Имам вежбано пред 4-5 години, и имав добри резултати, почнав да правам мускули и маса. Но се разболев ( не од вежбањето
), лежев во болница 2 недели и од тогаш не сум вежбал пак. Сум одел така по еднаш со надеж да почнам пак, но ништо.
Но од скоро еве почнав пак да одам на боди-билдинг и решен сум да одам редовно, со цел здрав организам и дух, како и добро оформено тело.
Инаку земав аминокиселни
BCAA - Branched-chain amino acids да пијам, во вид на капсули(150бр.).
Една капсула содржи :
L-Leucine - 250 mg.
L-Valine - 150 mg.
L-Isoleucine - 100 mg.
Исто така овие составки се содржат во храната, месото, јајцата, млекото и др. BCAA се дел од протеините.
Има некои предности со овие аминокиселни :
- Го зголемуваат мусклуниот метаболизам и синтезата на протеини
- Те заштитуваат од загуба на мускулна маса
- Го убрзуваат враќањето на масата
- Го зголемуваат горењето на мастите
- Идеални се за сите кои сакат да покачување на мускулната маса, енергијата и силата.
Инаку се пијат 3-4/2гр. капсули пред и 3-4/2гр. капсули после тренинг.
Ако некој вака има поискусен со овие работи да кажи може ли да се искомбинираат со некое посебно хранење и посебен тренинг овие аминокиселни. Јас си знам дека треба основното хранење при вежбање да биде задоволено, но дали има и некои работи плус кои јас не ги знам
.