Неколку дена покасно од ИксБоксот, Sony го лансира новиот Плејстејшн 3. На презентацијата синоќа беше објавено дека ова парче подржува дури до 7 Bluetooth џојстика, неколку кратни високо квалитетни HD сигнали и можно поврзување со Плестејшн Портаблето. Срцето на ова слатко машинче работи со такт од 3.2 гигахерци а кешот на 512 комбиниран со 7 слота од 256 рам. Бенч-марк тестовите покажуваат дека Сонито е дури еден и пол пат побрз од ИксБоксот. Галерија со слики има овде и овде. Видео презентацијата е овде и неколку скрин шота овде и овде.