Добро бе мајкуму, сценаристиве У НИТУ ЕДЕН МОМЕНТ не рекоа дека сите мистерии ќе се објаснат. Баш напротив, рекоа дека нема да се објаснат. И тоа го збореа од почетокот на сезонава па баш пред финалето. Да рекле дека ќе објаснат па да плукате, ај ве разбирам, ама вака... Сите знаевме дека нема да се објасни се. Значи пред да излезе финалната саат-и-пол епизода, свесни бевме дека у саат и пол, ма и 10, не е можно да се објаснат сите мистерии. А сите до тогаш зборевме дека претпоследната беше супер епизода, така да значи вие уште пред да почне финалната сте знаеле деканема да ви се бендиса.
Добро бе мајкуму, а до кога ние ќе ги објаснуваме точно исте работи што ги болдирав:
- Не у ниту еден момент, 5 сезони велеа дека ќе ги објаснат мистериите. Последнава дигнаа рачна и почнаа да мелат дека било за карактерите.
- Свесни сме дека за 1.30 не можат да објаснат се, ама имаа цела сезона наместо да веслаат со алтот кој е бескорисен за серијата, да почнат да објаснуваат по малку.
- Последен пат: не баравме да се објасни се, само поважните работи: ШТО Е ОСТРОВОТ, ЗОШТО Е ПОСЕБЕН, ШТО Е СВЕТЛИНАТА, КАКО РАБОТИ ТРКАЛОТО, ШТО Е СМОУКИ (пошто сигурно не беше МиБ), СТАТУАТА, КОИ СЕ ЛУЃЕТО ВО ХРАМОТ, ЕДЕН КУП ПРАШАЊА ОКОЛУ ДАРМА, ЕДЕН КУП ПРАШАЊА ОКОЛУ ТАЈМ-ТРАВЕЛОТ....
- Последен пат: не се проблем објаснувањата, проблем е идејата. Очигледно е и боде очи фактот дека приказната која започна и заради која го засакавме ЛОСТ нема врска со крајот кој ни го продадоа. Дупки колку сакаш со ваквиот крај: Како Бен го контролираше Смоуки кога на крајот испадна дека овој никогаш не бил под контрола и пази, не работи на копче? Како Волт се појавуваше на островот иако не беше мртов. Како Кристијан се појавуваше надвор од островот иако беше мртов. Зошто во 2-ра сезона рекоа дека Џек не е на списокот на Џејкоб а потоа испадна дека е и од секогаш бил?
Викам последен пат, пошто од сега само ќе се цитирам, ми се смачи да типкам. Ако вие можете да замижете пред фактот дека сте измамени, тоа е ваша работа. Не мора сите да бидеме послушни дечиња на „големите“ продуценти ем сценаристи. Не било до објаснувањата мај ес! Ај уште еднаш, а гледам дека сите веслате приказни а никој не одговара конкретни прашања: ЗОШТО НА АБЦ ОДЕА ОБЈАСНУВАЊА СЕКОЈА НЕДЕЛА И СЕ СНИМИЈА НЕКОЛКУ ДОДАТНИ ЕПИЗОДИ СО ОБЈАСНУВАЊА???
Секоја епизода на АБЦ откриваа демек по малце, не загреваа за финалето, големи откритија итн... И што испадна? Мртви биле. Е ако де. Ако биле мртви не е важно што се случувало во АЛТ-от, тоа имагинарно место. Сеуште е важно ШТО И КАКО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА ОСТРОВОТ кој не беше имагинарно место.
Ја покакаа. И додека ја има темава ќе пишувам за тоа. Толку сум лут!