Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
ај сеа не претерувај
секој со своите потреби ама 150гб да кажеш дека за ништо не стигаат... премногу бараш
Еден хд филм ти е 10 гига. Игрите сите по 10 гига. Пресметај што можам јас у еден месец да напраам со 150. За ништо не стигаат, цел месец се стискам и пак еве ми е успорен...И за сите пакети дупло а за тие што највеќе плаќаат нема дупло, ебате математиката.
хд филмовите од 720p се околу 5гб, а има и енкодери што прават ~3гб 720p со губење на квалитет од 5-10%
~20 филма месечно 3-4 игри = 120гб и 30гб луфта
ова ако не ви е доволно нема шо да праиме муабет повеќе

ама ти ќе ми свртиш за 1080p филмови така да..
ај нема везе, џабе е
Ако сте толку филмомани, зарем наоѓате по 20 добри филмови месечно и тоа па уште Full HD? :)

Јас месечно неможам да најдам барем 5 добри филма, а камоли 15-20...
Да не ве цитирам посебно, иван ви објасни веќе. Со 150гб ептен мизерно се осеќам и неможам да уживам. Цело време се стискам кој филм да го симнам и само додавам во списокот иминја на филмови за кога ке имам можност да ги изгледам. Обично симињам 720р, тоа е 4.4гб да речеме, АМА ако добро следите има филмови што се 720р и ги има само по 6.6, 8, 10, 11гб и слично. Друга работа е што имам вложено во телевизор и квалитетен плеер за да гледам максимално добра слика и сите филмови што вредат сакам да ги гледам 1080р, и тука знаете дека скоро сите се ХХгб, па баш пресметај за што ми стигаат 150гб?
Игри не играм воопшто, али затоа знам да симнам некоја опасна ревија кога правам журка да врти во позадина на телевизорот, едноставно ќејф ми е:)
Концерт и тоа знам чат пат да симнам...

Имам брат кој ништо незнае освен YouTube и Facebook, ама па затоа и он ми троши доста, сите песни на јутјуб ги гледа, ХД клиповите ме кинат мислам, си викаш песничка, а има спотови во хд по 150мб па и повеќе. Секој ден по еднаш да го изгледаш, ја гледаш математиката така? Затоа и се чудат тие со 30/60гб кај им отишле а ништо не даунлоадираат кутрите.

И 5 добри филмови има во месецот, само работата е што се повеќе од 5, плус стари негледани, така да филмови има многу. Преку 3-400 имам во колекцијата изледани, и уште 250 во компјутер што чекаат некогаш да бидат изгледани, а во списочето имам уште 150 што ми ги кажале или што сум ги прочитал дека се добри. Најмногу гледам комедии, акција, трилер, драма, крими, мистерија и хорор. Научна фантастика, романси, воени, анимирани... не гледам, така да филмови има уште кујзнае колку добри:) Списокот може до недоглед да иде.
Ако следите по приватните тракери, обично секаде има во неделата 10тина нови филма кои се како препорака од нив, и од 10, секогаш барем 8-9 се стварно ептен добри. После тоа на IMDB.com имате од десна страна бокс офис мислам се викаше, топ 5 или топ 10 филмови во америка и од таму се наоѓаат неделно барем 6-7-8 филма, така да има многу филмови за гледање и симињање.

И дискусијава нема крај. Еднаш кога ќе се навикнете на FullHD филмови, нема назад. Смешните рипови од 2-3гб ми се толку мизерни што неможам ни да ги погледнам, не па филм да гледам. Јебига тоа е.

Работава е се радуваме зашто мораме, како свират така ке играме, се радувам што ми зголемиле од 120->250 а кога ке видише и немаш нешто посебно, брзината не ли можат да ја пуштат на 20 мегабити, што мора да доплаќам плус 200 денари, од лето до сеа немаше лимит нешто у минус да не ги однесовме , немаат гајле мука немаат, а сеа кастрат ко брливи...
Важи уште тоа за 200 денари 20мбпс? Баш барав неделава на сајтот, неможев никаде да го најдам тоа...

Точно дека цените се тие. Цените се истите во последниве 3 години. Единствената новост на истите пакети не ни цената, ни брзината на пакетите - туку големината (и тоа со мизерни 10-30GB) - да бидеме реални.
На прашањето дека никој не ме терал, одговорот е ДА - бев приморан. Значи, во нормалниот свет пред да ти истече договорот, провајдерот ти се јавува, ти одвојува време да анализира колку си задоволен, кои ти се потребите, и да ти понуди продолжување на договорот или некоја нова попримамлива опција. Признавам дека е моја грешка, и дека јас се ослонив многу на нормалниот свет, па последниот пат бев шокиран кога ми кажаа дека договорот ми истекол - и автоматски ми е направен нов договор на 1 година.
Е тоа драг мој Јане се вика РЕКЕТ!!!!
Истотака во примерот А и Б што го дадов со моментални понуди на пазарот незнам дали ги примети само неколкуте стотки (кои во Т понудата што се скоро дупло или 800ден.) или ги спореди и пакетите (30GB / 6Mbps и 200GB / 8Mbps + кабловска). Не е работата дека тие пари ќе се потрошат во првото излегување во град (може да се потрошат и само на загревање пред град (веруј ми не си ласкам :music3: )) работата е да се размисли зошто би дал 800 денари плус за услуга со која што добивам помалку. Градски муабет: Ако 1 литар виски (најсоодветен пијалак со цените на АДСЛ) чини 1000 денари, дали би дал ти 1800 за 300ml? Се надевам ми ја разбираш логиката.
Е сега квалитетот е друга сторија. Како што прочита и во претходниот мој пост “Не дека не се квалитетни, ама стварно доста беше дерење“. Верувај ми дека Т не е единствената компанија која е квалитетна.
Морам да се навратам на товојот пост околу големината на пакетот и дека 150GB ти се малку. Јас имам 30GB за 1799денари, а би имал (се надевам наскоро) 200GB за 999 денари. Двете понуди се тотално обратно пропорционални.

ПС: Да одговорам на твојата прва реченица - Постот не беше напишан за да докажам нешто туку само да анализирам и споредам. Докажување не е потребно - секој сам може да си заклучи и да си одбере. Се надевам нема погрешно да се сфатиме.
Те разбрав да, али јас се водев по тоа, што ако ми дадат 200гб кога квалитетот ќе е никаков? Да поефтино е, али неспоредлива е услугата. И Т-Мобиле се поскапи, ама муабет правиш како што треба. Се префлрив на ВИП од пред неколку месеци, пола од разговорите ми се Ало ало ало, кажи уште еднаш, ништо не слушам, не те слушнав... Ме разбираш и ти нели? На некој што не му значи тиња интернет, ќе си земе кабелски и ќе си вика дека му е топ. Мене ми значи многу да ми е поквалитетен пред се ради работата и живците да не си ги искинам, додека филмовите кои ги симињам и лимитот ми се на второ место.

Прво нека го донесат, па нека го качат.:) Не ми е јасно, 4-5 до сега ми се јавиле да ме прашаат дали сакам да ми активираат оптички пакет, ми дрндаат како навиени што карактеристики има иако ги прекинувам со тоа што им викам запознаен сум, и на крај разговорот се сведува на "А дали знаете дека немате покриеност кај мојата зграда?" (ова јас им го кажувам) и таква збунета незнае што да каже, ќе се извини и ќе спушти слушалка... Може да се толку идиоти?
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
бидете задоволни со тоа што го имате. и ова ви е доста за тие пари. Телеком ви подарува двојно повеќе интернет сообраќај без зголемување на цената, вас пак не ви е доста. Стварно не сте фер.
Се надевам дека ова е сарказам.
Плаќам 40 евра за мизерни 6mbps / ~700kbps. Додека пак, колку за споредба, во Шведска за 30 евра (а сигурно има и поевтини понуди) има 100mbps/100mbps, FLAT. А спореди го нивниот животен стандард со нашиот.
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Се надевам дека ова е сарказам.
Плаќам 40 евра за мизерни 6mbps / ~700kbps. Додека пак, колку за споредба, во Шведска за 30 евра (а сигурно има и поевтини понуди) има 100mbps/100mbps, FLAT. А спореди го нивниот животен стандард со нашиот.
Што пакет имаш бе? Јас за 40 евра имам 10мбпс, 150гб и неограничени разговори ;) Се утепав од зборење во странство, дневната мислам како телефонска говорница ми е, само доаѓаат бабиве да ѕвонат по роднини... :)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

Ваљда има 3max start ама без договор ... како и да е, само сакав да те потсетам дека бесплатните разговори кај и да е ќе ти рокнат, внимавај да не те фати срце по добивање на сметка :)
 
Call & Surf: Comfort+;
Ама има една мала зезанција. Минатата година, накај Април некаде, ми ја спое*аа линијата почитуваните господа од Телекоњ, и од 9 mbps, брзината ми се спушти на 6 mbps. Зошто? Линијата толку поддржувала. А пред година и пол ми рекоа дека 18 мегабити подржува.
Би ги сменил одма, ама немам никаква алтернатива, освен One, кои што ја препродаваат истата услуга.
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Ваљда има 3max start ама без договор ... како и да е, само сакав да те потсетам дека бесплатните разговори кај и да е ќе ти рокнат, внимавај да не те фати срце по добивање на сметка :)
Како ќе ми ги рокнат? 100 саата имам - тие едвај до пола стигам. Кон странство 10 или 20 се, до сега не сме ги надминале. Во деталната се си пишува:)

Call & Surf: Comfort+;
Ама има една мала зезанција. Минатата година, накај Април некаде, ми ја спое*аа линијата почитуваните господа од Телекоњ, и од 9 mbps, брзината ми се спушти на 6 mbps. Зошто? Линијата толку поддржувала. А пред година и пол ми рекоа дека 18 мегабити подржува.
Би ги сменил одма, ама немам никаква алтернатива, освен One, кои што ја препродаваат истата услуга.
Тоа е веќе друго и ми се свиѓа размислувањето за One, само да знаеш и кај мене линијата не држеше повеќе од 6мбпс и бев буквално како пресечен кога ми ставија "10Мбпс", арно ама после 1 месец досаѓање, дојдоа едни батки и ги суредија жиците, ставија некои појачала или кујзнае што и да беа, и сега си уживам:) Пробај, можеби може нешто да се среди. Знам дека живееш малце подалеку, али ништо не губиш.
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Како ќе ми ги рокнат? 100 саата имам - тие едвај до пола стигам. Кон странство 10 или 20 се, до сега не сме ги надминале. Во деталната се си пишува:)

Тоа е веќе друго и ми се свиѓа размислувањето за One, само да знаеш и кај мене линијата не држеше повеќе од 6мбпс и бев буквално како пресечен кога ми ставија "10Мбпс", арно ама после 1 месец досаѓање, дојдоа едни батки и ги суредија жиците, ставија некои појачала или кујзнае што и да беа, и сега си уживам:) Пробај, можеби може нешто да се среди. Знам дека живееш малце подалеку, али ништо не губиш.
Јас им досаѓав подолго време, ама не средија ништо. Им пречело уличното осветлување кое било инсталирано на нивна бандера од страна на општината, без нивна согласност. И сега поради тоа јас имам бавен интернет, ни крив, ни должен.
Само во Македонија.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.211
Поени од реакции
8.312
Од 1 Март, вклучениот сообраќај во сите пакети се зголемува двојно. 15GB стануваат 30GB, 30GB стануваат 60GB, 150GB стануваат 250GB. И уште ова, брзината по надминување на лимитот се зголемува на 256 Kbps/256 Kbps. Драги наши пријатели ви посакуваме опуштено сурфање...
добро утро..
 
Член од
6 август 2009
Мислења
25
Поени од реакции
3
Денеска го приметив следново: Bandwidth (Up/Down) [kbps/kbps]: 766 / 14.242
Поголема брзина + 250 гига = среќно мече :vozbud:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.222
Поени од реакции
952
Како да дознаам дали веќе ми го пуштиле “дуплиот“ интернет? :)
Или да го надминам па да обрнам внимание на брзината? :))))
 
Член од
9 март 2009
Мислења
212
Поени од реакции
24
Имам купено домаин и простор од т-хоме, сакам да си направам емаил адреса пример nuke@mydomain.mk - но за жал неможам да се сетам како се правеше ова :P
Благодарам.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
780
Поени од реакции
385
Имам купено домаин и простор од т-хоме, сакам да си направам емаил адреса пример nuke@mydomain.mk - но за жал неможам да се сетам како се правеше ова :P
Благодарам.
http://nda.t-home.mk
Со секој хостинг пакет, корисниците имаат одреден број на e-mail адреси на својот домен (...@imenafirma.com.mk).
Преку оваа страница, администраторите на тие e-mail account-и, можат да ги администрираат.
 
С

Спенсер

Гостин
Денеска го приметив следново: Bandwidth (Up/Down) [kbps/kbps]: 766 / 14.242
Поголема брзина + 250 гига = среќно мече :vozbud:
Другар што имаше 15гб,симнуваше симнуваше... се до 30гб, кога надмина 30гб,тогаш му се успори :) Можеби се пуштени новите пакети??? :)
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.736

Kajgana Shop

На врв Bottom