Мал и компактен
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
![Пипи :pipi: :pipi:](/styles/default/xenforo/emot/pipi.gif)
:wink::helou:
па и неам некое искуство со point and shot апарати, али по она што можам да го прочитам на интернет мислам дека вреди да се земи Canon powershot A590IS.
За просумер или компактни, секако би препорачал некој Фуџи модел поради одличниот сензор и оптика кои за резултат имаат добри фотографии како во боја така во острина.
Од пред некое време сум горд заложник на CANON EOS 40D со 17-85 (фабрички објектив), 580 блиц исто од Канон + грип и мемори кард од 4 гига.
Еве една тазе фотка. Само рисајз и направив. Инаку сликано без блиц на сумљивото осветлување во Континентал.
Одличен апарат, јас кога пред месец дена земав апарат се одлучив за 450Д, пошто разликите во “машината“ помеѓу 40 и 450 не ми изгледаа толкави за да оправдаат толку екстра пари. Секако објективот на 40 е подобар од 18-55 на 450 али то е менлива категорија (еден примарен секако ќе ми треба) Инаку 40 има повеќе Бурст мислам 6,4 према 3,5 али ако не си новинар или спортски снимател (што јас не сум) то го занемарив, и двата имат Дигимак-3 ЦМОС сензор со иста големина што е нешто најново (14-бита), само што 450 има 12,2 мегапиксели наспроти 10,10 на 40 (али ако не планираш правење на големи фотки со висока резолуција и то је занемарливо, 40 оди до 3200 ИСО, што е подобро од 1600 на 450 али и то зависи од афинитетите на сликарот и колку сака да слика ноќни сцени, 40 има и максимална брзина од 8000 спрема 4000 на 40 (ееее старите добри аналогци со максимални 500 или дури и 1000 !!)
Блицот ти е одличен, камо јас да имав пари за канон 580, мене половна 430 ми ја нудеа за некои 160 евра па зато си зедов нов Nissin 466 (вчера стигна па уште го испробувам). Грип, и не ми треба барем засега пошто со стандардната батерија тера 500-600 фотки што ми е сега сосем доволно. Имам трипод, ништо нарочно, алуминиум со пристојна висина, како и два додатоци за објектив еден макро-вајд и еден телефото 2,5х али со ова време никакво не сум стигнал да ги прошетам малце повеќе надвор и да сликам. Само приометив дека вајдот ми дава доста vingeting на 18мм aли малце над 18 ги снемува.
Пак честитки за изборот,