wild dolphin
Мал човек а голем ждерач
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 1.702
- Поени од реакции
- 229
ништо не ти е, се е во ред, само чуден и малку комичен сон, барем така го раскажа , патем лебот во сон се толкува како среќа, благосостојба и добробит, а ѓеврекот е во вид на круг, значи некоја постојана благосостојба ви е на дофат, но срушениот авион, ти кажува дека нешто ќе пропадне или ќе се прекине, експлозија пак се толкува како добри вести, а некаде пак доколку ја слушнеш а не ја видиш како разочарување, ако ја видиш добри вести, мене ме асоцира на некое изненадување од кое нешто ќе се засрамиш или повлечеш на што укажува криењето во сонот, евентуално може да се чувствуваш за нешто виновна.Сонував како одам на професорка една да и купам ѓеврек, пекарата (ако можам така да ја наречам и не личеше на пекара) се викала Нино. Самошто сум влегла тука до школото као што се гради нешо паднал воен авион, настанала експлозија, стариов продавач ја отклучил соседната соба и ја сум се скрила под шкаф, он незнам на тросед некој.
:kesa: Шо ми е?
--- надополнето ---
заби да паѓаат обично се толкува како смрт ако се предните заби и почувствуваш болка се најблиските, а ако се некои од задните односно катниците тогаш се работи за подалечни роднини или пријатели, ако го земеме предвид ова толкување тогаш според твојот сон ти ќе слушнеш за нечија смрт.Во последно време сонувам како ми пагаат забите ..
али буквално мислам .. си седам пред пц на пример и нареден момент почнуваат да ми пагаат еден по еден ..
одам да се мијам целиот крв и после се будам .. секојпат така .. и наутро кога ке станам устата ми е цела здрвена и трчам право во ВЦ да видам
кај ми се забите .. ахахаха..
шо значи ова ?
но исто така опаѓање на забите во сон може да значи недосататок на енергија, исцрпеност или некоја болест, настинка, што повеќе ми се поклопува со твојот сон. крв уште се толкува како глас а некаде пак се поврзува со материјална добивка.
--- надополнето ---
не ми е јасно до крај но ќе се обидам да ти го објаснам, значи риби се грижи, а некаде се толкува како настинка, мене ловење риба ме асоцира на некоја добивка, ливада пак ако е зелена е твојата светла иднина, нови успеси или нова љубов, децата во сонот се проблемите а ако доборо сватив дека со дигање на рампата исчезнувале децата најверојатно во иднина ќе исчезнуваат и твоите проблеми. Облачното време е некоја пролазна тага.Сношти сонував кај што ловам риби од тазе цементирана улица. Не беше цела цементирана само мало делче. На едната страна имаше училиште и мала железна врата од каде што излегуваа деца, од другата ливада, а одма зад мене имаше рампа, и кога идеше некој ми свикуваше да ја кренам рампата, а кога ќе ја кренев и кога ќе поминеа, исчезнуваа. Времето беше облачно и пред тоа имаше врнато. А некој околу мене зборуваше за освојување територии. (најсериозно)
А после секое облачно време огрева сонце .
--- надополнето ---
Пустина ме асоцира на некоја досада, нешто неизвесно, осамнеост и сл. патот е твојата професија, кариера, целтта во твојот живот која ти очигледно успешно ја исполнуваш но за жал нешто ќе ја спречи а на тоа укажува бодликавата жица од десна страна која е некоја пречка, ограничување, а кое под секоја цена сакаш да го тргнеш од твојот живот,но според твојот сон таа пречка ќе ти го попречува патот уште некое време. Автомобили се кавги, гужва од луѓе е некој јавен настан, сударот со колите е некој конфликт помеѓу тебе и некој.Сонував како со некоја женска особа се наоѓам во пустина, одам по некој пат, а од десната страна се наоѓа голема површина заградена со бодликава жица. Го минувам целиот пат со неа, одиме премногу време со надеж дека ќе можеме да влезиме во заграденото место, но се е залудно. Се враќаме по истиот пат, а на местото од кај што тргнавме наоѓаме паркирани автомобили,еден до друг залепени, има гужва, луѓе, се е одма поинаку. Влегуваме во еден од автомобилите, а аввтомобилот кој се наоѓа пред нас се враќа наназад и ни го уништува нашиот автомобил. Тука сонот завршува.
Никогаш немам сонувано толку безвезен сон, па би сакала да знам што значи.
инаку народните толкувачи на соништа пустината ја поврзуваат со некакви грижи, а ако луташ по пустина пак се толкува како лошо друштво, рамен пат пак е некој успешен потфат, автомобили пак се гласови.
--- надополнето ---
и мене многу ми е чуден но нешто ќе извлечам од него, епа пиење кафе и цефките во боја ако се во светли бои ме асоцираат на пријатни мигови со пријателите, можеби ушалките и памукот ти кажуваат дека не треба на секакви муабети да обрнуваш внимание, а инаку кафето уште се толкува како лажни надежи а некаде пак како озборувања, памукот пак го поврзуваат со некаква неизвесност во иднина, сламките немаат значење.Сонував како на кафе ми се паднале цефки(у сите бои) за сокче, ушалки и памук и сето тоа и најлонче во кафето... сонов ми е многу чуден и никако не ми излегува од глава, уствари можеби зошто ми е смешен.