Астрално патување или астрална проекција е процес во којшто душата се одвојува од телото но сепак останува поврзана со мозокот. Се случува главно ноќе. Повеќето луѓе често доживуваат астрални патувања само што не се во состојба да се сетат на нив затоа што нивниот мозок не употребува доволно од внатрешната свест т.е. во главната меморија на нашиот мозок не влегуваат информации за нашите внатрешни чувства, впечатоци, мисли и забележувања.
На пример, кога шетаме и ќе здогледаме некое дрво, нашиот мозок го регистрира со помош на сетилото за вид и главната меморија на нашиот мозок го помни бидејќи смета дека тоа е важно, или пак го заборава бидејќи смета дека дрвото е неважно. Во овој пример свеста се јавува така што кога ќе го здогледаме дрвото, не е доволно само да го видиме и запомниме, туку за него треба да размислиме и да се обидеме да го почувствуваме, треба да бидеме свесни дека тоа дрво е старо многу години, дека преживало многу многу страшни бури, дека има големи корени под земјата коишто ја впиваат водата и на тој начин го храни своето стебло и лисја итн. итн.... На тој начин свеста навлегува и ја надополнува меморијата и на тој начин стануваме посвесни луѓе...
Како во примерот со дрвото, таков е случајот и со астралното патување: главната меморија не е дополнета со свеста и нема можност за запомнување на тоа што го доживеала нашата внатрешна свест (душата).
Големиот чекор кон можноста за свесно астрално патување е тој да кога одите на спиење да бидете свесни за тоа, така што кога во моментот кога ќе сонувате да доживеете некое чудно чувстви и некако да разберете дека се наоѓате во сон.
Кога ќе станете свесни за тоа вашиот сон веројатно ќе го снема или пак ќе продолжите да сонувате на тој начин што ќе можете да го креирате вашиот сон како што ќе посакате (луцидни сништа) или пак ќе влезете во состојба кога мозокот ќе ви се пробуди пред тоа да го стори телото, т.е. ќе можете нормално да размислувате, само што вашето тело ќе биде парализирано, очите можат да ви бидат и отворени и така да видите една замаглена слика на вашата собта којашто ќе ви се чини како сон. Таа состојба некое време ќе биде и пријатна, но кога ќе сакате целосно да се разбудите, сосема сигурно ќе ги доживеете најужасните мигови во вашиот живот бидејќи нема да можете веднаш да се разбудите.
Ќе се обидете да мрдате со рацете и нозете но нема да можете се додека не ви се создаде толкава паника што ќе почнете да треперите. Во моментот кога растрепереноста ќе помине ќе се разбудите, и некое време нема да си верувате на себе што сте доживеале. Обидете се да го запишете накратко тоа што сте го доживеале, бидејќи ако продолжите да спиете наутро сето тоа ќе ви се чини како да било само дел од некој лош сон. Кога ќе ја доживеете оваа состојба, се наоѓате на прагот на свесното астрално патување....
Првиот знак на астралното доживување е силно трпнење по целото тело, потоа чувство како со лебдење да го напуштате телото и се подигате некој половина метар или метар во однос на телото. После тоа ќе доживеете мали проблеми, на почетокот нема да знаете како да се движите ни што да правите, начинот на којшто ќе гледате ќе ве збунува многу бидејќи ќе гледате слика од 360 степени.
Поради тие наведени проблеми ќе се движите неконтролирано лебдејќи во случајни насоки и со различни брзини, ќе минувате ѕидови, ќе пропадате надолу па одеднаш ќе се кревате нагоре итн. Ќе ви треба некое време да се навикнете на сето тоа. Кога ќе посакате да се вратите во телото треба само да дојдете близу него и автоматски ќе се вратите, при што истото повторно ќе биде проследено со силно трпнење. Потоа ќе продолжите да спиете...
Е сега, еве и некои нешта кон кои треба да се придржувате за време на своето прво астрално патување. Не одете далеку од своето тело, особено не надвор од некој надворешен ѕид на куќата бидејќи постои можност поради непознавање на начинот на движење да се помачите при враќањето назад во телото...
И ако видите некои големи грди или чудни суштества, веднаш вратете се во телото...
ИЗВОР