Леле сонов уф...
Сум била со другарка ми, дечко и, дечко ми, и еден другар на одмор, а дејството се случува на плажа и се гледа и морето. Сите седиме на песок, и дечкото нејзин вика: Ќе се вратам јас. И тргнува некаде т.е. се одалечува. Потоа другарот наш и отвара на мојата другарка тетратка (како на хари потер кога во книгите има филмче) и во неа, таа (и јас и дечко ми) го гледаме (од птичја перспектива) нејзиниот дечко во кревет до една плава, полугола типка како ја бакнува по телото. И не знам како ама сите знаеме дека тие биле на екскурзија, и другарот наш кажува натажен: Јас ги снимав. И после се врти "камерата" во тетратката и го гледаме другарот како ги снима и му се тресат рацете.
Толку. После се разбудив. И сега?