здраво момци, како да го затегнам стомаков некој да ми каже или со само одење в теретана, вежбање, како и правилна исхрана би излегле и би се отцртале стомачните????
Исто така и овие делови сакам да ги зацврстам:

дали имат нешто за земање ?
- трчање на тревната подлога, и тоа со јакна - шушкавец, не помалце од 45 минути со средно споро темпо (нормално најпрво загревање истегање, мало истрчување пример 2х1км и после главното од 45 мин)
- трчај 3 недели (5-6 дена неделно) и зголемувај секој ден +5 минути;
- ако притоа си мерак за додаток би ти препорачал Л-карнитин (пакување од 1л, во кое имаш за околу 20 дена, и би те чинело околу 900 денари)
- стомачни и тоа по минимум 500-600 дневно, најразлични стомачни, долги горни брзи со тежина и сл. се си има свој ефект.
- поточно за тој дел постои вежба (странични стомачни): легнуваш на грб, со свиткани нозе во колената, се подигаш и го правиш засукување на трупот во една или друга страна, во едно подигање на двете страни или на секое поединечно соодветно л/д.
- странично (бочно) легнат, со исправени нозе, и подигање како стомачен, колку можеш највисоко, па менуваш страна на лежењето и повторно истото....само ти е потребен некој да те држи исвен ако немаш добра алтернатива клупа/справа каде ќе ги потпреш(заглавиш) стапалата
- со два еднорачни тега (10-15 кг), стоечка положба, исправен во грбот, со споени нозе (мирно ко у војска), теговите ги држиш спуштени лабаво до телото, и наизменично се навалуваш лево и десно, по 20 повторувања за почеток ти се ок, после зголеми го бројот.....Истово може да се изведува со справа со сајли наместо со тегчиња, но би ги препорачал бучиците пред се!
Среќно со симнување на „спојлерите’’
