3. На крајот од денот - Казуо Ишигуро (Три, 2016 (прв пат објавен 1989))

Бев заборавил каков мајстор на зборот е Ишигуро! Човеков ги заслужува сите почести кои ги има добиено, а „На крајот од денот“ несомнено е еден од најубавите, најтоплите, најискрените и најреалните романи кои сум ги прочитал и заслужено се вбројува меѓу најдобрите британски романи некогаш напишани.
Ишигуро го открив сосем случајно, посредно, преку филмот. „Never Let Me Go“ веројатно знаете дека ме измести тотално кога го гледав прв пат и веднаш по филмот го побарав и купив романот, изненаден што го има на македонски, во тогашната издавачка куќа Макавеј (не сум сигурен дали се уште постојат, или барем дека постојат во таа форма). Романот уште толку ме измести и затоа бев пресреќен што неколку години потоа Ишигуро беше добитникот на Нобеловата награда за литература. Но, кога го гледав „Remains of the Day“, не можам да речам дека се разочарав, зашто филмот е далеку од лош, само имав поинакви очекувања во поглед на жанрот, темата, приказната... што знам што. Едноставно само ми беше многу поинаков. Затоа толку одложував додека да го земам овој роман во раце. Но, неодамнешните листи на The Guardian за кои дискутиравме во подфорумов го сместија меѓу најдобрите романи некогаш напишани, па нели ветив дека ќе прочитам роман од листата кој го имам дома, а не сум го прочитал. Така дојде редот за „На крајот од денот“.
Ама романов - пак ме извади од патики! Ова е такво мајсторство, таква топла приказна за едно мало патување низ Британија и големо патување низ сеќавањата од животот на еден батлер, толку искрено и реално напишан, со толку емоции што не може да не изнуди емоции и кај читателот. А кај мене изнуди многу! И додека читав имав впечаток дека ја читам најубавата љубовна приказна која сум ја прочитал во животот, а романот не е воопшто љубовна приказна. Тој е многу повеќе од тоа. Голем како животот, кој го опишува. И со една неверојатна порака - крајот од денот е навистина најубав и треба да се доживее со отворени очи во пресрет кон ноќта која следи, а не да се помине мислејќи на изгрејсонцето и се она што донел денот или нештата кои можеби си ги испуштил во него.
Неверојатно четиво. Ова веќе е класик, но по години, децении, ќе прерасне во уште поголем!