LOST

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    290
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.532
Поени од реакции
3.574

Не може човек да не пушти солза. Каква сцена, каква глума на Хенри и Соња.
Најдобрата епизода на сите времиња и една од најдобрите сцени на сите времиња. Секој еден “rewatch” е посебен за мене.
Desmond Hume, каков лик :cuc::cuc::cuc::cuc:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.654
Поени од реакции
59.640
Ми беше потребен одмор од се, па си препишав LOST бинџ-терапија. За отприлика 2 месеци направив комплетна реприза на сите 6 сезони. Работите што сакаме да ги гледаме се менуваат ненормално од различна временска дистанца. Тоа е веројатно погрешен заклучок, поверојатно е дека работите да се исти, а се менуваме ние. За моја среќа, како стареам и собирам животни искуства, секое наредно гледање на серијата ми е поубаво од предходното. За мене серијата е мало богатсво, затоа што сега знам дека имам нешто што ќе ми причинува задоволство и после многу години и децении, ако сум жив и здрав.

Колку и да сум ја сакал серијата при оригиналното гледање, сум ја доживувал сосема поинаку, да не речам погрешно. Барање одговори, развивање теории, нетрпение помеѓу две епизоди или сезони, фрустрираност од недобиени одговори, што ме држеше до крај, и секако разочараност од спиритуалниот крај без „научни“ или рационални одговори за што год да сум сакал да биде објаснето или одговорено.

Во една од тие чкрапаници што сум ги пишал на темава, сум рекол дека мистеријата е тоа што ја држи серијата, и дека еден ден кога сите мистериите ќе бидат решени и кога ќе се знае крајот, можеби и нема да има причина ова повторно да се гледа, или ќе биде сосема различно и полошо доживување. Денес, кога се ми е познато, ја гледам опуштено и уживам многу повеќе.

Пред една недела имав некаков бизнис состанок со еден Кинез кој ми продаваше муда за бубрези. Ми црташе некаква идеја од која би заработиле многу пари. Кинез како Кинез, од првата минута почна со толку по толку = волку, вака и вака ќе направиме, ќе делиме фифти/фифти... Имаше збунет израз на лицето кога го одбив. Ми рече да размислам уште малку, па во наредните денови продолжи да ми праќа пораки и да ми ги објаснува финансиските придобивки.

Проблемот е што, во предходниот живот, го имав истиот состанок со наш човек, кој ми ги објаснуваше истите работи на нешто помала скала, и лесно ме убеди да почнеме нешто. Онака истиот муабет, со истите фрази и истите гестикулации. Не е дека нешто и не заработив тогаш, но цело време имав чувство на неисполнетост, како нешто да ми фали. И по некое време сфатив што е тоа што ми фали: додека за мене тоа што го работам е страст, емоција, и начин на живот, а за бизнис партнерот тоа е само начин да заработи пари, преку мене. Денес сум нешто помудар, не којзнае колку, но доволно да знам дека кога човек зборува за пари и само за пари, треба да се држам подалеку од него. Работам за да си ги остварам своите соништа, не туѓите. Работам сам, или со луѓе кои имаат страст за истите работи како и јас.

Што има ова врска со LOST?

Има сé.

Она што ме влече најмногу на островот, е тоа што група луѓе на кои благо речено, не им оди во нивните животи, добиваат шанса за нов почеток. Кога ќе се најдат во ситуација слична со некоја ситуација од нивното минато, имаат избор или да ја следат нивната природа и да продолжат по истиот патерн, или да не ги повторат старите грешки.

Јас го пронајдов својот остров после долги години барање. Се што ми се случува, ми се има случено и порано во една или друга форма. Понекогаш знам да повторам стари грешки, затоа што е дел од мојот карактер. Но други пати имам јасен флешбек, и одговорот го знам, без двоумење, затоа што веќе сум бил таму и сум го направил тоа.

Назад на серијата, денес можам слободно да кажам дека го има најдобриот крај на една серија што некогаш сум го видел. Тоа е истиот оној крај кој некогаш го мразев и мислев дека ми ја уништи серијата засекогаш. Секогаш плачам на крајот, кога Кристијан Шепард ќе каже: "to remember...and to let go". Сé уште имам проблеми to let go, но ќе дојде и тој ден кога ќе ги оставам и последните работи од минатиот живот зад себе.

Lost е серија од која научив многу, и со сите маани што ги има, за мене секогаш ќе остане број 1.

Патем, кога ќе излезе торент од документарецот, нека ме тагне некој.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.911
Поени од реакции
21.939
Ја гу глеам моментално по 5 (петти) пут на фокс и па ке кажу дека е врф у мој сфетоглед што се вика серија на малиот екран.

И да, Lost е намбр вуан у сфе тој.
Конечен одговор.
Дури Викинзи у Гејм оф тронс заедно су ми на петто место.
Први четири су Лост на А1,Лост на Замунду,Лост на Нетфликс и Лост на фокс.

Дефинитивно,смрт на Чарлита наише ме погоди.

Фаламногупријатно.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.532
Поени од реакции
3.574
… Realises that it will never happen, so watches LOST over and over again.

Тоа е тоа.
Само што ја завршив последната епизода, еднаш годишно ја гледам серијата.
Крајот секогаш ме погодува емотивно. Има многу квалитетни серии, ама ЛОСТ е друг универзум. IMG_7644.jpeg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom