Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
можам малце да ти помогнам.. пробај сам еве ке ти предложам јас.. значи јадење само варена храна, повеќе манџи нека бидат,јадеш само 3 пати дневно односно доручек ручек вечера со тоа што вечерата ти е не подоцна од 9 часот.. у текот на денот пиеш цело време вода и ништо друго, едино природни сокчиња ама и со нив не претерувај до 2 највеќе дневно, а навечер со вечерата можеш чаша млеко да се напиеш.. значи внесувај протеини, јаглехидрати (умерено) и малце калории и маснотии.. омега3,6 ти се здрави маснотии и неопходни и дури помагаат при исфрлање на масти.. нив можеш да ги најдеш во маслиново масло така да јади маслиново масло..

потешкиот дел, бар јас како се исчистив..
1 ден трчање , 2 теретана ..

не заборавај на внесот на протеини и јаглехидрати(умерено) пошто ти требаат за трчањето и вежбањето.. гледај само да е што понемасно..

ова е само мое мислење како јас направив и не ослабев ни кило (не ни ми беше тоа целта), ама се исчистив пошто бев на маса и имав доста маснотии.. комбинирано со трчање и вежби за дефиниција е топ..
Е сеа ти ако сакаш да слабееш тоа е веќе друго.. Се надевам ке има некој да ти помогне и таму а и за ова да ти остаи некоја исхрана..
 
Фала многу за помошта се надевам дека ке ми помогне
ова е само мое мислење како јас направив и не ослабев ни кило (не ни ми беше тоа целта), ама се исчистив пошто бев на маса и имав доста маснотии.. комбинирано со трчање и вежби за дефиниција е топ..
Е сеа ти ако сакаш да слабееш тоа е веќе друго.. Се надевам ке има некој да ти помогне и таму а и за ова да ти остаи некоја исхрана..
Инаку да сакам само да се исчистам не да слабеам
:smir: :salut:
 
Ја следам оваа тема и гледам дека има добри постови од страна на некои членови имам едно прашање - Од кога ке завршам со тренингот после 1 сат 1 и 30 минути дали е во ред да јадам Шпагети, Макарони ?
 
Ја следам оваа тема и гледам дека има добри постови од страна на некои членови имам едно прашање - Од кога ке завршам со тренингот после 1 сат 1 и 30 минути дали е во ред да јадам Шпагети, Макарони ?

а може вака кога ке дојдеш од тренинг се тушираш за тоа ти треба 10 мин. + 10 мин. да се одмориш малце за тоа време кој има дома ке ти свари 5,6,7,8,9,10 јајца ....значи најкасно пола саат после тренинг да јадеш.... мислам ако сакаш :)
 
Ме мрзеше да ја читам цела тема па ај во еден пост ќе си прашам...16 години добри ли се да почнам со теретана? и што треба да пијам сакам да обликувам мускули на градите и стомакот! одев на теретана едно 2 месеца пред 1 година ама таму немаше кој да ни покаже како...и сакате верујте сакате не .. К***В неможев да си го држам од шо неможев да си ги мрднам рацете..Поздрав
 
16 години добро ти е зависи од твоето тело дали се имаш извишено ова она доразвиено.. суплементи немора да земаш и немој да мислиш дека кузнај колку ке ти помогнат ако не пазиш на исхрана...
 
дали имал некој искуство со овој производ USPlabs Jack3d
 
дали имал некој искуство со овој производ USPlabs Jack3d
Не знам што се замараш со вакви preworkout suplements, според мене се џабе фрлање пари..со тие пари, купи си една канта whey протеин, или купи си 5 кг стек, 2 табли јајца итн...Али добро, твое си е тоа, ако си финансиски способен да го поднесеш тоа...Инаку, да ти одговорам на прашањето. Еден другар го користеше, него одлично му делуваше, беше многу задоволен и од пумпање, но тоа немора да значи дека истиот ефект ќе го има кај тебе... Има разлика од човек до човек, ефектот е различен. Еден другар имаше купено horse power, исто preWO суплемент, ја пробав 3-4 дозерки, цело тело ко да ме боцкаше, рацете малце ми играа, а тој воопшто ништо не осети.
 
Имам едно прашање и чекам одговор од поискусните. Кога вежбате раце ( бицепс, трицепс) со која тежина работите и која тежина е препорачлива, дали да форсирам голема тежина (некои викаат дека така само ги горам малите мускулни влакна) или да вежбам со помали бројки?
Колку за пример бицепс со крива шипка кревам 50 кг, со еднорачни 20 ки, трицепс еднорачни 15 ки, потисок од чело 40 кг.
 
Пред 2 дена зедов протеин во вид на прашак, со вкус на чоколадо...
Со вода кога го пијам вкусот не ми е добар, па би ве замолил да ми кажете со која друга течност се конзумира.
Ви благодарам.
 
Какви вежби да правам за страничните абдоминални мускули (m. obliquus externus et internus)
 
Пред 2 дена зедов протеин во вид на прашак, со вкус на чоколадо...
Со вода кога го пијам вкусот не ми е добар, па би ве замолил да ми кажете со која друга течност се конзумира.
Ви благодарам.
Со обезмастено млеко, со џус...

Какви вежби да правам за страничните абдоминални мускули (m. obliquus externus et internus)
Како и стандардните стомачни кога нозите ти се статични, телото го креваш на нагоре и при самото кревање го вртиш кон лево и десно.
 
Имам едно прашање и чекам одговор од поискусните. Кога вежбате раце ( бицепс, трицепс) со која тежина работите и која тежина е препорачлива, дали да форсирам голема тежина (некои викаат дека така само ги горам малите мускулни влакна) или да вежбам со помали бројки?
Колку за пример бицепс со крива шипка кревам 50 кг, со еднорачни 20 ки, трицепс еднорачни 15 ки, потисок од чело 40 кг.

Како реагираат твоите бицепси на тренинзите кои ги применуваш?
 
Како реагираат твоите бицепси на тренинзите кои ги применуваш?
Се пумпаат подобро со големи килажи и затоа до сега работев така, но поискусни лица ми викаат да намалам килажа бидејќи бицепсот и трицепсот се мали мускулни групи и така ги горам и не му дозволувам да растат.
Според мое мислење за мускулот да расте мора да се употребуваат големи килажи со тоа што ќе дојде до кинење на мускулните влакна и по одморот создавање на нови и посилни.
Незнам дали да продолжам да форсирам големи килажи или да правам со помали бројки?
 
Не знам што се замараш со вакви preworkout suplements, според мене се џабе фрлање пари..со тие пари, купи си една канта whey протеин, или купи си 5 кг стек, 2 табли јајца итн...Али добро, твое си е тоа, ако си финансиски способен да го поднесеш тоа...Инаку, да ти одговорам на прашањето. Еден другар го користеше, него одлично му делуваше, беше многу задоволен и од пумпање, но тоа немора да значи дека истиот ефект ќе го има кај тебе... Има разлика од човек до човек, ефектот е различен. Еден другар имаше купено horse power, исто preWO суплемент, ја пробав 3-4 дозерки, цело тело ко да ме боцкаше, рацете малце ми играа, а тој воопшто ништо не осети.

пред да се го порачам суплементов мн се распрашував и се одлучив на нешто слично како што пишува во постов купив 4 кг. смрзнат стек и 5 кг. компири е сеа уште да му удрам една математика со протеини и јх. и ќе биде топ иначе фала мн...:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom