам и после станав плачев и осеќав некоја носталгија .. :/ ..
 
вистина чудно од се ова само едно ме асоцира на промени во животот за тебе и твоето семејство, може нешто сакате во иднина да проментие што не сте можеле во минатото или да поправите некои грешки кои сте ги направиле, ти си одела кон својата соба нагоре тоа е некој личен успех, сликата со жената може да е некој ваш предок инаку слика на сон се толкува како венчавка. девојката со црвена коса ако е непозната тогаш би требало на јаве да сретнеш некоја нова личност ново познанство, ако ја познаваш од реалноста тогаш истата може ќе ја сретнеш и чуеш нешто за неа. Вселување во нова куќа уште може да значат некои трошоци.

сонот твој ми звучи како некој претходен живот. Како и да е позитивен сон е, не е нешто страшно но факт е дека е чуден.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
474
Поени од реакции
152
Епа вака, имам два сона што ги сонував пред некој ден, а и двата ми се многу чудни...

No.1:
Сум сонувал како мајка ми чисти риби, ама рибите беа големи, и кога ги исчистила некоја мачка и ги земала од раце и почнала да ги јаде, ама онака алчно...Потоа откога ги изела ги исповратила....(грозно :salut:)

No.2:
Сонував како се возам во авион, а авионот бил полн со вода, и јас сум се давел....:ija:

Вториов ми е многу спуки...
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Епа вака, имам два сона што ги сонував пред некој ден, а и двата ми се многу чудни...

No.1:
Сум сонувал како мајка ми чисти риби, ама рибите беа големи, и кога ги исчистила некоја мачка и ги земала од раце и почнала да ги јаде, ама онака алчно...Потоа откога ги изела ги исповратила....(грозно :salut:)

No.2:
Сонував како се возам во авион, а авионот бил полн со вода, и јас сум се давел....:ija:

Вториов ми е многу спуки...
риби се грижи и проблеми според твојот сон мајка ти нешто мнгоу се сeкира заради некакви проблеми во житвотот, исто така треба да внимавате некоја лицемрна пријателка да не ве излаже на што укажува мачката во сонот, мачка е лицемрие најчесто од женска личност, или таа женска личност се обидува да ви ги дознае маките и да ги злоупотреби.

некаде рибарник и многу риби се толкува како изобилие а мачка секаде се толкува како лицемрна личност, лага, што значи како свртиш свртиш и пари нека значат рибите пак имате некоја лицемерна личност кој сака да ве излаже и повреди.

вториот сон авион е исполнување на желба или успех во некаков потфат, но очигледно според сонот се работи за некаква љубовна желба која откако ќе ти се оствари може да ти создава и проблеми кои ќе те потиснуваат или растажуваат, бидејќи гушењето е некоја тешка ситуација која те измачува а водата е емотивната состојба на човекот што може да значи и солзи, јас твјот сон го поврзав со љубов бидејќи така мене ме асоцираше, ти најдобро си ги знаеш своите желби и цели, но факт е дека со секое исполнување на желбата настануваат и проблеми бидејќи ништо не е идеално.
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Баба ми почина пред месец и пол и од тогаш ја имам сонувано два пати. Еднаш сонував и се глеам себеси како спијам во креветот и баба ми дојде и ми го тргна ќебето за да ми ги открие нозете. Толку беше реално што од памет се извадив и почнав да се молам во сон. Другпат, сонував како седам во веце и погледнувам налево на ѕидот слика од баба ми одеднаш оживува и ми се смее. Незнам што значи, ама се будев целиот облеан во пот.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Баба ми почина пред месец и пол и од тогаш ја имам сонувано два пати. Еднаш сонував и се глеам себеси како спијам во креветот и баба ми дојде и ми го тргна ќебето за да ми ги открие нозете. Толку беше реално што од памет се извадив и почнав да се молам во сон. Другпат, сонував како седам во веце и погледнувам налево на ѕидот слика од баба ми одеднаш оживува и ми се смее. Незнам што значи, ама се будев целиот облеан во пот.
епа да се сонува своја баба посебно како се смее се толкува како среќа јас лично сметам дека таа тебе те чува, јас така верувам дека сите наши починати роднини на сон е знак дека тие се покрај нас и не чуваат.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Сношти сонував како јас и мој другар сме во ковчези и скокаме од Канео:raz:, кога ќе падневме во вода ковчегот се кршеше и ние пливавме десетина метри за да се качиме и пак да скокниме,но влегувавме низ болница која повеќе личеше на мртовечница, така со бели плочки по ѕидот, затемната. Така скокнавме два пати и се разбудив.

Во последно време многу чуди сонови сонувам. :(
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Си ја сонував зеницата на окото крвава...What mean?:raz:
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Си ја сонував зеницата на окото крвава...What mean?:raz:
епа вака во соновниците конкретно за зеница нема ништо туку за очите кога окото крвари тогаш е нешто болно, а болни очи се толкуваат као разочарувања а некаде како непријатели, крв некаде се толкува како глас а некаде како материјална добивка.

не се секирај не е ништо лошо по твоето здравје туку очигледно имаш работа со љубоморни луѓе и озборувања, со кои очигледно ти ќе се соочиш а кои многу ќе те погодат.

--- надополнето ---

Сношти сонував како јас и мој другар сме во ковчези и скокаме од Канео:raz:, кога ќе падневме во вода ковчегот се кршеше и ние пливавме десетина метри за да се качиме и пак да скокниме,но влегувавме низ болница која повеќе личеше на мртовечница, така со бели плочки по ѕидот, затемната. Така скокнавме два пати и се разбудив.

Во последно време многу чуди сонови сонувам. :(
да чуден сон но според твојот ти очигледно нешто си ограничен и под притисок или некоја тага те измачува и влече надоле а од која ќе се ослободиш и ќе нижиш успеси на што укажува качувањето во сонот, болницата е некоја непријаност на јаве а можно е и повторно некое разочарување и тага бидејќи викаш во сонот болницата била затемнета, а темница е тага и разочарување.
 
Misha

шмизлеТО
Член од
28 март 2010
Мислења
44
Поени од реакции
1
Сонував како татко ми оживеал. Поминавме многу малку време заедно, потоа се разбудив :( :'( што би значело ова?
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Сонував како татко ми оживеал. Поминавме многу малку време заедно, потоа се разбудив :( :'( што би значело ова?
дека сакаш да ти се врати и да надокнадите нешто што заедно сте го пропуштиле, може нешто во последно време не сте обрнувале мнгоу внимание еден на друг... така ме асоцираше твојот сон.

инаку умрен татко да сонуваш, баба своја или било кој предок ако е ведар на сон тогаш се толкуа како среќа ако е тажен тогаш не е добро, јас лично верувам дека тие се наштие ангели чувари, исто така може и да значи некое предупредување, јас имам такво искуство со мојата баба која е почината кога и да сум ја сонувала досега се било вистина на јаве.

низ соновниците ако читаш ќе сретнеш толкување за мртовец посебно ако оживее се толкува исто така како некоја среќа нешто ново во твојот живот, но мртовец и умрен татко сметам дека не е исто, според едни мртовецот има позитивно значење а според други има негативно односно се толкува како кавга и непријатност затоа јас така ги разграничувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom