Вака, три пати сонувам еден ист сон, т.е. дедо ми како оди на гробишта.
Првиот сон беше пред околу четири години, како сонував така и се случи, на пат за накај гробишта (задушница) му имаше сообраќајна незгода (без посериозни пореди).
Вториот пат, пред околу две години, потполно истиот сон, и исто така сообраќајка на пат за на гробишта, пак за задушница.
Трет пат.Пред околу два месеци потполно истиот сон, пак на пат накај гробишта.....пред некој ден му изнесуваа 40 дена.
Од кога дознав дека е починат неколку пати го сонувам и ми го збори истото "Ти не дојде да ме видиш, ти отиде, не се ни поздрави"
Не ми е јасно, можно ли да има некоја поврзаност меѓу мене и дедо ми?
УПМ im freaked out!