Не сфаќам која ти е поентата. Зошто чоек ги комплицираш работите?
Едноставно е, спушташ игра, ставаш на хард (или режиш на блу-реј, или на дуал лејер двд-а во рар формат за да ги чуваш игрите ако ти се наполни хардот), го поврзуваш на ПС3то, ИГРАШ. ПС3 то е пробиено, немој да ги буниш луѓето.
И кристално истото и го пишав во пост #499.
Ако има Интернет, и ако ја најде на Интернет, нека си ја симне, нека си ја копира на хард дискот од PlayStation 3 конзолата, и нека си игра.
Но ни PS Jailbreak - от, ни PSGroove - от не нудат подигнување на видео игра изрежена на пиратски BluRay диск.
Тоа беше се што објаснив во истиот пост #499.
И не повторувај повторно дека веќе го хакнале PlayStation 3, тоа е веќе јавен факт, поентата е во тоа дека јас сум малку повеќе старомоден и повеќе преферирам под пиратски копии да се подразбираат пиратски копии изрежани на медиуми како DVD и BluRay дискови, кои конзолата ќе ги подигне без никаков проблем, а не копии копирани на хард диск, кои ќе се подигнуваат од хард диск.
Е па, извини ако не ти се допаѓаат моите малку повеќе старомодни ставови, ама таков сум јас.
Некои не уживаат во убавините на Интернетот, како што уживаме јас и ти и мораат на поинаков начин да се снабдат.
Е сега во Финска, каде што Интернетот неодамна го прогласија за основно човеково право, и си имаш бесплатен Интернет со брзина до 1mb/s, е тоа ти е друга приказна.
И те молам не кажувај дека јас ги збунувам луѓето, никаде не пишав дека ни PS Jailbreak - от, ни PSGroove - от не работат, само поубаво објаснив за што може, а за што не може да ти се најдат при рака.
За ова веќе дискутиравме на постовите #468, #469, #472, #473 и #474 од оваа тема, така да, да не ги збунуваме повеќе луѓето :wink: