Почнав во теретана, е сега ме интересира исхраната. Ќе прогуглам, тоа сигурно, само подобро ми е некој што го применува тоа да ми каже. 183/75 сум. Што да внесувам, колку да внесувам, што да избегавам?
А да, и не планирам да земам прашоци/апчиња такви ствари. Барем не сега.
Драгане, веќе спомнав во повеќе наврати, но еве за тебе уште еднаш
Значи 2 гр протеин на 1 килограм телесна тежина, 3 гр јаглерохидрати и 1 гр масти.
Според твојата килажа 150 гр протеини, 225 гр јаглерохидрати и 75 гр масти дневен внес.
Туна, Пилешки гради, стек (едно те исто) и јајца се главните продукти кои ја зголемуваат мускулната маса.
Витамините се неизбежни, мораш да ги внесуваш.
И зелените салати се делот кој што треба да го припазиш
Дајте некоја "дрога" за да се подздебелам 10 - 15 кила.јадам ко скинат ама џабе имам брз метаболизам.и 1 кило месо да изедам никакви резултати.
За вежбање немам време ич така да ми треа нешто екстра да подклам маса
Внесувај обичен Whey протеин, така ќе добиеш на маса (доколку не вежбаш како што викаш ти) гледај на пакувањето да пишува Mass, а не Lean Muscule. :wink:
Одам во теретана во 17 и 30 , завршувам во 19 и 30... вежбам Гради, стомак, трицепс до даска!!!
)
идам дома 20мин до 20:00... јадам салата(марулки), 100грама свинска кременадла, 3 цели јајца, 300 грама ориз.
дали е добро јадењево и колку саати пред спиење треба да се јаде????
поздрав
Добра е. Знаеш големиот Ronni еднаш рече “Не ги сфаќам како можат да прават протеински циклуси на секои два саати,а во текот на ноќта додека спијат, тоа да не важи“
Што значи пред спиење конзумирај тешко разложувачки протеин со што би ти овозможил протеинско хранење во текот на ноќта.
Околу твоето јадење, непосредно по тренингот е потребно неговото внесување со што би овозможил хранење на мускулите.