Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не знаев дека остров се потпува со хидрогенска бомба
Баш ме интересира како ќе го потопат...или па островот плови на нешто па ќе го рушат да втоне :pos2:
Ми нема логика ама ајде...плус куќите цели беа кога ги покажаа под вода така да нема шанси да е причина бомбата пошто таа се ќе срамни. А и бајги длабоко беше, ова како глобал вармин или некој таков ефект хехе.
И што мислите кој ќе го наследи островот?
Џек
Соер
Сан
Џин
Саид
Хуго
И да, зашто Флок не можеше да биде убиен од Саид, а зашто Џејкоб можеше да биде убиен од Бен ... ок, знаеме дека Флок менува облици, од дим иде на некој починат од островот, а Џејкоб е едноставно Џејкоб, но сепак, останува тоа '' зошто '' за начинот на кој можат да бидат убиени.
Можно е да е преминат на некое ново ниво зашто Русо го застрела и го уби кога имаше земено облик на еден од нејзините колеги од таа француската експедиција нeли.Џејкоб беше нешто како од крв и месо што викаме, а Флок очигледно зема разни облици, изгледа преминал на некое ново ниво. Ќе биде потребна некаква маѓија да се убие![]()
Горе на сликата, Соер со цвеќето, нели такво цвеќе и даде на Џулиет, којзнае кому сега ќе го даде.![]()
Кејт иако не по своја воља, е со онаа темна страна, заедно со Соер, Џин и Саид.
Соер со Флок е сигурно. Нели последен пат кога го видовме Соер беше во пештерата со Флок. Во претходната епизода кога Флок и Клер стојат пред храмот, пред Клер да влезе во него му вели на Флок зошто не го прати Соер или Џин внатре, од кај би знаела Клер за Соер.Па може и сега ќе и го даде на Џулиет. Се надевам.
Соер не е со нив бе. Сам е.
А Бен можеше да почека овој да и напише на Алекс препорака и да ја примат на Јејл, па после да го уценува директорот и да си стане директор.