Е па, ErT, ако навистина го хакнале така како што ти велиш за да пушта игри инсталирани на хард диск, е тогаш тоа е друга приказна.
Тоа им го признавам, во ред.
Но како што и ти велиш, "финтата" е да се најде начин како да се пушти игра, која што не е на оригинален диск, па АЛЕЛУУУЈА, во тоа е поентата.
И велиш дека се надеваш дека никогаш нема да го хакнат BluRay ROM - от бидејќи скапи се BluRay дисковите.
Е па како инаку очекуваш да поевтинат BluRay дисковите ?
Не само во уникатнава ни по невработеност и сиромаштија Македонија, туку и во цел свет, среде светска економска криза ти се појавува овој нов тип на дискови BluRay, со капацитет од 25GB за обичен диск и од 50GB за Dual Layer диск, и очекуваш преку ноќ да почне да се продава како алва ?
Е па среде економска криза такво нешто тешко дека ќе се случи, до душа, за волја на вистината, BluRay се појави непосредно пред светската економска криза од 2008 година.
Е сега во САД, некои фирми како Волмарт се обидуваат да го форсираат BluRay - от по пат на поевтинување на BluRay плеерите, ама досега неуспешно.
Како што пред 10 години да можеш да си режеш по дома обични DVD дискови беше луксуз, како што пред 5 години да можеш да си режеш по дома Dual Layer DVD дискови беше луксуз, така и денеска да можеш да си режеш по дома BluRay дискови е луксуз.
Цените на BluRay ROM - овите, на BluRay плеерите и на BluRay режачите се отепувачка, барем за македонскиве стандарди, баш пред некој ден разгледував цени, отров бе човече, отров.
Ама тоа ти следува кога си имаш работа со нова технологија која што сеуште не се користи масовно, а тоа е докажано.
Пред 100 години автомобил можеле да си дозволат само богаташите, а денеска речиси секој од нас поседува било какво моторно возило, па дури и возењето со автобус и со такси денеска е секојдневие, а пред 100 години било чисто само сон.
Пред 15 години помислуваше ли некој дека на крајот од првата деценија на 21-от век сите ќе поседуваме мобилни телефони, со камери, со музички плеери, со Интернет, СМС, ММС, Bluetooth и триста и кусур тракатанци, и дека нема да знаеме како да си го замислиме секојдневниот живот без таквите електронски уреди, кои пред 15 години беа чисто само сон ?
Ситуацијата ти е кристално иста и кај BluRay технологијата.
BluRay ROM - овите, плеерите, режачите, дисковите, денеска се луксуз, а кој знае, можеби за 5 години ќе станат секојдневие, море какви 5 години, можеби веќе до крајот на 2010 или во текот на 2011 ќе почнеме да ги купуваме на кило, како што правиме денеска со обичните и Dual Layer DVD дисковите
Доколку успеат да го хакнат BluRay ROM - от, или најдат било каков друг начин на кој ќе може да се пуштаат игри кои не се на оригинален диск, тогаш прашање на време ќе биде додека PlayStation 3 да почне да се купува како алва, бидејќи, денеска може да се играат пиратски копии од видео игри на Xbox 360 и на Nintendo Wii, а според статистиките на произведувачите, најкупуван е Nintendo Wii, од кој заклучно со 30 јуни 2010 (според Нинтендо) се продадени речиси 74 милиони конзоли, после него следува Xbox 360, од кој заклучно со 30 јуни 2010 (според Мајкрософт) се продадени речиси 42 милиони конзоли, а последен е PlayStation 3, од кој заклучно со 30 јуни 2010 (според Сони) се продадени нешто над 38 милиони конзоли, а статистиките важат глобално за целиот свет.
И ќе повторам, од сите 3 конзоли само PlayStation 3 не е хакнат за да може да се пуштаат игри кои не се на оригинален диск, а цената на конзолата сега е неверојатно ниска, всушност, новите Slim конзоли на Xbox 360 и на PlayStation 3 имаат кристално исти, изедначени и истовремено најниски цени во САД и Европа досега, е сега Македонија ти е друга приказна, но како и да е, сепак, и после речиси година дена откако излезе во продажба новиот PlayStation 3 Slim, сепак PlayStation 3 и понатаму е најмалку купуваната конзола во целиот свет.
Моето лично мислење е дека тоа е резултат на фактот дека PlayStation 3 сеуште не е хакнат за да може да се пуштаат игри кои не се на оригинален диск, е сега тоа е моето лично мислење, и другите имаат право на свое лично мислење.
Моето лично мислење е дека доколку се хакне BluRay ROM - от или се најде било каков друг начин на кој ќе може да се пуштаат игри кои не се на оригинален диск, тогаш прашање на време ќе биде додека PlayStation 3 да почне да се купува масовно, бидејќи ќе може да се пуштаат игри кои не се на оригинален диск, а со тоа би требало да почне да се купуваат масовно и BluRay дисковите.
Така функционира глобалната економија во изминативе 100 години како што ти опишав претходно, кога имаш масовна побарувачка од една страна и мало производство од друга страна, можеш да бираш: Или ќе продаваш по неподносливо високи цени заради профит и со текот на времето ќе ги изгубиш купувачите на твоите производи и корисниците на твоите услуги, или ќе почнеш со масовно производство и ќе продаваш по пониски цени и ќе ти се зголемат побарувачката и бројот на купувачите на твоите производи и корисниците на твоите услуги; а јас не верувам дека Сони спаѓаат во првата група, верувам дека сакаат да им се зголемуваат и побарувачката и заработувачката истовремено.
Така да, ако сакаш поевтинување на BluRay ROM - овите, плеерите, режачите и дисковите, тогаш тоа ќе го дочекаш или кога светот ќе закрепне од светската економска криза, или кога ќе го хакнат BluRay ROM - от или ќе најдат било каков друг начин на кој ќе може да се пуштаат игри на PlayStation 3 кои не се на оригинален диск.
Како и да е, и во двете сценарија мора прво да се случи масовна побарувачка за да се дојде до поевтинување.