Сонови, толкување на сонови

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.750
Поени од реакции
5.003
Сонот е производ на индивидуалната психологија. Нема никаква допирна точка со гатање нити пак сонуваните симболи имаат исто значење за секого. Во сонот има манифестна (претставената) и латентна (цензурирано значење) содржина. Толкување може да се изврши на секој сон од страна на психолог или психотерапевт, само ако е стручен во областа на психоанализата.
Не се тревожете од фактот дека сонувате страшни слики, тоа не значи ништо страшно, потсвеста прави сон поттикнат од случувањата најстари од ден до два кои што пак тие случувања имаат тесна врска со некој настан од индивидуалната историја па дури некогаш и од инфантилна природа.
Секој сон претставува неисполнета желба, само треба темелно да се психоанализира поединечно секоја претстава во сонот и ќе се открие желбата.
Ова што сакам да го објаснам нашироко е образложено во "Толкување На Соништата" Зигмунд Фројд - книгата со најголем рејтинг меѓу неговите, призната до ден денес од страна на психолози, психотерапевти и психоаналитичари, која се уште се изучува на реномираните универзитети по психијатрија ширум светот.
Тоа дека чиста вода е убаво, а матна - нè, се само бабини деветини за прост народ. Значење сонот има, ама само индивидуално и секогаш се работи за неостварена желба.
Убаво напишано , ама не значи секој сон - неостварена желба , ако ја читаш "Човекот и неговите симболи" од Јунг и колегите - ќе видиш примери каде сонот ја претскажува смртта , моментална психолошка состојба на личноста или многу покомплексни проблеми кои може да се претстават како шо напиша - со желба на личноста преку неговата потсвест да го реши тој заборавен комплекс или траума која е претставена со симболи како загатка.
Во минатото имало истражувања во абориџинските племиња каде повеќе членови сонуваат исти сон - и за такви одвоени заедници се верува дека делат некоја иста свест на некое ниво - ретки примери каде сонот не е секогаш индивудуален како што е обичај.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.387
Поени од реакции
13.354
Ок е кога се сонуваат лоши сонови, лошо е кога ќе почнат да се сонуваат убави.
 
Член од
12 јануари 2024
Мислења
10
Поени од реакции
7

Се сложувам, ама сепак ќе речам дека е индивидуален, зашто кај тие племиња секако работела психологијата на толпата па така е поттикнат сличен сон.

П.с. не верувам во пара-психологија, до сега нема факти, зад секоја необјаснива случка стои психолошко објаснување.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.536
Поени од реакции
26.217
Ок е кога се сонуваат лоши сонови, лошо е кога ќе почнат да се сонуваат убави.
Да те поправам : Лошо е кога ќе почнат да се остваруваат лошите сонови а добрите сонови да остануваат само сонови.
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2023
Мислења
1
Поени од реакции
1
Eve i ios aplikacija sonovnik

IMG_4840.PNG
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Здраво на сите ! Ако знае некој да го протолкува сонот.

Јас ја сонував баба ми ( она е веќе 5 год почината) јас и мајка ми Али како во сенка беше она како што можам да се сетам сме биле во куќата на баба ми, и баба ми била тажна дека требала да си иде , и јас сум и рекла нема да си идеш сега ќе поседиш со нас , утре ќе си идеш , и била среќна она( јас и баба ми бевме блиски , ја сакав премногу и неможев да и кажам за последен пат збогум затоа што не бев тогаш во Македонија , и сеуште како да ме боли тоа )

И потоа ја гледам јас во дворот нејзин , од стаклото дека разговара со некоја жена , жената имаше марама , ми личеше и помислив во тој момент ова е Св Богородица и јас кога ја отворив вратата нејзина со насмевка и среќна и реков ќе поседиш со нас па ќе си идеш и баба ми беше согласна и радосна.

Некој да може да го протолкува сонот затоа што од кога има баба ми починато само соништа ме мачат вака
Се разбудив со срце биење и со огромна анксиозност

поздрав
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.427
Поени од реакции
13.497
Ако сонуваш непознат маж = Исус
Ако сонуваш непозната жена = Богородица
(n)
 
Член од
12 јануари 2024
Мислења
10
Поени од реакции
7
Ако сонуваш непознат маж = Исус
Ако сонуваш непозната жена = Богородица
(n)
Кога сонуваш лик значи дека ти се идентификуваш со тој лик и со тие карактеристики, а ако не го познаваш (во сонот) значи си го видел некаде ти останал во потсвеста и пак се работи за идентификација. Не тресете глупости и парапсихологии, греота се луѓето ви веруваат.
П.с.
И после се појавувале психички состојби! Ами како да не се појавуваат со вакви мислења?
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.427
Поени од реакции
13.497
Кога сонуваш лик значи дека ти се идентификуваш со тој лик и со тие карактеристики, а ако не го познаваш (во сонот) значи си го видел некаде ти останал во потсвеста и пак се работи за идентификација. Не тресете глупости и парапсихологии, греота се луѓето ви веруваат.
П.с.
И после се појавувале психички состојби! Ами како да не се појавуваат со вакви мислења?
Сакам да кажам дека масовно луѓето кога ќе сонуваат непознат маж, жена, објаснувањето веднаш им е дека тоа е некој светец, Исус или слично.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво, веќе трет пат овој месец сонувам како мојот сопруг ме изневерува со ептен блиски личности. Во сите 3 соништа, трите различни личности.Во реалноста, немам тотално никаква причина за сомнеж во сопругот, ниту сум помислила на такво нешто, па да речеме ете мислите се манифестираат во соништата. Што мислите, каква порака праќаат ваквите соништа? Што би можело да значи?
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.000
Поени од реакции
9.672
Здраво, веќе трет пат овој месец сонувам како мојот сопруг ме изневерува со ептен блиски личности. Во сите 3 соништа, трите различни личности.Во реалноста, немам тотално никаква причина за сомнеж во сопругот, ниту сум помислила на такво нешто, па да речеме ете мислите се манифестираат во соништата. Што мислите, каква порака праќаат ваквите соништа? Што би можело да значи?
Ако имаш почесто несогласувања и кавги со партнерот на јаве нормално е да сонуваш такви сонови како што е неверство или дека си изневерена. Можеби потсвесно не му веруваш доволно на својот партнер. Ваквите сонови може и да влијаат на твојот интимен живот со твојот брачен партнер.
 
DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.383
Здраво на сите ! Ако знае некој да го протолкува сонот.

Јас ја сонував баба ми ( она е веќе 5 год почината) јас и мајка ми Али како во сенка беше она како што можам да се сетам сме биле во куќата на баба ми, и баба ми била тажна дека требала да си иде , и јас сум и рекла нема да си идеш сега ќе поседиш со нас , утре ќе си идеш , и била среќна она( јас и баба ми бевме блиски , ја сакав премногу и неможев да и кажам за последен пат збогум затоа што не бев тогаш во Македонија , и сеуште како да ме боли тоа )

И потоа ја гледам јас во дворот нејзин , од стаклото дека разговара со некоја жена , жената имаше марама , ми личеше и помислив во тој момент ова е Св Богородица и јас кога ја отворив вратата нејзина со насмевка и среќна и реков ќе поседиш со нас па ќе си идеш и баба ми беше согласна и радосна.

Некој да може да го протолкува сонот затоа што од кога има баба ми починато само соништа ме мачат вака
Се разбудив со срце биење и со огромна анксиозност

поздрав
И јас често ја сонувам мојата покојна баба, едноставно ти недостига.
 
Член од
22 декември 2023
Мислења
231
Поени од реакции
216
Ухх ја сонував мојата покојна мајка често ми кажува нешто дали треба да ја послушам а јадна млада умре
 
Член од
18 септември 2024
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сонував сон што ме замисли ! Бев во станот на тетка ми среден уреден и како да имало забава некоја . Луѓе познати , непознати , но почна да ми смета и од незнам која причина како да се вознемирив и почнав да ги испраќам луѓето! Што би можело да значи???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom