Ако си го прочитал Коранот,значи дека си запознаен со Шеријатот.Целата суштина излегува од Коранот.На некој начин Шеријатот е правно-политичко уредување на едно исламско општество.Јас го немам прочитано Коранот и неможам да ти кажам многу околу практичниот елемент освен она веќе познатото камшикување за неверство итн итн...
Малку историја:
Шеријатското учење или како сакаш наречи го е тесно сврзано со поимот
Шеријатска Држава или
Шеријатски Поредок.
Она што претставува ЕУ за Европските Христијани,тоа претставува овој Поредок за Муслиманите.
Оригинално и полноправно муслимански,овој поредок за првпат е “тестиран“ во Иранската Револуција...неупешно.Главниот проблем се јавува помеѓу различните толкувања (верзии) на Шеријатот.Сунити и Шиити.
Едните (незнам точно кои) Шеријатот го гледаат како Монархија со која ќе управува Калифот.Калифот е неограничен владетел (кај другите не е неограничен,ами има посебна група од луѓе-екперти за шеријат кои ќе го контролираат,на некој начин Сенат или Собрание).
Калифот(sura-al-Bakara-ajet) е пратеник од Алах (Al-malik-al-mulk) владетелот на светот и како таков Калифот треба да се придржува до Коранот.
Шеријатот во основа е демократски затоа што и во сунитскиот и во шиитскиот кодекс Калифот не е наследна титула.
Калифатот или Имаматот (верзиите за Шеријатска Муслиманска Унија) треба да бидат водени од Калифот или (незнам ако се вика лидерот на Имаматот,мислам Ајатолах ама не сум сигурен) ,а нив власта треба да им ја дава народот.
Типична Шеријатска држава е Сауди Арабија (барем така си се декларира официјално) каде во целост се почитува Коранот.Оној дел каде се зборува за должностите и правата на жените се вика Хиџаб и тој во целост се почитува.Имаат и специјална полиција за тие работи.
Ако јас се прашам,ова “учење“ како и секое друго учење каде како основа се земени правото,љубовта,одговорноста и искреноста е добро учење.
Меѓутоа,некои луѓе едноставно одбиваат да прифатат дека технократијата не однесе во 21 век и треба да се соочуваме со нови предизвици,а не жените да носат шамии и да седат на задно седиште во кола.
Секој со своето,најпрактичниот ќе победи на крајот