Ок бидејќи мислиш дека се си разбрал односно дека се ни објасниле, имам едно прашање до тебе.
Прво една исправка МИБ не е Смоуки (црниот дим) бидејќи МИБ беше убиен од Јејкоб (му го видовме распаднатото тело), а бидејќи го прекршија правилото на маќеата (да не се убиваат) од кај светлината излезе така да речам црната душа негова односно се ослободи злото. (тропам знам ама немаме релевантна потврда па никој неможе да ме негира со сигурност :baeh
Џејкоб чува светлина што не постои, а душата на МИБ (обземена од злото) сака да го напушти островот и да го ослободи злото кое не постои. :back:
Светлината си беше нели во тоа пештерчето кое што ако не си “обдарен“ не можеш да го најдеш односно неможеш да го видиш (се крие). Нашиве јунаци (а сигурно и д адерс) стопати пројдоа кај тие бамбусите пештерата ја немаше. Нема врска тоа не е ни битно. Што е БИТНОТО?
Кога Дезмонд го исклучи (прекинувачот) на светлината, обземеното тело на ЛОК од лошата душа на МИБ нели стана обично, односно почна да крвари и се. Во тие моменти и ЏЕК кој претходно се напи крстена водичка и стана спешл, исто така беше обичен. Ја нема светлината (која и онака не постои) да му дава спешл пауер.
Е сеа одкако ЏЕК (обичниот) го уби ЛОК (обичниот) како тоа му даде на ХУГО да се напие крстена водичка (а на Бен му течеа лиги :pos2
и го направи спешл?
Заматената водичка си беше обична водичка додека не се вклучи (а тоа нели Џек отпосле го направи) прекинувачот на светлината.
Ако од водата (обична) од островот се стануваше спешл, сите ја пиеја па логично сите да беа спешл и никој на никого ништо немаше да може да ми направи.
Ако ми речеш битен беше допирот на Џејкоб, од пепелта се “материјализираше“ и го допре ЏЕК, на Џек зошто му беше “посебен“ допирот кога му беше исклучен изворот на сила????
Супермен е силен и може да лета, ама ако му обесиш криптонит на врат *** (цензура), ја нема силата а уште помалку може да лета .:smir:
ПС. Реков дека веќе нема да се замарам со ЛОСТ ама ме влечете за јазик. Што и да си филмаме што е што нема да бидеме во право бидејќи не гледавме „ЛОСТ“ туку некоја Ш-разредна срцепарателна сапуница. Тие работи што не мачат „не беа битни за одговарање“ (викаат преварантиве од продуценти).