Па незнам дали баш од ова може да се заклучи, едноставно е поприсебен од другите, доктор е, знае дека е потребен во вакви ситуации, + е future leader на група изгубени... а лидер мора да се однесува како лидер макар и на таква група.
Енивеј, пишав и порано дека сум убеден дека оваа цела работа започна со Џек и ќе заврши со Џек, како и тоа дека тој води потекло од Џејкоб. Можеби целата оваа сплетка ќе заврши така што Џејкоб е мртов, а Џек ќе биде новиот лидер, мир на островот, мир во светот и во нашите срца...
т.е. во дефинитивниот крај, јас би ги вратил назад оние кои сакаат или имаат на што да се вратат, ако такви има, и би ги оставил другите тука, forever and ever... Ако размислиме подобро, Џек, Кејт, Сојер, Џулиет (ако има некаков камбек после бомбата), Хуго, Саид... никој од нив нема конкретно изграден и среден живот надвор, т.е. посебна причина да се врати. Ким и Сан можеби, ама и тие се дискутабилни. Иднината е на островот...
Како и да е, време за теории многу, ама она што ми се допадна на клипот кај 7.00, падот на огромен дел на авионот зад Чарли а тој мртов ладен. Исто и кога се плеткаше околу моторот кој подоцна проголта еден батка, пак беше мртов ладен. По однесувањето, на Чарли му беше најјасно што се случува, или пак беше на дроги... Ама како и да е, многу ми е криво што го убија човекот. Башка сопруг на Evangeline Lilly, алијас наша Кејт... некој од сценаристите бил многу љубоморен што го пратил дома...