Најдобри професори

  • Креатор на темата Креатор на темата Big_Baka
  • Време на започнување Време на започнување
Паа имаше еден Стево-Бизнис закон професор ама не ми предава веќе:(
 
ЦеЦе по социологија од ЈБТ! Абе закон е жената :zver:
 
Талакот - професор по историја во ССОУ "Коле Неделковски" Велес...
 
Дечев и Шкрекова - ССОУ “Коле Неделковски“ - Велес
 
Талакот - професор по историја во ССОУ "Коле Неделковски" Велес...
Дечев и Шкрекова - ССОУ “Коле Неделковски“ - Велес
Знам,вакви легенди само у УЗУС може да има...дури и ја ги знам какви се,иако не учев таму...
Кај нас у гимназија,шознам...
-Ване по музичко-има 10 влакна на главата и ги дига со гел(мислам,замисли како изгледа)...и после ти иде и те прашуе дали он ти е смешен,а ти веке колабрираш од смеење.
-Панде по Физика-не знам оти,ама имав 5тка три години,а бев испрашан само еднаш...во три години.
-Мојата најмила класна Цветанка-на крај на 4та,ги собрав сите страни со киксови од неа(пошто ја им ги запишуев),и испадна прилично голема книга...само не знам дали да ја издадам.
Инаку,професориве се многу закон....
 
Патковиќ,професорка по историја во гимназијата "Никола Карев"-Скопје!Не пцуеше без проблем(стоки едни невоспитани,говеда неразбрани...:)),маваше заушки и пенали ко експерт а особено здивуваше кога не ги учевме нејзините скрипти од по 100 страници за македонската историја,а особено за Александар(според неа Ацика) Велики Македонски:)!
 
Oваа година не ни забележав дека воопшто учам... Сите професори се ептееен добри, немам зборови, лежам по цел ден и пак поминувам одличен...:nesvest: Интелегенција ;) :)
 
Ај и јас да пишам нешо...
Јелена Бабович - Математика во Орце Николов
Драган Михајлов - Програмирање на ФЕИТ
Стојан Арсиќ - Историја и Географија....овој е наставник ама е закон чоекот.

Овие први ми пагаат на памет....Луге шо освен предавањето на лекциите знаат и други нешта да ти објаснат....не се ко некој шо ке ја наубаат лекцијата дома и се перчат божем знаат нешо(а има и такви....сум приметил)
 
Имав еден забеган професор по физика не памам како се викаше и тој нај омилен ми бил до сега.Ке дојдеше типот и ни да праша ни кој се отсутни ни ништо ке извадеше ливчиња од кладилница или билтен и ке не прашваше кој натпревар да го пишел или цел час ке кажваше за шансите на тимот на кој го промашил резултатот...закон типче
 
Nikola Lochev- Fizika ( gimnazija kiril pejcinovic- Tetovo)
Aleksandar Nacovski- Filozofija -||-
 
Павлина Трпкова- мене ми предава Етика, а инаку предава уште и логика, филозофија и социологија....
Жената е супер, секогаш расположена и насмеана, комуникативна, а во однос на оценките, бара толку малку, а ви враќа со многу повеќе отколку што сте заслужиле и за мене подобра професорка од неа нема во гимназијава во Велес....
Криво ми е шо нема она да ми предава филозофија наредната година туку Трчкова :(
 
КАтеринЧетоооо... психологија ми предавааа ного добра професорка , другарка, сичко е :pipi:
 
КАтеринЧетоооо... психологија ми предавааа ного добра професорка , другарка, сичко е :pipi:

Жал ми е што немав можност да ми предава, зашто сме 4та година а таа дојде малку подоцна, плус ние како прехранбени техничари не учиме психологија. Пред некој ден ни заменуваше 2 часа кога требаше да имаме хемија и дефинитивно закон е! Една од ретките професори што навистина знаат да си ја работат својата работа во вистинска смисла на зборот.
И нејзиното мото ми се допадна, кога дојде на час рече: „Моја цел најпрво е да направам да им биде интересно на учениците, да не ми испоцркаат од досада на час и да го заслужам тоа добро утро што ми го кажуваат кога влегувам“. Секоја и` чест.

А од тие што ми предаваат мојата најомилена и најкоректна професорка во школото Јасмина Ангова - македонски јазик и литература. Кога ќе завршам со средното единствената работа која ќе ми недостига ќе бидат нејзините часови. :(

Исто така многу ја почитувам Костадинка Тушева по физика... Како знаеше да ни го внесе материјалот во глава, тоа чудо некое. Многу интелигентна жена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom