Сонови, толкување на сонови

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
А што значи овој мој сон некој ќе ми каже???
ВАка... Не се сеќавам се по ред во сонот само знам дека ѓаволот дошол на земјата и јас и една девојка сме го испретиле на неговата планета, сме го спасиле светот од злото. И се потоа било како утопија.. а потоа се возев со точак(истиот сон) и на средината на улицата стоеше еден мој другар со кој се немам видено долго време... и така само се поздравивме.. Ме праша некое прашање нешто за некоја личност ме прашуваше, како е дали е добра и тн.. нес е сеќавам која.....
може се ова што се случува низ светот го гледаш како ѓаволска работа премногу влијае на тебе па те измачува во сонот или си опкружен со негативни луѓе, непријатели или запаѓаш во незгодни ситуации од кои сакаш да се извлечеш, но исто така според твојот сон очигледно се работи за мирољубвиа личност.

возење со точак по улица, е твојот пат кон кариерата, работата, студиите, што би требало да резултира со успеси потешки или полесни но сепак се работи за успех, другарот на среде улица може со тек на време ќе сретнеш некој твој стар пријател, може ќе слушнеш нешто од него или ќе побара некаква услуга од тебе.

инаку

според соновниците ѓавол непријатности во животот, спасување некого или светот сеедно е среќа , ако го земеме ова во предвид а според твојот сон каде си го спасувал светот по логиката на нештата би тебало да е некоја поголема среќа, велосипед некоја кавга, улица некое ново познанство.

Што значи да сонуваш крвави рани? Сонував сум се испосечел на ногата и раката, и тоа големи крвави рани? Anyone know?
може некој те повредил или ќе те повреди многу длабоко.

инаку

според соновниците рана е среќа во љубовта а некаде се толкува како неприлики и непријатни ситуации од кои ќе се извлечеш, крв се толкува како глас а некаде како материјална добивка.

Веќе два дена ја сонувам по ред,првиот пат само ја гушкав со една рака а вториот пат ја сонував синоќа како ја гушкам со двете раце и ги соблакам пантолоните и ја лижам на.......знаете.

Е сеа нема да биде толку чудно,ако девојчево не ми е многу добра другарка,како сестра ми е да не речам :kesa:
Зошто ваков еротски сон за со неа? Дали имам потиснати чувства за неа,подсвеста ми работи,што ли е????
Ви се молам ако може да ми објасните.
да сигурно нешто кај неа те привлекува или имаш некакви чувства кон неа, тоа се случува кај машко женските пријателства ианко немора да се случи но секогаш е поголема веројатноста да се случи.

исто така сонот може да биде само наплив на хормони а девојчето случајно да залутало во сонот...

Еден сон ме шокираше многу. Имено , сонував како шетам по Охридското езеро( ама очигледно тоа не беше Охридското езеро) , на плажите имаше само старци. Јас бев со фотопарат во рацете и барав погоден момент за фотографија, арно ама секогаш пред да го повлечам чкрпалото нешто ја рушеше таа идила. И така се откажав од тоа, но продолжив да одам. Одненадеж кон мене го видов мојот учител од 4-то одделение. Се насмевнав и го поздравив, но ми се виде дека тој не ме забележа мене , но ми го позна гласот, и се ракувавме, јас го прашував како е, што прави, тој одговараше со насмевка на лицето ( и ајс бев среќа) , но одееднаш сфатив дека тој е слеп. Тој беше слеп и затоа морав прво да се огласам па да ме познае. Но чудно ми беше чуството во сонот што почуствував, бев шокирана од сознанието дека тој е слеп, и ми беше многу жал. Насмевката сега ми стана само како маска зад мојата тага...
езеро и сите водни површини се емотивната состојба на сонувачот кај тебе таа е убава и спокојна ( езерото асоцира на мир и спокој) може нешто си заљубена но за жал таа емотивна состојба која ти очигледно скааш да ја зачуваш за секогаш, неа нешто ја нарушува. Провесорот од твојот сон најверојатно ќе го сретнеш или ќе чуеш нешто за него кое може ќе те израдува бидјеќи во сонот ти си нешто шокирана и на крај тажна значи некое пријатно изненадување кое ќе те израдува.

инаку

според соновниците езерото се толкува како среќна љубовна врска посебно ако е бистро, слеп човек за жал е некоја болест во семејството или околинатаа некаде се толкува како загуба на добар пријател, да се шокираш во сон е некое изненадување, насмевката е некоја лутина, а тагата радост.

Pred 6-7 meseci sonuvav kako idam kon crkvata vo seloto na dedo mi Slatino(Ohridsko). Crkvata se vika Sv.Bogorodica. Sonot go sonuvav petok prema sabota. Naredniot petok prema sabota ja sonuvam istata crkva samo sega stojam vo samiot dvor od nasata kukja i ja gledam kambanata i vrvot na crkvata zaedno so krstot kako sveti zolto. Naredniot petok prema sabota isto sonuvam crkva no sega ne istata nego crkvata sto se naogja vo ohrid nad staroto drvo kaj fontanata.
A znaete sto e najcudno tuka:
I taa crkva se vika Sv. Bogorodica-Perivlepta.
Isto taka sonuvav kako na zidot od crkvata od nadvor ima izvorce, i koga poglednav vo izvorceto toa svetese kako odsjaj od zlato.
Isto cudno e sto realno postoi takvo izvorce vo taa crkva, ili da go narecam fontana zgradena od kamenja.
Potoa koga se svrtev da si odam od izvorceto i koga izlegov od crkvata drzev nekakva kniga vo rakata. Na koricata dobro mi teknuva imase nekakov lik na nekoj svetec i godinata na izdavanje na knigata bese 1470 i nekoja ili 1740 i nekoja, znam tie brojki bea. Koga ja otvoriv knigata pisuvase na staromakedonski jazik, kirilicno pismo, pocnav da ja citam, bese dosta razbirliva ama od seto toa sto go procitav otkako se razbudiv zapamtiv deka go procitav zborot "treba". Samo sto pocnav da ja citam knigata se naogjav tocno kaj sto e denes fontanata vo ohrid, onaa golemata i od drugata strana idea nekolku turci koi vednas otkako me vidoa se zatrcaa kon mene. Jas se svrtev pocnav da begam i se kaciv na staroto drvo, toa debeloto isto taka sto se naogja kaj fontanata i potoa se razbudiv.

Koj znae mojot son da go protumaci neka poveli, bas bi sakal da slusnam objasnuvanje.
види може добро би било д си посетиш црква може се имаш нешто оддалечено од верата или ако имаш време можеш да истражуваш малку може си сонил некоја таква црква која постои и треба нешто да однесеш или си открил нешто ново.

инаку

црква во сон е убаво тоа е среќа значи дека Господ те чува, крстот во сонот е некаква тежина нешто те измачува и притиска жолтото светло во сонот е знак на среќа на која ќе ти завидуваат бидјеќи жолта боја е знак на љубомора или завист, понатаму имаш старо дрво доколку е во крошна тоагаш е некаква љуобвна среќа или состанок, а некаде се толкува како материјална добивка, фонтана со вода е исто така некаква среќа во животот, извор на вода поволни промени во животот ќе доживееш златното светло е повторно некоја среќа најверојатно материјална среќа добивка некоја, книгата е знак на некоја мудрост, на знање исто така книгите ги поврзуваме со образованието и кариерата а таму во книгата си го воочил зборчето треба што може ти укажува сонот на нешто што треба д аго направиш околу кариерата, факултетот и сл нешто што не си го направил или оставил така, да бегаш од некого во сон е знак на некоја непријатна ситуација од која сакаш да избегаш најверојатно еповрзана со твојата кариера и она што го правиш во животот но на крај си се искачил на некое дрво што повторно ти укажува на некој успех или љубовен или материјален.

инаку во сонот се Богородица си ја сонувал и некој светец може истите те чуваат и водат низ животот, светците во сонот се тлокуваат како материјални издатоци.

многу комплексен сон и многу убав и едвај му го најдов крајот, горе доле тие ти се симболите тоа значат ти пробај поубаво да го анализираш и вклопиш со товјот живот кој го живееш.
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Прво во сонот мислев дека сум будна и имав такво чувство. Демек сабајле било и сум станала за во школо ама прво сум го уклучила компјутерот и кога ги гасев цело време ми се отвараше ново прозорче и неможев да изклучам. После одеднаш се најдов мост ама оградите од мостот се распаѓаа како сами од себе и изгледаше како и самиот мост да се распаднува. После пак се најдов на автобуска станица ама не во мојата населба и бев облечена во некои стари алишта како за мало дете и не ми беа точни, не ме ни собираа. После пак одеднаш се најдов на автобуската станица во мојата населба и имаше едне автибус ама целиот бел и не пишуваше кој број е. Се качив во него и отпрвин не забележував ништо невообичаено ама после видов едно девочје што седеше пред мене очите му беа цели искривени и како затворени (како чудовиште беше) после разгледав низ автобусот и кон другите луѓе и сите беа такви како зомбија...автобусот возеше многу брзо ама предната врата беше отворена и јас сакав да избегам ама тие некако ми се нафрлија сите околу мене и јас почнав да вриштам и така едвај се разбудив...
После морав да ја викнам мајка ми да спие со мене затоа што ми беше многу страв, после некое време заспав ама за среќа не сонував ништо.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Ноќеска трипав.

Значи, легнав околу 4, и до 5 ќе заспиев, ќе почнев да сонувам и во дел од секунда се будев. Така едно 10 пати ми се случи, и цело време си мислев "овој сон не ми се свиѓа, сакам друг да сонувам". Знам, мрднато. И некаде околу 5 и нешто, се разбудив, и гледав само, погледот не ми беше фокусиран на нешто, можев да го движам, но стоев како парализирана. Неможев да се поместам. После долги обиди, конечно успеав да ги помрднат прстите од раката и се престана. Премногу беше језиво.

Е сеа, имам слушнато за тоа sleep paralysis, па ме интересира, дали може да биде како последица на недостаток на спиење, имајќи предвид дека за 5 дена јас спиев 4 саати вкупно?
 
тоа со компјутерот нема никаво значење може премногу работиш на компјутер.

инаку мостот во сонот е некој проблем или ситуација која ќе најдеш начин да ја совладаш или решиш но за жал нема да ти успее до крај нешто ќе го спречи, бидејќи мостот како велиш се распаднал, евентуално може распаднатиот мост да означува и крај на некое пријателство, љубов или почеток на некоја кавга.

малите алишта се толкуваат како проблематична материјална ситуација или ти се наоѓаш во некоја ситуација која те потиснува, исто така може самата да се осеќаш неудобно во своја кожа,

автобусот е успех со многу труд, а бидејќи возел брзо тогаш побрзо ќе успееш во некоја ситуација но ќе мораш да вложиш многу труд, станица било каква се толкува како некое патување...

си сакала да избегаш... што значи сакаш од некоја непријатна ситуација да избегаш и ослободиш но не можеш, а долго време ќе ја трпиш бидејќи сонот тука звршува не си успеала да избегаш, што немора да значи дека нешто во товјот живот ќе векува, кога тобгаш ќе се ослободиш од нешто што ти смета...девојчето и луѓето со чуден израз кои ти ги викаш чудовишта се најверојатно некои познанства или пријатели кои ти малку поинаку ги гледаш и сваќаш а од кои ти најверојатно потсвесно се плашиш.

Ноќеска трипав.

Значи, легнав околу 4, и до 5 ќе заспиев, ќе почнев да сонувам и во дел од секунда се будев. Така едно 10 пати ми се случи, и цело време си мислев "овој сон не ми се свиѓа, сакам друг да сонувам". Знам, мрднато. И некаде околу 5 и нешто, се разбудив, и гледав само, погледот не ми беше фокусиран на нешто, можев да го движам, но стоев како парализирана. Неможев да се поместам. После долги обиди, конечно успеав да ги помрднат прстите од раката и се престана. Премногу беше језиво.

Е сеа, имам слушнато за тоа sleep paralysis, па ме интересира, дали може да биде како последица на недостаток на спиење, имајќи предвид дека за 5 дена јас спиев 4 саати вкупно?
да како резултат на напор јас така мислам искрено многу не сум се интересирала за таквите сонови но некаде имам слушнато од многу напор може да се случи или како викаш неспиење.
 
macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Сонував дека Тоше некако се вратил и дека сум ја пропуштила повторно шансата да се запонзнаам со него и дека сите ми збореле ете колку го сакаш и претходно и сега ја испушти шансата.
Исто така сонував дека сум правела некоја забава и кога сме се спремале имало некои луѓе кои седеле во хотелот кај шо требало да биде забавата, а меѓу нив и една личност која многу ми значи. Иначе е јавна личност и актер. И кога тргнале да излегуваат мене ми било срам да пријдам па сум чекала другите да се поодалечат па да му пријдам ама ми избегал. Кога сум ги прашала другите каде отишол ми рекоа дека ќе дојде после, но што ми било мене гајле кога тој мене ме мразел.:raz::raz::icon_roll:(:(
 
Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
може се ова што се случува низ светот го гледаш како ѓаволска работа премногу влијае на тебе па те измачува во сонот или си опкружен со негативни луѓе, непријатели или запаѓаш во незгодни ситуации од кои сакаш да се извлечеш, но исто така според твојот сон очигледно се работи за мирољубвиа личност.

возење со точак по улица, е твојот пат кон кариерата, работата, студиите, што би требало да резултира со успеси потешки или полесни но сепак се работи за успех, другарот на среде улица може со тек на време ќе сретнеш некој твој стар пријател, може ќе слушнеш нешто од него или ќе побара некаква услуга од тебе.

инаку

според соновниците ѓавол непријатности во животот, спасување некого или светот сеедно е среќа , ако го земеме ова во предвид а според твојот сон каде си го спасувал светот по логиката на нештата би тебало да е некоја поголема среќа, велосипед некоја кавга, улица некое ново познанство.
Благодарам што се потруди да ми кажеш нешто за сонот...:smir:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
види може добро би било д си посетиш црква може се имаш нешто оддалечено од верата или ако имаш време можеш да истражуваш малку може си сонил некоја таква црква која постои и треба нешто да однесеш или си открил нешто ново.

инаку

црква во сон е убаво тоа е среќа значи дека Господ те чува, крстот во сонот е некаква тежина нешто те измачува и притиска жолтото светло во сонот е знак на среќа на која ќе ти завидуваат бидјеќи жолта боја е знак на љубомора или завист, понатаму имаш старо дрво доколку е во крошна тоагаш е некаква љуобвна среќа или состанок, а некаде се толкува како материјална добивка, фонтана со вода е исто така некаква среќа во животот, извор на вода поволни промени во животот ќе доживееш златното светло е повторно некоја среќа најверојатно материјална среќа добивка некоја, книгата е знак на некоја мудрост, на знање исто така книгите ги поврзуваме со образованието и кариерата а таму во книгата си го воочил зборчето треба што може ти укажува сонот на нешто што треба д аго направиш околу кариерата, факултетот и сл нешто што не си го направил или оставил така, да бегаш од некого во сон е знак на некоја непријатна ситуација од која сакаш да избегаш најверојатно еповрзана со твојата кариера и она што го правиш во животот но на крај си се искачил на некое дрво што повторно ти укажува на некој успех или љубовен или материјален.

инаку во сонот се Богородица си ја сонувал и некој светец може истите те чуваат и водат низ животот, светците во сонот се тлокуваат како материјални издатоци.

многу комплексен сон и многу убав и едвај му го најдов крајот, горе доле тие ти се симболите тоа значат ти пробај поубаво да го анализираш и вклопиш со товјот живот кој го живееш.
Благодарам за исцрпниот одговор.
Имам уште нешто да додадам.
Вчера значи повторно после 6-7 месеци, петок према сабота, сонував како сум во едно од селата над охрид т.е лево од патот кога се иде накај горица плажите, тоа селото што е на ридот од планината горе.
Краток беше сонот.
Само така стоев и го гледав Охрид и езерото од горе.
Нешто слично како оваа слика, само што беше сончев ден:

http://travelillumination.com/images/ohrid_by_night_gxyu.jpg

Инаку јас сум од Скопје и никогаш не сум бил во тие села горе, ниту пак имам нешто заедничко со нив.

Нешто како да ме поврзува со Охрид и охридскиот регион. Мојот дедо е по потекло Охриѓанец од село Слатино и имам и многу роднини во градот.

Инаку кога веке сум кај фамилијата на дедо ми, мојот прадедо знаел да бае на неплодни жени, така што додека баел жената морала да се држи за некое плодно дрво на пример:
јаболка, слива, круша...,а стариот со баењето, плодот од дрвото го вадел (духовно, не физички) и и го предавал на жената. После некое време дрвото се сушело а жената можела да раѓа деца. Но лошото било тоа што ако некој се допре за тоа дрво тој ке постанел неплоден, и затоа тие дрва биле бирани да се далеку од селото во планината.

Оваа мистерија, ми ја има дедо ми кажано, а исто така и татко ми.
Имало повеке случки со тој стариот во поглед на некаква духовна енергија ама тие ке ги кажам во некоја друга прилика.
Сето тоа знаење стариот ни го предал многу малку затоа што се плашел да не го искористиме за лошо.
Знам дека ова што го кажав нема врска со сонување но спаѓа во групата на мистерии и можно е да се поврзе со мене и моите сонови на некој начин, бидејки до пред 20 ина години ја имало таа духовна енергија во мојата фамилија со која се занимавал прадедо ми. Одсекогаш сум сакал и јас тоа да го знам, и секогаш со восхит гледам на луѓето кои духовно им помагаат на оние кои имаат проблеми, како на пример човекот во Велес.
Поздрав.:smir:
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Сонував пред 2-3 дена патував во авион со мајка ми, татко ми и брат ми и авионот мораше да слета принудно на автопат! Беше многу реално во без посериозни последици некако слетавме и никој не беше повреден. Што може да значи??
 
мило ми е штом е така затоа на самиот почеток од мојот пост и н акрајот ти кажав дека се работи за нешто духовно... можеби треба таму некого да посетиш и тие цркви нешто да однесеш како благодарност за таа енергија мислам треба да зборуваш со некој што ги знае ти е работи подобро...

ккао и дае јас мислам тебе Богордица и тој светец се твои чувари... поздрав

Сонував пред 2-3 дена патував во авион со мајка ми, татко ми и брат ми и авионот мораше да слета принудно на автопат! Беше многу реално во без посериозни последици некако слетавме и никој не беше повреден. Што може да значи??
авион е остварување на некаква желба, ненадејна среќа, успех во намерите...
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Сонував како умрел еден мој близок другар и тоа го видов на плаката имаше у колку саат ке биде погребан...после одев на погребот и попат ја прашав една другарка кој датум сме и она ми рече 6 мај Ѓурѓовден е денес и ја прокоментирав умрел на празник значи има добра душа...
Што би значел сонов???Знам дека да го видиш умрен му го продолжуваш животот, али ја не го видов него пред мене туку само сликата на плакатот и отидов на погребот...
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Сонував како умрел еден мој близок другар и тоа го видов на плаката имаше у колку саат ке биде погребан...после одев на погребот и попат ја прашав една другарка кој датум сме и она ми рече 6 мај Ѓурѓовден е денес и ја прокоментирав умрел на празник значи има добра душа...
Што би значел сонов???Знам дека да го видиш умрен му го продолжуваш животот, али ја не го видов него пред мене туку само сликата на плакатот и отидов на погребот...
добро,се исто, си сонувала дека умерел односно си дознла, што значи ќе чуеш нешто убаво за него дека е жив и здрав и добро му оди во животот, инаку тоа со добра душа може спротивното да те изненади. како и да е не умира...
 
macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Сонував дека Тоше некако се вратил и дека сум ја пропуштила повторно шансата да се запонзнаам со него и дека сите ми збореле ете колку го сакаш и претходно и сега ја испушти шансата.
Исто така сонував дека сум правела некоја забава и кога сме се спремале имало некои луѓе кои седеле во хотелот кај шо требало да биде забавата, а меѓу нив и една личност која многу ми значи. Иначе е јавна личност и актер. И кога тргнале да излегуваат мене ми било срам да пријдам па сум чекала другите да се поодалечат па да му пријдам ама ми избегал. Кога сум ги прашала другите каде отишол ми рекоа дека ќе дојде после, но што ми било мене гајле кога тој мене ме мразел.:raz::raz::icon_roll:(:(
И да што значи сонов?:smir:
 
Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Дали е вистина кога сонуваш некоја личност и таа те сонува тебе?:wink:
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
И да што значи сонов?:smir:
тоа со Тоше е само едно сеќавање на него, а инаку велат да сонуваш великан ( голем Музичар, министер и сл) без разлика дали мртов или жив дека е среќа некој успех.

тоа со забавата најверојатно ќе стекнеш некои нови познанства а дечкото на забавата е знак дека истиот ќе го сретнеш ќе го чуеш или нешто за него ќе дознаеш, а тоа што избегал од тебе најверојатно ако го сретенш нема да избега може и сам ќе те пресретне и поздрави, евентуално може нешто да ти е лут.

Дали е вистина кога сонуваш некоја личност и таа те сонува тебе?:wink:
така викаат или те мислел...но ова не е веродостојно бидејќи не е докажано но постои некоја можност ако земеме во предвид дека некои работи се необјасниви и мистериозни...

но најголема веројатност барем јас имам приметено сите тие што сум ги сонувала порано или покасно сум ги сретнала или слушнала нешто за нив.
 
Член од
15 септември 2008
Мислења
1.957
Поени од реакции
337
Сонував сум одел по тротоар низ градот, било облачно и одеднаш се исклучив, односно ми се затемни ме удри гром, и се разбудив.
Исто сонував сум плачел со мајка ми. Шо би значело ова?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom