Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Е добро, астрално тело нека е...од што се состои тоа тело? и дали е можна ситуација како што прашав погоре (замени душа со астрално тело)
Abe koj imase kazano nesto vo vrska so cakrite? Imal nesto kako dobra literatura na taa tema? Ako ima nekoj clen na forumov, sto e iskusen vo toa, da mi kazi nekoi pocetni soveti za meditaciijata itn.....![]()
Види вака, ова нешто постои, јас го имам доживеано. Можам да ти кажам дека си 100% свесен (скоро како буден само имаш некако друга перцепција за околината) додека си го гледаш телото али сега дали се тоа е некоја илузија или вистина се двоиме од физичките тела не можам да ти кажам. Може се некој халуцинации ама можеш да го постигнеш ова и е прилично чудно и уникатно искуство.
Мислам дека ако успееш да ги усовршиш овие техники и успееш да се одвоиш од телото и да видиш нешто во real-time е тогаш имаш доказ дека вистина се двоиш од телото, мислам дека ме разбираш.
Епа еве еден пример дека Астралната проекција не е како плацебо ефектот.
Јас минатото лето првпат доживеав спонтана АП (Астрална проекција), и буквално се одвоив од моето физичко тело и си го гледав како ми спие, а претходно не ни знаев дека постои АП.
Значи јас врска си немав од АП и не ни знаев дека постои АП, а сепак ми се случи да се одвојам од телото.
За АП случајно дознав пред неколку месеци тука на форумов.
Си ја разгедував темава Мистерии на форумов и читам нешто тема Астрална проекција и си викам дај да видам што пишува на темава и кога почнав да читам дури тогаш сватив дека на мене ми се има случено АП летоска.
Ете ти викаш дека АП се случувала затоа што сме читале и сме знаеле за неа, а како тогаш на мене ми се случи АП а јас претходно немав чуено за неа и ништо не знаев за АП.
Да резимираме, двајцата сте спиеле, и сте “доживеале“ астрална проекција. Да не употребивте погрешен термин случајно? Сето тоа ви било сон, сте сонувале сон каде што сте си го виделе своето тело како спие. Не е нишо чудно, ниту надприродно, ниту зенмастерско. Нај обичен сон. Што значи астрална проекција = врста на сон = тоа не се случува во реалноста, it is in your heaaad!
Ако прочиташ нешо повеќе за астрална проекција, ќе сфатиш дека е обичен луциден сон.Ако доживееш Астрална проекција ќе се смееш на овој пост што си го напишал.
Ако прочиташ нешо повеќе за астрална проекција, ќе сфатиш дека е обичен луциден сон.
Еее такаЕ незнам јас тоа не сум некој голем експерт за АП или ЛС, али имам читано дека АП е на повисоко ниво од ЛС.
Еее така
Ова ти е точна изјава.
Астрална проекција е повисоко(подлабоко) ниво на луцидни соништа.
Што значи се ти е до нивото на свест (brain generated).
Е тоа сакав и да кажам :smir: дека Астралната проекција е исто како Луциден сон само на повисоко ниво на свесност.
Али муабетот ми беше дека членот DonJas кажа дека АП била само обичен сон :nenene:
Ако прочиташ нешо повеќе за астрална проекција, ќе сфатиш дека е обичен луциден сон.
Да, точно е тоа што го кажа погоре Interperf.
Научниците имаат дадено објаснување што е Луциден сон, но за Астралната проекција сеуште немаат дадено објаснување и затоа неможе баш да се споредуваат Луцидните соништа со Астралната проекција, затоа што АП е на повисоко ниво од ЛС, односно во АП имаш поголема свесност и поголема контрола на настаните.
И да, Астралната проекција исто така може да се нарече и Вонтелесно искуство (англиски: OBE - Out of Body Experience)
Членот DonJas ти го кажа истото, луцидниот сон, пак е сон, односно начин на сонување, астралната проекција пак е начин на сонување, ама сепак се сведува на основната работа СОН! кога ќе видиш, пак се сведе на моето.
--- надополнето ---
Вонтелесно, луѓе дај бе слетајте на земја. Се ви се дешава во глава, немоеш да искочиш од своето тело. Моеш само да си напраиш илузија во глава базирана на податоците што секојневно ги збираш за околината околу која спиеш. Пошо мозокот работи многу побрзо одошто ти мислиш, ти можда не ги приметуеш детаљите во околината, ама тие ти се у глава. Такада коа ќе легнеш да спиеш и оп астрална проекција = твојот мозок ја генерира околината во која си легнал, врз основа на тоа што го видел во времето што си го поминал во тоа место. Да речеме во таа соба имало шкаф шо не си го видел никогаш, нема да биде таму во твојата астрална проекција, пошо мозокот не е свесен за неговото постоење.
Луцидниот сон, астралната проекција се форми на самоиндуциран трип, односно нешо слично на игра на компјутер, само шо ти се дешава во глава, стануеш способен да ја контролираш твојата илузија.
Такада, не се брукајте многу со тие вантелесни искуства, душевни патувања џагара бугара. Пошо сето тоа ко шо кажав предходно е само еден мајндфак сам себе шо си го праиш.