Можда сум пишал, можеби и не. Ме мрзи да вртам во темава да проверувам па ај ќе пишам
Во списание видов таква DSLR фотокамера,глев доста слики направени со такви фотоапарати и тоа беше пресудно да јас се заљубам во такво нешто. Ги молев татко ми и мајка ми да ми купат и со тоа да ми ја остварат желбата. Они викаа ајде ќе видиме пари ако собереме. Брзо време дојде мојот роденден собрав пари па се одлучив за Nikon D3100 затоа што од брат ми другар имаше таков. Тркнавме до Скопје во Pix + го купивме.
Ете тоа е историјата како го добив Nikon D3100
Сакав да инвестирам во него додатно откако ќе го поднаучам но излегуваат и други работи во мојот живот и ја баталив таа желба засега.
Со него правам фотки кога идам на одмор некаде, некаде на прослави и друго па после си ги чепкам фотките во Photoshop Lightroom
Задоволен сум како почетник за ваков фотоапарат.