Скопје calling... асална Архитектура needed!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?

  • Вкупно гласачи
    236
Кој гради бе футуристички градби освен Арапите кои до пред 20-30 г. живееа во шатори???
И ај кажете што подразбирате под футуристички градби.900 м зграда,островчиња во Вардар,облакодер од 100 спрата...

Прва исправка - арапите не градат. Арапите само имаат пари кои не знаат како поинаку да ги потрошат, и сакаат да се покажат во нешто. Идеите и проектите се во најголем случај проекти од западниот свет.

Втора исправка - никој не бара футуристички згради. Тоа што е потребно се современи објекти. Висината е предиктирана од околината во која се гради. На секој простор му е потребна доминанта, но истата да биде во хармонија со габаритот на опкружувањето. Ова не се 900 метри згради, ама се современи. Бујрум:

0fbd-Solar-Energy-Efficient-Building-in%20Beijing.jpg

Па чак и ова, иако е градено во време кога... некој од вас би го нарекол комуњарско време:

kb223q.jpg

И, еве еден пример како се однесуваат со објектите и со фасадите оние, кои навистина имаат историски вредни објекти, истите ги почитуваат и ненаметливо се дополнуваат на нив, земајќи ги принципите и преведувајќи ги на нов, современ јазик. На начин што, објектите не се негираат сами со себе, туку уште повеќе се надополнуваат:

Salta%20palace%20and%20modern%20building%20reflecting.JPG

(Не ја коментирајте стаклената фасада, и дека такви сме имале премногу. Гледајте ги деталите на пиластрите/столбовите, на лаковите и на завршниот венец. Сите три се елементи на класичната архитектура, и сите три се истакнати и на новиот објект, многу суптилно и со почит кон историскиот стил)
 
Значи гледам некоја трибина по повод “Скопје 2014“... и с*ре маестро Данило Коцевски по секој кредибилитет што го имал, но нејсе... Гледам поволно за проектот се изјаснува и некојси Вангел Божиновски. Познато ми е името - и да, по малку гуглање, тоа е авторот на она невидено, АЛИ НЕВИДЕНО сра*е, т.н. Куќата на Мајка Тереза, во споредба со која на пр. “новата“ зграда на собранието на Валандово (кој бил знае за што зборувам, кој не бил: еден куп цигли и бетон, никогаш незавршен) е РЕМЕК ДЕЛО на архитектурата. Па покријте се со капата бре, ако овој дилетант ви го подржува проектот, па јас веднаш СПРОТИВНО од тоа би правел! Би откажал се што тој глупак подржува! Не би му дал да проектира ни од оние мини-фонтани, за пиење вода шо се...
 
Секоја креативна епоха во развојот на цивилизациите имала своја концепција за просторот и, на крајот, за архитектонскиот изглед на објектите. Со оваа понудена визија имам страшна дилема. Ова, според мене, може да биде токму на линија на оние што го оспоруваат нашиот културен идентитет, на линија на антимакедонизмот. Само новокомпонирана држава и нација, која немајќи сопствен израз и културен континуитет, мора да посегне по туѓи времиња, изрази и стилови, носталгично враќајќи се кон минати времиња.

А ние не сме новокомпонирани, туку прастари, и со традиција. Со наши времиња, изрази и стилови. Сега, јасна е поентата зошто некој е против?

Епа ај, нацртано: За да не се негираме самите себеси и СОПСТВЕНАТА историја и култура!

Триумфалните порти ги слават војсководците, императорите кои доаѓаат од големите војни во кои освојуваат територии, жителите ги слават, а тие поминуваат низ триумфална порта. Обично зад нив стои моќ и креација на авторитарна личност, потребата да се слави личноста на императорот.

Тогаш, кого славиме ние? Или, ако некој бара да биде славен, барем нека каже јавно, како што кажувале и барале оние, на кои им се граделе ваквите капии.

Цитатите се од интервјуто со проф. Јасмина Силјановска од Катедрата за Урбанизам на Архитектонскиот Факултет во Скопје. Комплетното интервју може да се прочита тука.
 
Една убава статија на Таратур порталот http://www.taratur.com/node/13985

1. Да се затворат сите театри, да се уништат сите вајарски работилници, да се изгорат сите сликарски четки, сите културни институции да се претворат во магацини - народот нема леб да јаде, а тие творат, создаваат уметност. Глупости! Да живее другарот Мао Це Тунг и ’Културната револуција’! И другарот Енвер Хоџа!

2. Треба и снимањето филмови и филмските фондови да се забранат. Па, народот нема леб да јаде. Сите умираат. На кого му е до гледање филмови? Еве и уште една одлична идеја. Парковите да ги направиме ниви. Зошто ни се паркови? Обична трева. А, таа не се јаде. Да го посадиме Градскиот парк со компири. Народот ќе има повеќе за јадење.... Па, откако ќе се најаде, можеби ќе пушти срце и ќе даде изим да им оддадеме почит на предците кои се бореле за нашата слобода.

3. 80 милиони евра во четири години биле премногу потрошени пари и лошо проектирани бидејќи изборот бил театар, музеј, суд, архив, филхармонија, мостови, споменици.... 150 милиони евра годишно за луксузни возила и сл. од буџетот, не се ништо. 500 милиони за администрација што цел ден пие кафе, пак не е ништо. Нив, никој не ги спомнува, ниту се буни... Но, нив и никој не ги гледа. А, некој ќе мора да оди на театар. Некој што упорно се труди да биде неписмен!

4. Архибригадирите се бунат дека ќе им бил одземен просторот и слободата да пешачат по левата страна на кејот на Вардар. Онаа каде што на младите девојки до пред некое време им се советуваше да не пешачат сами навечер, бидејќи црната хроника беше исполнета со трагични случаи. Онаа каде што до пред некое време зјаеше грдата автобуска станица со едно чудо прематари... Таму каде што уличните светилки се кршеа секоја вечер....

5. На Александар Македонски не смее да му биде изграден споменик во Скопје. Бидејќи според Грците, а тоа го потенцира и дел од нашата јавност и спин медиумите, кралот на Македонците немал никаква врска со Македонците. Додуша огромни споменици на Александар има во Солун (град кој не бил изграден додека тој бил жив), Александрија, Египет, САД, Единбург, Шкотска и на десетици други места. За Американците знам, но еве и Шкотланѓаниве имале повеќе врска со Александар штом тие смеат да му изградат споменик. Во Единбург!

09.02Makedonija3.jpg

6. Албанците ни велат дека со споменици не се оди во ЕУ. Toa, oткако го направија Скендербег во Скопје. Требало и да се запази мултиетничкиот карактер. Како што го запазија при изградбата на десетици споменици за сите жртви и херои од ОНА во западна Македонија, музеј на УЧК.... и најавија споменик на Џемо Хаса во Гостивар. Да, да, тој истиот Џемо Балистот што се борел на страната на фашистите. Само како тоа ќе го објаснат (ако евентуално некој ги праша) на меѓународниот фактор. Споменик за фашистички херој! Европско, нели....

7. Грците веќе се во ЕУ. Затоа тие имаат право на споменици. Најавија нов, голем споменик на Александар. И тоа ќе го градат во Ирак. Додуша тие немаат проблем со буџетот и економијата. Нели, не се во колапс...

8. Медиумите имаат избор. Или ќе бидат против проектот за разубавување на Скопје и ќе спинуваат секој ден со пропаганди, повторувајќи ги грчките позиции, или во спротивно ако се за, ќе им биде залепена партиска налепница, па ќе бидат демонизирани....

9. Јавното мислење покажувало дека народот бил против градење и разубавување. Чудно нешто, групите на Фејсбук и анкетите не покажуваат баш така. Интересна работа се манипулациите...

09.02Schermerhorn.jpg
[SIZE=0.5]Кич Американци - Schermerhorn Symphony Center изграден во 2006г. [/size]

10. Кич било да се градат градби што му припаѓале на минатото. Како што е кич, пирамидата пред Лувр на пример. Или Сенатот на САД. Или пола згради на институции во Англија, Франција, Германија... Се е тоа кич! Не е кич само ’модерниот’ трговски центар во Скопје и неговиот ’додаток’ пред него. Како и трафиките во разни бои...

11.
(Нека стои недовршено до 2014. Да не излезе како таа на нероден Петко сите капа што му кроеле...)
 
Битно нема народ леб да јаде...не ради естетика или пренатрупаност. Оф, колку се грижат за тој народ, работата е аман не ме брани :tapp:

најавија споменик на Џемо Хаса во Гостивар.
Колку што ми е познато, споменик има во Симница, гостиварско. Но кој да реагира за тоа :toe:
 
Таратур напиша:

1. Иронија која само го прикажува ситиот стомак на авторот.

2. Уште една иста. Авторот не разбира дека никој не му брани да ваја дома и да го прикаже тоа во еден од македонските музеи или културни центри. Секако, ако има пари да плати за изложбата.

3. Тука авторот веќе покажува неинтелигенција. Како тоа никој не ги спомнува, ако таратур.ком нема форум, нека го пролиста овој овде, да види какви дебати се водат, или подобро, нека ја пролиста архивата на одделот Политика под капата на кајгана.ком, гугл ја чува, да види дали никој не ги спомнува сите трошења пари како да се тоалетна хартија во англиски замок.

4. До сега мислев дека оние делови кои не се сигурни за граѓаните, власта треба да ги направи сигурни. Да вложи во својот народ и неговото здравје, не да става лимени огради за само наркоманите да бидат доволно упорни да ги прекачат.

5. Авторот или има шест години, или е толку отруен од дневно политичката реторика што гази во жива кал кога пишува вакви убави текстови. Александар Македонски никому не му пречи всушност, парите кои ги дава народот од својот џеб за него, наместо во фондот за здравство пречи.

6. Како сите овие глупости за “браќата“ ја засегаат Македонија и нејзиното мнозинско население? Затруени националисти, би рекол Да.

7. Грција ќе гради споменик во Ирак? :pos: Ова е најсмешното нешто денес кое го прочитав. Како и да е, последен пат кога проверив, нашите јужни соседи земаа околу две ипол илјади месечна плата во просек. Ние земаме околу 250. :toe: Колапс, можеби... можеби и Македонија е на пат да стане Брунеи, ене ја нафтата само чека да бликне од под земја... можеби.

8. :) Авторот конечно објавува дека има членска на ВРМО. Good for him. Следен чекор, земи си и на СДС, за секој случај, да не ги лажираат следните избори. :wink:
Патем, се сложувам дека медиумите се исполитизирани. До коска и тоа.

9. Манипулациите рече?

10. Симфонискиот центар во Нешвил, не знам зошто би навлегол во вакви тривијални муабети, но ајде... зградата на македонската опера и балет, има одлична локација и одлично се вклопува во околината. Слично, твојов “нешвил“ е маркантен на својата локација, не делува како лего играчка на деца од 5 години кои се импресионирани од History channel. Као дрвосечачот Коце Трајановски кој импресиониран од Париз реши да ја врати коцката.

11. Целиот штос на “проектот 2014“ е перење пари. Мнооооооооооогу големи пари. Опозицијата дури влегува во целата машина што ми остава дури простор да се сомневам дека и тие се во играта, иако не верувам дека Б.Ц ќе му се исплати да ги изгуби следните избори за сега да заработи нешто со тоа што ќе ги активира своите партиски полтрони да гракаат против битноста на овој мега проект и да го одвлече вниманието од вистинската работа, крадењето од буџетот за овие градби.

По 10 години тотално небитно ќе биде како тие ќе изгледаат, Скопје пак ќе биде истата дупка со луѓе кои го сакаат без разлика на се`, односно плукаат по него без разлика насе. Градот и онака е грд, ова може малку да го мрдне само од мртва точка. Но дека нешто спектакуларно ќе се случи, мижи Асан да ти баам.

Прати му го сеа ова таму некаде на Таратур... да му покаже на шефот педерите од сдс како му контраат.
 
Најдобро е ништо да не се гради така сигурно ќе бидат лишани од можноста да исперат пари.

Или, една луда идеја ми дојде на памет, замисли кога би било ова изводливо... :vozbud: Да не се перат пари а да се гради... :nesvest:
Брррр... страв ме фати од имагинацијава моја. Што е следно во мојата глава, само 15% невработеност во Македонија? Уух, да не претерувам. :nesum:
 
Јас имам една голема дилема: барокните градби се печат на некој период од 16-ти до почеток на 18-ти век. Ке правиме збунка во енциклопедиите на уметноста?
“Скопје-истурено одделение во ерата на барокот!“
 
1. Иронија која само го прикажува ситиот стомак на авторот.

2. Уште една иста. Авторот не разбира дека никој не му брани да ваја дома и да го прикаже тоа во еден од македонските музеи или културни центри. Секако, ако има пари да плати за изложбата.

3. Тука авторот веќе покажува неинтелигенција. Како тоа никој не ги спомнува, ако таратур.ком нема форум, нека го пролиста овој овде, да види какви дебати се водат, или подобро, нека ја пролиста архивата на одделот Политика под капата на кајгана.ком, гугл ја чува, да види дали никој не ги спомнува сите трошења пари како да се тоалетна хартија во англиски замок.

4. До сега мислев дека оние делови кои не се сигурни за граѓаните, власта треба да ги направи сигурни. Да вложи во својот народ и неговото здравје, не да става лимени огради за само наркоманите да бидат доволно упорни да ги прекачат.

5. Авторот или има шест години, или е толку отруен од дневно политичката реторика што гази во жива кал кога пишува вакви убави текстови. Александар Македонски никому не му пречи всушност, парите кои ги дава народот од својот џеб за него, наместо во фондот за здравство пречи.

6. Како сите овие глупости за “браќата“ ја засегаат Македонија и нејзиното мнозинско население? Затруени националисти, би рекол Да.

7. Грција ќе гради споменик во Ирак? :pos: Ова е најсмешното нешто денес кое го прочитав. Како и да е, последен пат кога проверив, нашите јужни соседи земаа околу две ипол илјади месечна плата во просек. Ние земаме околу 250. :toe: Колапс, можеби... можеби и Македонија е на пат да стане Брунеи, ене ја нафтата само чека да бликне од под земја... можеби.

8. :) Авторот конечно објавува дека има членска на ВРМО. Good for him. Следен чекор, земи си и на СДС, за секој случај, да не ги лажираат следните избори. :wink:
Патем, се сложувам дека медиумите се исполитизирани. До коска и тоа.

9. Манипулациите рече?

10. Симфонискиот центар во Нешвил, не знам зошто би навлегол во вакви тривијални муабети, но ајде... зградата на македонската опера и балет, има одлична локација и одлично се вклопува во околината. Слично, твојов “нешвил“ е маркантен на својата локација, не делува како лего играчка на деца од 5 години кои се импресионирани од History channel. Као дрвосечачот Коце Трајановски кој импресиониран од Париз реши да ја врати коцката.

11. Целиот штос на “проектот 2014“ е перење пари. Мнооооооооооогу големи пари. Опозицијата дури влегува во целата машина што ми остава дури простор да се сомневам дека и тие се во играта, иако не верувам дека Б.Ц ќе му се исплати да ги изгуби следните избори за сега да заработи нешто со тоа што ќе ги активира своите партиски полтрони да гракаат против битноста на овој мега проект и да го одвлече вниманието од вистинската работа, крадењето од буџетот за овие градби.

По 10 години тотално небитно ќе биде како тие ќе изгледаат, Скопје пак ќе биде истата дупка со луѓе кои го сакаат без разлика на се`, односно плукаат по него без разлика насе. Градот и онака е грд, ова може малку да го мрдне само од мртва точка. Но дека нешто спектакуларно ќе се случи, мижи Асан да ти баам.

Прати му го сеа ова таму некаде на Таратур... да му покаже на шефот педерите од сдс како му контраат.

Дај те молам.
Прво за опозицијата е грев да се даде било каков коментар, за нивните 10 и повеќе години на власт не изградија ни еден објект ниту па имаа некој голем проект. Според тоа треба да молчат. Греота се.
Второ градот нема да изгледа како дупка како што ти ја нарекуваш бидејќи со овој проект градот има визија и иднина.
Мене не ме интересира колку пари се потребни за изградба ниту кој го финансира проектот, јас сакам да го видам Скопје како град во кој неговите жители ќе бидат горди и среќни со тоа што го имаат.
Со песимисти тешко се живее. Исто и со луѓе што само плукаат без аргументи.
 
:pos: Што е тоа што ги тера луѓето секогаш да викаат “А опозицијата што направи за нивното време“? Ме заболе мене курац за СДС, може да испоцркаат very this second. А ти брат, ако не си горд на скопје, не се нарекувај скопјанец. Скопје да е три куќи со ве шшупи, ја сум тука роден и горд сум на него, а ако треба да се грижам шо ќе каже некој посран швеѓанец коа ќе дојде онда да ти се мочам на менталитетот македонски. Мој си е, каков и да е, го сакам.

А заради тоа, се грижам и каков ми го праат. Коа ќе ги изградат, пак ќе се сликам пред тие градби, али факт е, дека на Скопје му треба баш визија, ама не ваква. Му треба визија да го среди за скопјани да можам да живеат во град, не во шупа, зашто ние не сме шупци, туку граѓани.
 
Дај те молам.

Второ градот нема да изгледа како дупка како што ти ја нарекуваш бидејќи со овој проект градот има визија и иднина.
Корекција - смрдлива септичка јама со панделки и украси ставени на отворот.

Сакаш да почнам каде треба да идат парите ? Живеам у скопје а нема паркинг места, катна гаража да не споменувам, во пола населби по споредните улици нема ни осветлување како што треба , летно време корне смрди од канализацијата и лешевите. До јарболот у порта има отворена тдупка која со месеци зјае , правеле некакви корекции. Кучиња насекаде нема шинтерска служба да ги собере и здоми, да биде уште полошо тие кучиња имаат разно разни болести( грев ме фаќа коа ги гледам) , засолништа за бездомници нема, просјаци колку сакаш, стари прастари автобуси. Кич градби со уште покич фасади.
Ѓубре колку сакаш ...
И ТИ МЕНЕ МИ ВИКАШ ДЕКА СО ОВОЈ ПРОЕКТ ПАЛАНКАВА ПАРДОН ГРАДОВ ЌЕ ЗАЛИЧИ НА НЕШТО ?! :не заебавај:

Скопје calling we need shrinks ...
 
Види вака. Не се праи со сила... Значи не реков дека Скопје е моментално метропола или дека Скопје нема други проблеми кои се поприоритетни.
Јас живеам во Карпош и добро знам дека секое маало секоја општина има проблеми и вечно ќе ги има.
Точно е дека има кучиња скитници на секој чекор, точно е дека има раскопани улици и никакво осветлување.
Ама ако не си знаела откако владата го донесе законот за јавна чистота кој што претходно беше сон Скопје стана почисто. И тоа еден мал дел од она што треба да се сработи но давам пример бидејќи и не е се до власта или до градоначалниците, многу важен фактор се луѓето што живеат во градот и би рекол нивните навики и слично.
Исто купени се нови автобуси што треба да пристигнат во следниот период и да ги заменат целосно стариве. Значи Скопје и Скопјани сепак сакаат и можат да живеат многу подобро. За некои работи треба време.
А проектот за плоштадот и околу него е проект што нема сигурно Скопје да го направи да биде Виена ама малку од малку ќе почне да заличува на современ град.
Со негативен пристап на работите џабе се сите коментари.
 
Самиот проект Скопје 2014 е еден голем негативен пристап на работите.Сите кои го бранат овој проект или:
а. Не живеат во Ск
б. Немаат контакт со реалноста
в. Партиски војници
Вакви мегаломански проекти се прават за време на благосостојба и богатство, а не во ваква мизерија во каква што живееме.Ова што се случува е како ставање шеќерна глазура на веќе црвливо јаболко.
Замислете само ситуација, се возите со смрдлива 22 од Ѓорче до Железничка.На секои семафори цигани просат, улиците раскопани за никаде и налетувате наеднаш во центар.Поминувате под триумфална порта, насекаде мед и млеко, споменици, обелисци, насмеани млади луѓе, сонце...Па после кривината кај Собрание повторно влегувате во суровата реалност, јад, беда, мизерија.

Свртете се околу себеси, get real!

BTW, да не испадне дека само плукам, ми се свиѓа споменикот на Александар, споменикот пред собрание и една мала ротунда што е пред T-Home.
 
Хм и јас живеам во Ѓорче и во право си смрдливи се 22 - те, затоа оваа фашистичка влада реши да купи 300 автобуси и да му ги подари на град Скопје. За улиците кога сме конкретно, главната улица која минува пред мојата зграда беше целосно изгребена и повторно соодветно асфалтирана и сега нема ни една дупка, плус се направи и тротоар за пешаците а пред тоа немаше ништо. Па после одма до мојава зграда изградија и една градинка, како не им беше срам мамето нивно фашистичко, они ќе трошат мои пари на градинки тоа све треба на бездомниците да им се раздаде така, не треба никој да си ги заработи парите. После го проширија основното уилиште и донесоа нов инвентар, замисли и фудбалско игралиште направија, како не им е срам, па и семафори ми ставија на раскрсница, лопови бе лопови.
Инаку кога сме кај улиците и патиштата, се спрема уште еден злочин на владата, на 18 фебруари ќе се објават концесионерите кои што ќе ги градат регионалните патишта Радовиш-Струмица, Поречие-Скопје, Смрдива вода-ски центар Кожуф, Куклиш-Банско, Тетово-Јажинце, обиколницата околу Охрид (Желеэничка), влеэната клучка кај Битола, Градско-Росоман, Стенковец-Блаце, Скопје-Танушевци, Илинден-Калуѓерец, Ржаничино-Св.Николе, Лакавица-Неготино, Давидово-Раброво, Страцин-Пробиштип, Струга-Дебар, Прилеп-Македонски Брод, Прилеп-Кривогаштани, Превалец-Смојмирово, Струмица-Дојран, Аргулица-Зрновци, Василево-Вељуса, Радовиш-Конче, како и стотици локални патишта кои се предложени од општините како приоритетни эа следниот период. И замисли 450 милиони евра за тоа, па тоа све треба да се беси бе.
Точно и јас се слагам треба да се свртиме околу себе и да станеме малку реални, нам вакви работи не ни требаат, за нас е само овој човек, тој е нашиот водач со визија кој ќе не одведе до посветла иднина

Изменето од модератор. Не плукај на личности и не ја носи на партиско ниво темава, поготово не со таква простачко провокативна слика, оти за така следува бан.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom