Алекс, едно прашање, проценка или сугестија ако не ти е тешко.
Со намалување на исхраната се намалува и снагата нормално, но и обемот на мускулатурата односно се топат мастите и се чисти мускулот. Е сега, да мине летото мислам да земам протеини пошто не можам да постигнам со редовна исхрана да изградам мускулна маса -таа исхрана е доста скапа и многу ригорозна. Доколку досега комбинирав овој начин на вежбање со додатни протеини ќе имав доста голема маса, но мастите немаше да се трошат и тежината немаше да се намали баш како што јас сакам.
Прашањето е - Од сите протеински препарати дали whey протеините се најчисти, најсоодветни за оваа намена? Да се чисти телото, а да се дава протеин на мускулот? И дали ако се земаат овие протеини е потребно да се продужи со амино или амино да ги исфрлам од употреба?
Малку поголем вовед, ама ...