Prison Break

  • Креатор на темата Креатор на темата DarkAvenger
  • Време на започнување Време на започнување
Како прво, не смееш да бараш торенти од било која серија на форумов. :)

Како второ, нема врска од кој торент ќе ги симнеш епизодите, преводот може да се додаде накнадно.
Правила за линкови:

Не се дозволени линкови од торенти, rapidshare и слично... Постои тема каде може да си побарате, но тие што одговараат, треба линкот да го пратат по ПП, профил, е-маил итн...]
Сега тоа болдираното мислев дека треба во таа тема да побараме каде шо е серијата/филмот за торент. А каде смеам да барам торенти?

Иначе, се извинувам шо барав овде торент... :smir:
 
Дај сеа кажете дали ќе има пак на Сител или нема ? :Молам:
 
Сега тоа болдираното мислев дека треба во таа тема да побараме каде шо е серијата/филмот за торент. А каде смеам да барам торенти?

Иначе, се извинувам шо барав овде торент... :smir:

Не мора да се извинуваш, ете, не си знаел. :)

Инаку, порано имаше теми каде што смееше да се бараат торенти од филмови, а членовите ти ги праќаа преку приватни пораки.
Но, поради законите против пиратерија, сега не смееме да имаме ни такви теми...

Значи, никаде на форумов не смее да се побаруваат торенти.

П.с. Провери си пп...
 
И зошто започнуваат нешто да дават кога не планират до крај да дават? Ако има по аматерски телевизии од нашите здравје.
 
Некни ја изгледав цела серија и можам да изјавам оти сум презадоволен. Првата сезона е супер, втората исто така, кај третата малце е досадно и четвртата е добра. Све на све, добра серија со добри актери.
 
Напротив, 3-тата сезона беше една од највозбудливите зашо досадна. Може да се речи дека почетокот или средината на 4-тата сезона беа досадни ама се надополни то во последните епизоди на кои се креваше адренлинот и возбудата.
А актерите се нешто најдобро особено Т-Бег.
 
Пратете линк по пп да ја симнам...

Фала :smir:
 
Не мора да се извинуваш, ете, не си знаел. :)

Инаку, порано имаше теми каде што смееше да се бараат торенти од филмови, а членовите ти ги праќаа преку приватни пораки.
Но, поради законите против пиратерија, сега не смееме да имаме ни такви теми...

Значи, никаде на форумов не смее да се побаруваат торенти.

П.с. Провери си пп..
.
:pos: Hahahahahaahhaah :Zver: Морав:pos2:
Ај да не биди само оф топик мислењево, ви се чудам како можите да ја пратите серијава на сител. Јас пример од немајкаде за четвртата морав да чекам понеделник да дојди 12 саатот да ја симнам.
 
Т-Бег малце е како ментално-секлуално заразен и многу е заебан. Имат голема смисла за црн хумур. најсмешен ми беше кога го зебаваше црнецон додека копаа. Ама свака му част коа му ги зеде парите. Иначе улогана ја глуми најдобро што може.
 
секоја му чест!
најмногу ми се свиѓаше од сите како глуми! на моменти и ја се плашев кога го гледав, ладен, убиец, итрец... знаеше во точен момент да ја одглуми совршено точната улога
 
:pos: Hahahahahaahhaah :Zver: Морав:pos2:
Ај да не биди само оф топик мислењево, ви се чудам како можите да ја пратите серијава на сител. Јас пример од немајкаде за четвртата морав да чекам понеделник да дојди 12 саатот да ја симнам.

Нешто не ти е јасно?

Кога веќе побарал торент и јас сум видел, нормално дека ќе му пратам ПП.
Нели, кретенски би било кога веќе знам што му треба, а да не му помогнам.
 
Знам знам, ама интересно ми беше, му објаснуваш како е забрането, ваму таму, и на крајот провериси ПП. Не нешто во негативна конотација, онака ме насмеј. Де бе па ти одма носот го креваш:baeh:
 
Епа не сме се сфатиле. :)

Забрането е да бараш јавно, инаку по приватни пораки и репутации, секако дека не.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom