Уфффф , ама прашање .. ама не ти се потсмевам .. секој ахрана е составена од три основни вида на елементи : јаглехидрати ( шеќери ) , протеини и масти .. Јаглехидратите ти се основен извор на енергија за мускулите , таму се наожат у форма на гликоген , тоа е гориво за мускулна активност , без нив мускулот не функционира . Протеините сти се циглите на мускулите , они го градат мускулот , тие ти се есенциални , најпотребни за градба на мускулно ткиво и секој друг вид на ткиво у организамот . Мастите т.е салото се скалдираа како резерви на енергија , кога организамот ќе ги потроши јаглехидратите во мускулите , тогаш се користат мастите за создавање на јаглехидрати и на тој начин се слабее .
Значи мора да јадеш од се .. Секој храна ги содржи овие три компоненти , само со различна концентрација . Јаглехидратите дебелееат ако се внесуваат во вишок , а не се трошат . Тогаш се претвораат во масти т.е сало и така се дебелееш .
Сега појасно ти е ?