Темава е малце чудна...
Прво никнуваат зеленкурци кои сметаат дека девојките кои немале секс до 18 години ќе идат во манастир, и со тоа поставуваат сомнителна теорија дека девојка е еднакво на парче меко месо, навредувајќи не сите.
Второ секој втор (па ни толку) што пишал на темава се поставил од скалило на светец, сечиј морал е одеднаш цакум-пакум, се знае како треба и што вели книгата на принципи и сите играме така.
Хмм...Навистина?
Не би требало да ги дискутираме толку 14годишни кои легнуваат кај ќе стигнат, зашто тоа е малцинство и не верувам дека ќе се прошири бог знае колку. Отсекогаш постоело и секогаш ќе постои. Дали промискуитетните малолетнички се раѓаат со таква жичка, или животот ги обработува, не е прашање на темава.
Зашто мора веднаш да се земе најдолниот пример и да се повлечат сите аргументи кон него?
Како и да е, убаво рече Македонец погоре, да не го цитирам, болдиран му е добриот дел...
И проблемот не е до толку во возраста овде.
Проблемот е зошто (за девојки зборувам)
таа го прави тоа.
Што корист ако од пуст наводен морал (да го речеме со вистинското име: страв од пуштање муабет) една девојка се чува до еве 19 години, а после тоа растур да напраи со кого ќе најде? Ма битно 19 имам, мамичка нема да се дере.
(Крејзи, воопшто не мислам на тебе овде.:smir