Фанатик многу песимиста
инаку изборите беат на 5ти јули ама владата се напрај негде септември колку шо знам не ме фаќајте за збор,како прво оваа влада има многу котакт со граѓаните а од СДСМ ич немаше, мислам рамниот данок од 11% на 7% го намалија после мисалм краен рок септември оваа година треба да почни 3от мобилен оператор,после ете сега нет кафулето,после во оваа слободнате економска зона дојде мислам Џонсон контролс и Џонсон Мати овие за Авто делови се мислам копат таму,сеа сали ке прат ете гази баба удриле темели,фискализација на здравството за да не крадат докторите цариниците се взандана дрога многу фатија и не ми текнува појке нека пиши некој то шо пропуштив.
Јо Единствено кај тебе се наброени активностите на владата за 9 месеци постоење затоа што се формира некој септември лани, а и имењак си ми.:helou:
Строгоста во царината и зајакнувањето на контролите е за пофалба. Борбата против human trafficing е добра.
Полицијата на поле на безбедност е ок, но сообраќајната е катастрофа, но и возачите се говна.
Фискализација во банки, здравствени установи и на патарините е ок, иако секој втор нивен на Тетово - Гостивар пак проаѓа со кревање рампа, но не е крива владата за толкаво говно од народ што живее во Македонија.
Но двата Џонсони ги донесе Буле не Грујо, кој не верува нека провери на интернет конкретни датуми. Но мислам дека без разлика кој си ги припишува дека тоа не е некој огромен успех затоа што во една Хрватска до денешен ден нема , нагласувам НЕМА никнато ниедна фабрика на ливада, туку само домашните фабрики се купени од странци и нормално развиени , проширени и дополнети со стручни нагласувам стручни кадри што пак е проблем на Македонија, затоа што од Грујо најмногу очекуваат оние што не влегуваат во категоријата fluid spoken english, an excelent computer skills and at least college degree. Со други зборови трансформации на ливади во фабрики е многу ризичен проект и во многу случаи останува недовршен или не почнува.
Спортски Сали во Гази Бејб треба да гради тхе мајор оф Гази Бејб ,а не премиерот.
Исто и со чешми и водоводи во село Радишани. Тоа е задача на градоначалникот на Бутел и на Скопје во зависност од поделбата на ингеренции.
Процесот Бачило е ок, СДСМ немаа капацитет да го средат.
Борба со урбана мафија иако е во ингеренции на локална самоуправа ја започна владата и тука е so so, фати компромитирани нотари и бизнисмени, но крупните ѕверки останаа во длабока сенка. За потсетување Кинески Ѕид кој добива дозвола за градба во време на 2002 пролет ВМРО суеште беа на власт со Балковски министер за градежништво, Грујо министер за финансии, Аларова градоначалник и Пенов градоначалник единствен опозиционер во бандата ама nokia and money connecting people. Сега никој од нив ништо не знае за тоа и си:mist: .
Отворање на Интернет Кафе мислам дека не е во класа на споменување.
За Телеком и неговиот монопол очигледно никој не ни помислува ни влакно да му фали, освен ако Телакабел не отвори втора фискна телефонија, но тие немаат инфраструктура и второ тоа е приватна иницијатива, а не заслуга на влада.
Здравството е во полоша состојба од претходно, т.е тоа се самораспаѓа или се докрадува незнам соодветен опис.
Албанските министри во ниедна област не покажаа никаков капацитет.
За информатиката пошто сум тоа по професија и не сакам да започнувам ни да зборувам, но тотална тапа се.
И на крај од политичка гледна точка искрено Учителот на Грујо, Љупчо беше подобар дипломата и тактичар , за жал Грујо е премногу суетен и своеглав и врв на сето тоа се оние одвратни реклами како 45-та со успесите на ВМРО, па на владата па комбинирано. Ако има успеси нека остави Грујо да ги воочат државјаните на МК, нема потреба на реклами да ги гледаме.Вака впечаток е тотален кич и соцреализам. На реклами треба одат најчесто чоколади, пасти за заби итн.
Ова беше мое мислење - неможам да речам објективно - никој неможе да ниде објективен , затоа што е субјект со свое мислење.
п.с. Секоја чест на Елена Ристевска за настап со предгрупа на Ролинг Стоунс, тоа е успех за кој нема потреба да оди реклама. Огромни честитки за девојката!