Олимпијакос и наредната сезона ќе има барем двајца НБА кошаркари бидејќи на Џош Чајлдрес му се приклучу Вон Вафер, веќе бившиот бек на Хјустон Рокетс .
Тој е четвртото засилување на пирејците после донесувањето на Андреас Глинијадикис од Маруси,Маврокефалидис кој се врати од позајмицата во Маруси,Томас Келати од Уникаха кој сепак може да не биде во екипата за наредната сезона со оглед на здравствените проблеми покажани на медицинските тестирања .
Вафер има 24 години, висок е 196 а игра како бек-шутер и потпишувајќи на две години ќе заработи пет милиони евра. Претходната сезона за Хјустон одигра 63 натпревари и просечно бележеше 9,7 поени за 19 минути игра.
Од Атина во НБА се врати Џенара Парго во Чикаго, а екипата ја напуштија и Лин Грир кој замина во Фенербахче и Јоргос Принтезис во Уникаха .