Сонови, толкување на сонови

E

`EsCaPe`

Гостин
Вчера сонував, како сум излезена со друштвото и бевме заминати на некое ридче ..и таму легнавме на трева и го гледавме небото, требаше да гледаме у ѕвездите, затоа што некој пред тоа во сонов ми имаше кажано дека ако не видиме повеќе од 5 ѕвезди , некој од нас ќе умре.. и на небото имаше само 4 ѕвезди и затоа почнав да плачам. Е после се случи пресврт у сонов. На местото каде што бевме, дојде бившата женска на дечко ми и он остана со неа и јас избегав од таму, и трчав, трчав, трчав...
И ноќеска сонував како продолжение од сонот. Исто со друштвото бевме кај баба ми во стан, и јадевме јаболки и потоа кога излеговме да прошетаме, јас се тргнав настрана од другиве и избегав и пак трчав и трчав...

wtf ?

:pos:
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
синоке сонував две мртви свињи и нешто ептем ме беше страв да се доближам до нив:toe:
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
780
Поени од реакции
69
Луси срце си ај протолкувај ми го сонов те молим.
Сум у некое мало градче у Македонија негде, прашувам еден човек каде сум и човеков се исплаши од мене. Се шетам низ градов и доаѓа една девојка до мене и ми вели еј тебе те знам од некаде и тогаш се разбудуем
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Вечерва некоку пати се разбудив така да поише сонови имам.

1 ПОкрај еден ѕид наоѓам дете(4-5 год) ,гледам дека е само и решавам а го земам со мене со намера да го дадам на посвојување. И дома паѓаат договори со другарите да организираме нешо као аукција и оној кој ќе понуди највеќе пари и најдобри услови за дететто да го дадеме. Во последен момент се премислувам и решавам да го задржам детето.

2сонувам како имама секс со една девојка, но за првпат во мојот живот и го видов лицето.Уствари почнавме да се ебеме кога улета една стара жена и не прекори! Девојката истрча од соба после тоа!

3 Сонов почнува како излегувам од воз, изглеа сум на екскурзија од средно школо.Излегувам од возот и во една баричка гледам гооолеми риби,мислам сомови беа.Не мрдаа,а до нив еден коњ и ме глеа паво во очи. Јас бегам и истрчувам во една хотелска соба, легнувам со една другарка накревет и во едни фармерки наоѓам скорпија и пајака.Ги истресов а сопственичката на фармерките ги утепа и ми се развика што да ви кажам. На крај јас трчам и френетично барам некој да ми каже како ќе си дојдам дома, ама нкако не можам да најдам некој! Во цела таа паника наидувам на една жена која конечно ми го дава посакуваниот одговор. И јас се разбудив.

ме интересира следново- зашто толку многу сонувам?? Ми се чини да дремнам 15 минути јас можам цел филм да направам во сон. И зашто толку често и толку верно ги памтам соновите??
 
E

`EsCaPe`

Гостин
ме интересира следново- зашто толку многу сонувам?? Ми се чини да дремнам 15 минути јас можам цел филм да направам во сон. И зашто толку често и толку верно ги памтам соновите??

И мене ме интересира ова.. Исто е и кај мене..
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
665
Поени од реакции
2
Sonuvav kako nekoj nez tocno koj bese sakase da me ubie(so noz).nekoj ako moze da mi kaze sto znaci toa?:smir:
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.727
Поени од реакции
19.890
Вечерва некоку пати се разбудив така да поише сонови имам.

1 ПОкрај еден ѕид наоѓам дете(4-5 год) ,гледам дека е само и решавам а го земам со мене со намера да го дадам на посвојување. И дома паѓаат договори со другарите да организираме нешо као аукција и оној кој ќе понуди највеќе пари и најдобри услови за дететто да го дадеме. Во последен момент се премислувам и решавам да го задржам детето.

2сонувам како имама секс со една девојка, но за првпат во мојот живот и го видов лицето.Уствари почнавме да се ебеме кога улета една стара жена и не прекори! Девојката истрча од соба после тоа!

3 Сонов почнува како излегувам од воз, изглеа сум на екскурзија од средно школо.Излегувам од возот и во една баричка гледам гооолеми риби,мислам сомови беа.Не мрдаа,а до нив еден коњ и ме глеа паво во очи. Јас бегам и истрчувам во една хотелска соба, легнувам со една другарка накревет и во едни фармерки наоѓам скорпија и пајака.Ги истресов а сопственичката на фармерките ги утепа и ми се развика што да ви кажам. На крај јас трчам и френетично барам некој да ми каже како ќе си дојдам дома, ама нкако не можам да најдам некој! Во цела таа паника наидувам на една жена која конечно ми го дава посакуваниот одговор. И јас се разбудив.

ме интересира следново- зашто толку многу сонувам?? Ми се чини да дремнам 15 минути јас можам цел филм да направам во сон. И зашто толку често и толку верно ги памтам соновите??

Што стори правниче сонвење ле? :)

Вака првиот сон е среќа и ќе си ја задржиш верувај:smir: Ако го дадеше ќе ти избегаше некоја прилика од раце..

Вториот, болест, непријатност некоја ќе те стрефи.

Третото, Те очекува голема среќа, само дур да стигнеш до неа ќе минеш и сито и решето и последователно ги сонуваш, значи треба да се заангажираш во врска со нешто за да има орогмна добивка и да си полн и среќен, соновите потекнуваат од потсвеста, самаата таа те насочува кон позитивниов чекор, затоа и често сонуваш, арно ама биди спремен и на сопки, не е се така лесно и дофатливо:smir:
 

MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
После секој повозбудлив ден со ке го доживеам, имам немирен сон.
Секогаш после некоја расправија, или некоја возбуда. Сонувам како да сум опколен од разни животни (змии,лавови,крокодили) кој во секој момент се спреми да ме нападнаат во СОН! И не ретко станувам со срцето во петици, целиот возбуден и вознемирен.
Ова е стварно нерпијатно посебно кога треба да преспијам кај пријатели или на друго место надвор од дома! Искрено исплашем сум да не направам некоја драма во три часот навечер, а да бидам искрен ги имаше неколку. Исто така да напоменам ова се случува периодично, значи може да имам проблеми неколку вечери по ред после 3-4 месеци ништо, потоа циклусот се повторува. :tapp:
Некој совет? Што е причината за овие непријатни сонови? Како може да ги спречам? Некој превентивен совет многу ке ми користи? POZZ
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Стварно многу лош сон сонував.
Ја тепав една баба со палка,а таа се криеше под кревет.
Ама женава ко лоша да била незнам ама мене едно време ко жал дами беше да ја мавам и та се исправи и ме фати за рацете ,а имаше многу долги црвени нокти..После знам дека продолжив да ја мавам:nesum:
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
328
Поени од реакции
5
Сонував дека сум си ги облекувала моите чизми и кога сум ги облекла сум видела дека ми ја нема на десната нога штиклата од чизмата т.е дека ми била скршена ,а на другата нога стоела штиклата на чизмата.
Лусии?:helou::smir:
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Ја сонував требало да се мажам.И мене кој ми кажаа за кого ќе се мажам почнав да паничам и ја натерав мајка ми да ја откаже венчавката.Кој отидовме у црквата мајка ми да откаже,таму имаше многу луѓе меѓу кои и родителите од една моја сегашна непријателка да ја наречам,и ја морав да се скријам за да не ме видат другите,зошто ако ме видоја ќе морав да се мажам.Ама сепак ме видоја и ме натераа да се мажам,и одма се најдов облечена у венчаница и идев кон олтарот,ама попот кој ме праша дали сакам да се мажам јас почнав да викам Не,не сакам,скандали правев.

Аууу ама кошмар еј.

Луси Лу,хелп?
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
синоке сонував две мртви свињи и нешто ептем ме беше страв да се доближам до нив:toe:
Страшното всушност е тоа што си ги изгубила свињите, всушност се работи за нешто добро, твое, блиско кое се труди, а ти тоа не го цениш кое си го изгубила не на физички начин, туку на оној другиот.. погледни малце околу себе, провери дали е се ок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom