Скопје calling... асална Архитектура needed!

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?


  • Вкупно гласачи
    236

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како што се тераат градежните работи низ Скопје, изгледа ќе треба некоја катастрофа (скраја да е..) која ќе не принуди да го израдиме градов градски, а не пацерски и мафијашки.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Samo edno ke kazam, toa sto najmnogu me nervira od skopskata arhitektura : MRTV, Nova Makedonija i Nova Zeleznicka se totalni utki...nepotrebni izdanija... trosenje na enormni sumi pari, vo obid da se izvede nesto demek porazlicito, koe sto na kraj ispaga deka e nefunkcionalno i nepotrebno. Ova osobeno vazi za MRTV ( jebemti 30 spratna zgrada puna so kancelarii .)....na vremete eden gradezen inzinjer mi ima kazano deka so parite koi se potrosile za tie tri objekti komotno mozelo vo toa vreme da se izgradi grad za 100.000 populacija, so site onie infrastrukturni potrebi za eden grad.
Kolku e vistina ne znam, mozebi poupatenite mozat da go potvrdat toa ili da go negiraat. :)


p.s. i za novite zgradi koi sto ko pecurki niknuvaat po Skopjevo.... so retki isklucoci, kaj site drugi na betonot koj sto se koristi mu davam rok na traenje od maksimum 20 godini :). Ke ni se desi Istanbulsko scenariо, majke mi.

p.p.s i toa sto najmnogu me boli i me kopka vo dusata za Skopje.... opustosenosta na carsijata... a taa tolku mnogu ima da ponudi, tolku mnogu e polna so energija, so topol ambient, so skopski smek koj sto na nikoe drugo mesto ne moze da se pocustvuva..... da se nadevam na nekoi idni posvetli vreminja za carsijata, samo toa mi preostanuva. :)
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Ако ги тргнеме новите згради односно оние што се изградени после 1995 би кажал дека архитектурата ни е топ ама со овие урбани мафии кои што гледаат да изградат зграда без разлика во која боја е и колку е стабилна ама да има повеќе станови и да си праат бизнис. Ај што не ги бива тоа колку се безбедни не знам скоро 90% од нив не се придржуваат до стандарди особено со оние што со балконине на пола улица се излезени и во случај на пожар скали кревање амин. За куќите неам коментар секој си прави куќа во можностите негови и си ја прави убава пошто само за него ќе е, а за зградите само закони да се налупаат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Скопје,урбана џунгла,бетонски хаос,сивило...ааа да,главен град и плус Метропола:uvo: пази молим те.
Скопјево,односно преку неговата архитектура,се пренесува сликаа за државатаи уствари у каква држава ние живиме,значи- хаос,мафија,џунгла,сивило......краток опис за нашата држава,едноставно каква држава таква и архитектура.
Моментално нај што ми смета од Скопскава архитектура,а секој ден скоро ја гледам и буквално ми се гади се факултетите кај бит-пазар,абе таква грдосија незнам дали има негде у свет и у најзатуцаните руски градови, фотос----


и пусто ради мука мора да идам иначе ми се повраќа ја незнам само кој резил е за универзитетот и македонија ваква грдосија да го носи името на светите браќа :uvo::uvo:
незнам кој е архитектот,али човекот ја згрешил и тоа дебело..
и уште многу други објекти има, како поштата,:pov:,нова македонија зградата,мавровка,цел бит-пазар,мртв :ija: итн итн...
а од убави решенија признавам само Ристиќева палата,и уште неколку згради на улица Македонија...
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Да објаснам нешто, во однос на погорните постови. Сигурен сум дека и авторот на темата, а и многу други архитекти со малку свест и архитектонска естетика во нив, токму објектите како МТВ, Дом на Печат, Пошта и слични, кои за некој од вас изгледаат како мртво „сивило“, ќе ги земат како референтни објекти по кои би се мереле сите останати околу нив, и според кои би се вреднувал квалитетот на објектите. Еднаш, повторно во ваква тема, некој ги искритикува „социјалистичките“ згради на градски ѕид. Да се разбереме - политиката во „времето на комунизмот“ може да не ни се допаѓа и да ја мразиме од дното на душата, но архитектонскит концепт од тоа време, сметам дека е заслужен да го оградиме од такви непотребни критики полни со фрустрации.

Токму тие дела кои вие ги наведувате како „сивила“ се одраз на интернационалниот и про-западно ориентиран дух на (во тоа време) југословенските архитекти. Дури, едно време, таквиот универзален светски стил на Модерна, наречен Интернационала бил критикуван поради неговата наметливост за глобализација, и недостатокот од имплементиран традиционализам во објектите (кај нас мајсторски традиционализмот со Модерната успеал да го вплоти во едно парче архитектот на ГТЦ, Живко Поповски). Покрај горенаведените, како квалитетни дела од тоа време ќе ги наведам и Народна Банка и Архивот на РМ - кои исто така се изработени од натур бетон, поради тоа што така налагало времето - тогаш тоа бил современ материјал...единствениот доволно крут и издржлив за да опстои доколку повторно се случи земјотрес во Скопје - тоа била целта на тие објекти во тоа време.

Кога некој ќе рече сивило, пробајте да го сфатите малку поинаку: недостаток на хортикултура, неизградени урбани слики, недефинирани градски позиции и позиции кои се умртвени на неопределено време. Објектите споменати горе не се сивило - според такви објекти, според таа школа денес проектираат најголемите светски архитекти - земајќи ги поуките од старата школа, и правејќи синтеза од нив и новите пронајдоци, во однос на материјал, технологија на градба и сл.

Палата „Ристиќи“ е едно од ретките сочувани вредни парчиња неокласицистичка архитектура во Скопје, тука вклучувајќи го, на прва мисла, само уште Хотел Бристол. Иако еклектичен стил, доволен бил за културен развиток на нашево подрачје. Следствено, се сложувам дека е квалитетен објект, а и привлечен, со неговите пластични декорации на фасадата. Можеби само не заслужил да добие толкава почест од Скопска Пивара со билбордот над него, ама ајде, ќе замижиме и на тоа.

На крај, само накратко: постојат трендови во архитектурата. Секој нов е нешто привлечно, додека не стане доволно нападен за да и пречи на околината. Во тоа време бил трендот на натур-бетонот. Сега е тренд структуралната обработка на фасадата со стаклени панели. И тоа, природно, на крај ќе биде осудено на пропаст, поради еден друг аспект - дематеријализација на волуменот. Човек ќе се чувствува изгубен опкружувајќи се со такви објекти, па своевремено, во иднина ќе почне да ги критикува и нив. И тогаш ќе дојде друг тренд, уште посовремен и посовршен...и циклусот се повторува понатаму. Интенција на секоја метропола е да ги следи новите трендови, а да го почитува старото и квалитетното. Напротив, не треба да не загрижува сивилото на градот, туку неговата разнобојност на објекти кои не назадуваат кога е во прашање волуменска и колоритна обработка - кои повеќе личат на детски градинки, одколку на станбени објекти. Тие се директните учесници во формирањето на...„сивилото“ на градот.
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
јас ќе го критикувам моето маало! Значи живеам во кула спроти ВПШ кафичот МР Џек! Не ми се свиѓа тоа што на мал простор се изградија 10 згради.Просторот стана претрупан и со згради и со коли, ко да нема место да се дише! наместо да се шири скопјево надвор од своите граници, истото си ги задржува своите граници и се претрупува.
Кај да е ќе им пукне филмот на скопјани па ке иаме масовно преселување во руралните подрачја.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
абе сега новиве згради некако поубаво. Само што ги градат на места каде има паркови за деца да си играат.
Ама да имаа паркинзи добро ќе беше
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
абе сега новиве згради некако поубаво. Само што ги градат на места каде има паркови за деца да си играат.
Ама да имаа паркинзи добро ќе беше
Како поубаво,
ако ги градат на места каде шо би требало да има паркови за деца,
и немаат паркинзи? :)
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Што ќе се паркинзи и игралишта за деца ПАРИ ПАРИ И САМО ПАРИ :zlo:
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Како поубаво,
ако ги градат на места каде шо би требало да има паркови за деца,
и немаат паркинзи? :)
абе сакав да кажам дека поубава архитектура, ама на ложо место ги градат и немаат паркинг тоа им се мани. И јас некад сакам кажам не знам речам :pos2: Така е од дома кога те викаат од страна:wink:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Еве некои нови објекти во Скопје што се во изградба.Што мислите за нив?
Makedonska Narodna BankaInvestor: U/C
Location: Skopje Plostad
Start of construction: 2009
End of construction: 2011
Function: Bank
Surface: U/C m2
Investment:3 mil €










Under Construction:

Vero Shopping Center
Investor: Vero
Location: Opstina Centar
Start of construction: 2008
End of construction:2010
Function: Shopping Center
Surface: 15.442 m2
Investment: U/C €


 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
ејјјј веро ми се виѓа баш ќе биде топ, морее ова грциве имале стилл..


инаку во Скопјево наше сите градби после земјотресот ме нервираат баш се типично комунистички градби без вкус и се многу досадни заради тоа Скопје изгледа сиво и монотно,

едниствено што ми се свиѓа во Скопје се оние нови градби од типот на зградата на Т- Мобиле значи амерички граби барем се отскликување на новото време и имаат каков таков поубав стил


ова нешто ми се свиѓа





ова не е лошо ...





сакам што повеќе вакви градби низ нашето Скопје да фрлат малку сенка на она што не чини го нагрдува градот :pipi:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Ова би требало да биде зграда на Хипо Алпе Адриа Лизинг, до МИ-ДА Моторс.




3

4


 
Член од
26 октомври 2009
Мислења
273
Поени од реакции
33
План за Скопје после земјотресот...неостваран

Колку што сум информиран ова е проект на Кензо Танге,кој победил на конкурсот за обнова на скопје што го распишал ТИТО.Од видеото гледам супер модерен град...стварно штета зошто не е остварен.Доколку некој е запознат нешто повеќе за ова нека пише!
http://mesto.com.mk/video/c1b4685e6b30bb3/
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Колку што сум информиран ова е проект на Кензо Танге,кој победил на конкурсот за обнова на скопје што го распишал ТИТО.Од видеото гледам супер модерен град...стварно штета зошто не е остварен.Доколку некој е запознат нешто повеќе за ова нека пише!
http://mesto.com.mk/video/c1b4685e6b30bb3/
Баш и јас пред некое време прочитав за ова. преубаво е







http://www.leksikon-yu-mitologije.net/read.php?id=3517
 

Kajgana Shop

На врв Bottom