Понудата важи само за оние кои условно кажано немаат лимит:
Со воведувањето на новите брзини, корисниците ќе имаат можност да добијат и Premium брзина до 20 Mbps за доплата од 200 денари месечно без ДДВ (236 денари со ДДВ). Premium брзината ќе важи само за MaxADSL 100, Call & Surf Comfort +, 3 Max Comfort + и MaxADSL Pro Flat пакетите, доколку има техничка можност на бараната локација.
за жал не постои пакет от т -home без лимит. ебати фер политиката:
3 Max Comfort - '''За неограничениот интернет сообраќај важи политика на фер користење која подразбира сообраќај од 150 GB месечно. По надминувањето на овој сообраќај, брзината на пристап се намалува на 64/64 kbps. ''
MaxADSL Pro Flat:
* Доколку месечниот сообраќај надмине 400GB или во случај на злоупотреба, Македонски Телеком го задржува правото да ја намали брзината на пристап на 64/64 kbps
не дека 400 гб е малку , ама за 5.593 денари па и треба да е неограничено без тие фер користења .
не ми е јасна само онаа услугата Flat NET, и тука пише демек неограничено до 2 мб брзина, цени не пише. и дали има пак некоја ѕвездичка кај неограничено зборот, ама толку мала шо не се види :wink:, или ќе стане видлива коа ќе стаиш FlatNet i одеднаш видиш ти ја намалиле брзината со глупиот изговор на фер користење.