city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
Една година по изборите: Дали сте задоволни од владеењето на оваа влада?
Да на 5ти Јули се навршува една година од изборите и од победата на ВМРО-ДПМНЕ. Колку што можам да забележам медиумите почнаа веќе да се бават со ова прашање, па да видиме:
колку ние сме задоволни од владата?
Инаку кога сме кај задоволстсвото на народот институтот ИРИ вчера излезе со нова анкета за процентот на доверба на власта и опозицијата:
ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата ДУИ се партии чиј рејтинг забележува раст во последната анкета на „Ири“. Со 30 проценти, наспрема 29, колку што имаше во месец март, ВМРО-ДПМНЕ е убедливо пред СДСМ, која за разлика од месец март, кога имаше 10%, сега за оваа партија би гласале само 8% од анкетираните граѓани.
За овие три месеци и опозиционата ДУИ со 9% води пред ДПА, која има 6%. Во месец март двете партии беа изедначени. Иако рејтингот на ДУИ расте на ниво на држава, кај албанските гласачи е забележан пораст на рејтингот на ДПА.
Според овие неофицијални резултати од анкетата на „Ири“, продолжува да расте рејтингот на актуелниот премиер Никола Груевски.
Извор: текст: А1, слика: Утрински весник
Паралелно со рејтингот Вечер ги објави луѓето кои имаат најголем учинок за овој висок рејтинг на власта. На листата се најдоа:
- Ванчо КАРГОВ, прв цариник во државава.
- Габриела КОНЕВСКАминистер задолжен за евроинтерграции.
- Гордана ЈАНКУЛОВСКА, човек од исклучителна доверба на Груевски по сите прашања.
- Горан ТРАЈКОВСКИ-директор на Управата за јавни приходи.
- Елизабета КАНЧЕВСКА-државен секретар во Министерството за култура. тркачи и оперативци во Владата воопшто. –
-Имер СЕЛМАНИ, министер за здравство. се прослави.
- Мартин ПРОТОЃЕР, шеф на кабинетот на премиерот Груевски
.- Миле ЈАНАКИЕСКИ, министер за градежништво.
- Сашо МИЈАЛКОВ, директор на државната безбедност, син на поранешниот минстер за внатрешни работи Јордан Мијалков, и прв братучед на премиерот Никола ГРУЕВСКИ.
- Зоран СТАВРЕВСКИ-вицепремиер задолжен за економски прашања.
Колку вие се сложувате со целото гледање на медиумите на едногодишната работа на владата?
Дали владата ги оправда вашите очекувања? или пак очекувањата на народот?
И после, една година треба нели да се запрашаме што треба да се направи во иднина и на што според вас треба да се обрна поголемо внимание?