Кајгана чита - 2026 edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги мислите дека може да прочитате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    35
  • Гласањето ќе се затвори: .
3. На крајот од денот - Казуо Ишигуро (Три, 2016 (прв пат објавен 1989))

1785687488583.png

Бев заборавил каков мајстор на зборот е Ишигуро! Човеков ги заслужува сите почести кои ги има добиено, а „На крајот од денот“ несомнено е еден од најубавите, најтоплите, најискрените и најреалните романи кои сум ги прочитал и заслужено се вбројува меѓу најдобрите британски романи некогаш напишани.

Ишигуро го открив сосем случајно, посредно, преку филмот. „Never Let Me Go“ веројатно знаете дека ме измести тотално кога го гледав прв пат и веднаш по филмот го побарав и купив романот, изненаден што го има на македонски, во тогашната издавачка куќа Макавеј (не сум сигурен дали се уште постојат, или барем дека постојат во таа форма). Романот уште толку ме измести и затоа бев пресреќен што неколку години потоа Ишигуро беше добитникот на Нобеловата награда за литература. Но, кога го гледав „Remains of the Day“, не можам да речам дека се разочарав, зашто филмот е далеку од лош, само имав поинакви очекувања во поглед на жанрот, темата, приказната... што знам што. Едноставно само ми беше многу поинаков. Затоа толку одложував додека да го земам овој роман во раце. Но, неодамнешните листи на The Guardian за кои дискутиравме во подфорумов го сместија меѓу најдобрите романи некогаш напишани, па нели ветив дека ќе прочитам роман од листата кој го имам дома, а не сум го прочитал. Така дојде редот за „На крајот од денот“.

Ама романов - пак ме извади од патики! Ова е такво мајсторство, таква топла приказна за едно мало патување низ Британија и големо патување низ сеќавањата од животот на еден батлер, толку искрено и реално напишан, со толку емоции што не може да не изнуди емоции и кај читателот. А кај мене изнуди многу! И додека читав имав впечаток дека ја читам најубавата љубовна приказна која сум ја прочитал во животот, а романот не е воопшто љубовна приказна. Тој е многу повеќе од тоа. Голем како животот, кој го опишува. И со една неверојатна порака - крајот од денот е навистина најубав и треба да се доживее со отворени очи во пресрет кон ноќта која следи, а не да се помине мислејќи на изгрејсонцето и се она што донел денот или нештата кои можеби си ги испуштил во него.

Неверојатно четиво. Ова веќе е класик, но по години, децении, ќе прерасне во уште поголем!
 
Ишигуро мајагери со клизачи влагам и....
спомињам уште еден роман на Николас Спаркс :D

The longest ride
За разлика од претходните две кои беа гола вода, овој на почетокот повеќе ми западна за око, а и некако ради исцрпеност психичка периодов повеќе сум свртен на шиТ-литот. Две паралелни прикаски, едната стандард спаркс city girl-meets- country boy, она на факс, он нешто као јава бикови, (нели северна каролина), ама повеќе ми западна на око другата прича кај што има еден лик кому му се дешава сообраќајка и со колата у ендек и главата на волан си прави човеков ретроспектива на животот што му изминал (сепак ептен стар е). Животот во америките од 50тите како еврејски имигранти, он од некоја haberdasher фамилија, она пребегната од Виена пред да почне јакиот погром. Па тука мештаљки, мајката пробуе да ги спои, он срамежлив, девојкава наметлива, па иде па не иде па го драфтаат во војната како пилот, па фаќа некоја сипаница која ќе му го смени целосно текот на животот после војната. Све тоа убаво до самиот крај. Ама Спаркс, не е Спаркс да не го усере филмот, па некако на брзинка работите се испреплетуваат меѓу двете причи на самиот крај, набрзинка напишано со предвидлив завршеток. И не, не е трагичен. Предвидлив е од километар.
3.5/5 Онака. Not bad, nor terrible
 
Откако ми се роди дете и изгасив секакви brain rot апликации и мрежи со цел повеќе living in the moment yada yada, се појави и желба за прв пат по 8мо одделение (ваљда Робинзон Крусо беше) да земам да читам пак. Нормално, кога не си читал од претпубертетска возраст, оставаш жена ти да ти сугерира од што да почниш, и ме зареди со класици и ме шалта по разни автори за да увиди што прија а што не. Here goes nothing:

1. Мартин Идн - Џек Лондон 5/5
Фасцинантен осврт на една интерна борба на протагонистот, борба која е толку универзална и со која јас лично многу се поврзав и препознав. Полуавтобиографска книга чија тематика ќе погоди секој кој копнеел или сметал дека заслужува повеќе, уште, подобро, а особено оние кои на крај успеале во реализацијата, само за да сфатат дека тоа не е одговорот. За мене лично најдобро нешто што имам читано досега.

2. Алхемичарот - Пауло Коелјо 3/5
Можеби не бев во таков апстрактен и уметнички муд, но после бруталниот реализам на претходната, оваа ме остави прилично рамнодушен. Ваљда not my cup of tea, иако вредно е да се напомене дека стилот на пишување и начинот на кој те примамува да свртиш страна беше за респект.

3. Делото на Артамонови - Максим Горки 4/5
Книга за која треба да имаш камен наместо срце за да останеш рамнодушен, приказна која опфаќа повеќе генерации и која те носи од слатко смеење до горчина и јад во душата како да станува збор за твој близок. Ликовите се толку живописни и уникатни што ти се чини си ги знаел отсекогаш.

4. Чичко Горио - Оноре де Балзак 4.5/5
Уште една класика, наводно дел од поголем авторски универзум каде се повторуваат ликовите. Несомнен мастерпис и неверојатен insight во Паришките драми и интриги во 19 век, и слично како со Мартин Идн, она што најмногу ме фасцинира (ваљда пошто сум дебил шо прв пат чита книги) е колку се универзални и безвременски проблемите, искушенијата и комплексите кои ги имаме. Практично се е исто како и денес, само спакувано во друг век и во друг амбиент.

5. Дејвид Коперфилд - Чарлс Дикенс - во тек.
5. Дејвид Коперфилд - Чарлс Дикенс 4/5
Coming-of-age драма која го следи животот на Дејвид буквално од раѓањето па се до зрелоста. Дејствието е во Викторијанска Англија, со акцент на мизеријата и сиромаштијата меѓу децата, суровоста на растењето и безброј разочарувања. Сепак, како и секое детство, има и убави моменти кои знаат да внесат топла меланхолија кај читачот и те тера да се присетиш на сопствените топли детски спомени.

6. Степскиот Волк - Херман Хесе 4.5/5
Да ја читав книгава ко тинејџер, сигурно ќе бев несфатен емо ко @wot :D Само 100тина страни а едвај ја дочитав, не дека беше лоша - напротив, ебено добар психо трип за кој често ти треба 2-3 пречитувања за да го укапираш. Блендира реалност и фантазија, протагонистот има дуалитет со кој се бори - својот стремеж кон граѓанство и припаѓање од една страна, и својот изолиран степски волк од друга страна. Мастерпис.

7. Железната Пета - Џек Лондон 4/5
Мојот засега GOAT писател со политички драма/трилер кој е пишуван во 1907ма, а ги прогнозира настаните во наредните неколку децении, односно дава свој осврт на како ќе се одвива судирот меѓу социјализмот и капитализмот. Од сегашна перспектива е како да читаш алтернативна историја, и практично дејствието што го читаме е „пронајдено“ во колиба 7 века подоцна, па така интересни се и огромните фуснотите пишувани од напредна социјалистичка утопија, со зачудување како кога ние сега дискутираме за темниот среден век.

Any suggestions земено предвид горенаведените? :D
 
4. Три Марии - Оливера Ќорвезироска (Арс Ламина, 2025)

1786019556054.png

Ова е првиот роман на Оливера Ќорвезироска кој сум го прочитал, иако не ми е првото нејзино дело - навистина уживав во прекрасната збирка раскази „Улиците што ги нема“. Не можам да речам дека не уживав подеднакво и во „Три Марии“, зашто го има се она што ми е потребно во едно дело за да ме закова за него и да го прочитам скоро во еден здив: интересна приказна, уверливи и реалистични ликови и добар стил. Кај Оливера има плус уште нешто што ретко се среќава кај нас - убавиот јазик. Навистина уживав во секој збор, во секоја игра со зборови, во надреализмот или магичниот реализам кој напати го применува... Ваков течен јазик, во кој се чини ко да е се таман и нема ништо од вишок, ваква речитост, прв на кој ми текнува дека употребува кај нас, а кој секогаш ме маѓепсува со зборовите е Давор Стојановски, и еве, Оливера Ќорвезироска е втора.

Но, не можам да не споменам две работи кои навистина ми засметаа. Прво - во денешно време сешто се протнува во доменот „роман“, под превезот на пост-модерната. Не дека немало и други наши, дури и добитници на „Роман на годината“ кои се всушност збирки раскази, зашто според мене романот е ЕДНА заокружена приказна, а не ТРИ поврзани со навидум неважна врска, во случајов еден стан во Капиштец, само некако ми здодеа таа постапка и сметам дека е веќе изнасилена. (По оваа логика и „Зоки Поки“ од Оливера Николова ли е роман?) И второ - веќе се навикнавме скоро се кај нас да се печати на ваква, нискоквалитетна рециклирана, скоро жолта хартија, веројатно поевтина и со тоа да се пропагира некакво помодарство дека се грижиме за животната средина, рециклираме и не сечеме дрвја, но дополнително да направиш и печатените букви да не се црни, туку во нијанси од светло до темно сива, е веќе претерано! Ослепев дур читав (или се обидував да читам)! Заради овие две замерки, сакав да го оценам ова со некоја 4/5, но видов дека некои претходни добитници на наградата кои помалку ми се допаднале сум ги оценил со 5, сметав дека би било нереално. А и впрочем, си кажав што ми сметаше, па така...

P.S. Ни една мајка нема да се радува со солзи во очите зошто ќерка и го задржала презимето кое претходно таа го зела од сопругот! ;)
 
12. Последниот дон - Марио Пузо - 8/10

Книга од авторот на “Кум“ и “Сицилијанецот“, трета прочитана книга од Пузо, иако беше за нијанса послаба од другите 2, сепак воопшто не ме разочара и уживав во неа. Дејствијата во книгата се одвиваат генерално крајот на 80тите и почетокот на 90тите, па за разлика од другите 2 наведени книги, тука се забележува присуство на модерна технологија, што не ми оди секогаш во пакет со сликата за сицилијанската мафија во мојата глава. Иако книгата е фикција, сепак има референци за реални настани кои навистина се имаат случено, пример најочигледно беше убиството на адвокатот Џовани Фалконе, кое беше прикажано како спореден настан, со истите детаљи, само во друг контекст и без спомнување на имиња. Секако описите околу начинот на функционирање, пред се перењето пари преку казината во Вегас, полицајци на платен список, инволвираност во филмска индустрија, снемување луѓе, низок морал. Всушност оваа книга е некој микс од “Кум“ и “Сицилијанецот“. Во “Кум“ имаше прекрасни описи и доловување на целата атмосфера, но многу малку застапен љубовен дел, романса. Во “Сицилијанецот“ пак носечки момент беше тоа, заедно со губењето доверба, но само површно беше спомнат мафијашкиот дел околу структурата, повеќе само како попатни информации. Тука имаше совршен баланс од двете работи и тоа ми се допадна, иако од сите 3, најмногу на срце ми е можеби “Сицилијанецот“, некако најмногу сум поврзан со ликовите таму. Исто така да напоменам, дека за разлика од “Сицилијанецот“ каде што се спомнуваа ликови од “Кум“, тука нема такви референци и ова е целосно засебна книга (не дека нешто беа поврзани и првите 2, освен неколку спомнувања на ликовите). Книгата си има убава порака, не можеме секогаш да ги контролираме работите, следната генерација не сака секогаш да продолжи со желбата на претходната генерација, некогаш мора да направиме отстапки и да дадеме жртви, за да може работите да отидат во права насока.
13. Слепило - Жозе Сарамаго - 8.5/10

Интересна книга, напишана со интересен, нетипичен стил. Пред да започне некој да ја чита, да го предупредам дека книгата е напишана на нестандарден начин, односно зборовите се единствено одделени со точка и запирка. Запирка значи исто така и реплика, а комплетно испуштени се параграфи, наводници, цртички итн. Ова е така направено, поради две причини. Првата за да е многу поприродно со начинот на реална комуникација, односно запирка да е пократка пауза, а точка подолга, но многу поважната е да остави делото чувство на дезориентираност, како што се дезориентирани ликовите во романот кои се под “слепило“. Ова дело би го сместил во пакет со 1984 од Орвел и Фаренхајт 451 од Бредбери. Дејството е доста дистопично, со постапокалистични елементи. Се работи за роман во кој наеднаш сите ослепуваат и се приморани да живеат заедно. Фокусот тука е на однесувањето на луѓето во таква ситуација, кога никој не ги гледа, кога општеството е ослободено од било какви норми и правила. Слепилото не е само физички, туку е и што останува од нас кога душата ни станува слепа. Роман во кој се опишуваат човечката нетолеранција, блудот, нехигиената, суровостa, рамнодушностa, немањето емпатија, непочитта. Опфатени се и непријатни сцени, со кои одлично се доловуваат целата атмосфера при едно вакво дистописко сценарио. Завршните реченици во романот исто така се многу моќни: “Мислам дека не ослепевме, мислам дека сме слепи, слепи, а имаме очи, слепи луѓе кои можат да гледаат, ама не гледаат“. Ми се допадна, ја препорачувам на сите.
 
Последно уредено:
4) Пред да се излади кафето - Тошиказу Кавагучи


1787077901183.png


Првин ја прочитав "Приказни од кафулето" па многу работи ми беа познати.
Во првава книга од серијалот има доста објаснување за правилата според кои се патува во времето но и повеќе фокус е даден на луѓето кои го водат кафулето, особено Нагаре и Кеи како и Мики која се појавува кон крајот но дупло постара од вториот дел заради патувањето во иднината. Тука се добива и цела слика за Кеи и Мики затоа што во вториот дел малку ми беше нејасно сето тоа.
Убави книги од јапонецов. Дефинитивно ќе мора да се купи и "Пред да избледи сеќавањето".
Но, што е со четвртиот и петтиот дел од серијалот? Сеуште не се преведени на македонски? Гледам во ТРИ ги има само првите три. No pun intended. :)
 
5. Копилето од Истанбул - Елиф Шафак 4/5

Ми ја подарија книгата и ми беше задоволителна. Сакам да читам книги од муслимански автори кои се растени на западот и пишуваат книги со елементи "против своите" што повлекува многу критики на нивно конто :D
Книга во која позадинската приказна е етничкото чистење кое турците им го имаат направено на ерменците во 1915 година, кое останува непризнато (слично како и приказната со македонците од Егејот. Баш имавме парола на трибина во минатото за геноцидот врз македонците од Егејот и ерменците во Турција, а никогаш не сум читал нешто особено на темава).
Главни ликови се две девојки на околу 20-тина години и нивните пошироки семејства. Едните ерменски иселеници во Америка, другите турци од Истанбул. Теророт кој го преживеале оние кои биле протерани од своите родни огништа во Истанбул, го пренеле врз своите идни поколенија во форма на омраза кон турците и гласно барање за јавно извинување. Од друга страна имаме турска фамилија во која мажите се погодени од проклетство да умираат млади, до 40-тата година. Под ист покрив живеат 4 генерации жени, секоја со различни гледишта на животот. Кога внуката на ерменците носи одлука дека треба да го посети родното огниште на баба и во Истанбул за да се пронајде себеси, завршува во куќата на турското семејство, кое патем нема апсолутно никакви познавања од ерменскиот геноцид. Како што секогаш бива, двете семејства имаат испреплетена заедничка судбина која се разјаснува низ книгата.
Книгата изобилува со убав опис на хаотичниот Истанбул, убавите турски јадења, разновидноста на гледиштата на турските жени кои живеат под ист покрив (и покрај сите различности се почитуваат една со друга) како и малку историја за животот пред и по Ататурк.
Брзочитачка книга.
Ме натера да проверам дали е вистина прашањето од турчинката дали Систем оф а даун забранувале присуство на турци на своите настапи (СОАД се познати како големи критичари на турската власт поради непизнавањето на геноцидот, како и поради помагањето на Азербејџан во последниот конфликт во Нагорно Карабах). Интересен историски факт е дека при протерување/погубување на еден народ по изгубена битка, први на отстрел од невоинственото население се учителите/писателите/интелигенцијата.
6. И планините одекнаа - Халед Хосеини 5/5

Секогаш ми се интересни за читање делата на Хосеини. Ловец на змејови и Илјада чудесни сонца ги имам прочитано поодамна, па откако ја начекав на добар попуст во Матица, дадов шанса и на третиот негов бестселер - И планините одекнаа.
Хосеини си држи некој патерн во сите негови книги, раскажувајќи го животот на авганистанците низ суровоста на војните на авганистанско тло. Смртта на шахот, војните со советскиот сојуз и комунистичката власт, муџахедините, цивилната војна, американците и на крај шеријат под талибанците. Фокусот често е ставен на тешкиот живот и рестрикциите под исламска власт, особено за жените.
Секој што поддржува војни, треба да прочита некоја од неговите книги за да сфати како за 5 секунди цел живот може да ти се смени, да останеш без ништо.
Оваа книга нема толкав фокус на војните, иако неизбежно и тие заземаат место во книгата, туку го разгледува животот на повеќе различни ликови кои во разчично време (во распон од 40-тина години) живееле во Авганистан.
Девет приказни, кои ќе ја спојат приказната за сиромашно братче и сестриче, кое за пари (за да не заврши како починатиот полубрат, поради ладната зима и немањето дрво за огрев) е продадено на богати познаници кои немаат деца. Приказни за тоа во какви луѓе прераснуваат, во какви услови израснале, опсесивната љубов од родителите од страв да не останат без присуството на своите деца, жртвувањата, пренесување на традицијата на новите генерации растени во сосема поинакви општества, воените профитери итн.
Нешто што малку ми недостасуваше беше приказните да имаа жалку посреќен крај. Се' кога мислиш дека ќе дојде до некоја позитивна пресвртница, ликот за кој е наменета приказната или претрпува некоја лоша случка или се помирува дека тоа е неговиот живот и бесцелно е да ја прави промената која ја посакувал.

И Хосеини приватно дели слична приказна како многу од неговите ликови низ книгите. Во екот на војната, пребегани се во Пакистан од каде што потоа се сели и живее во Америка. Секогаш е критички настроен кон талибанската власт, иако мора да се забележи дека нема некои особени симпатии кон ниту една страна заслужна што Авганистан е во хаос повеќе од половина век. Низ книгата се споменува колку новите генерации растени во Америка, тотално се препуштени на конзумеризмот и западните вредности, што мислам дека е и лична инспирација од неговите деца. Едната ќерка стана трансџендер и јавно го објави тоа, а татко и ја поддржа.
Некаде прочитав дека ко дете оставила ревју на goodreads за книгава, но никаде не успеав да го најдам :D

Го надминав easy прагот, не сум лош :D
 
Две напоредно ги читам (добро де едната е аудио книга)
17. The king - Kader Abdolah
Интересно историско штиво за Иран (Персија) во средината на 19ти век меѓу две сфери на интерес - Велика Британија и Русија. Абдолах го запознав на Букстар дешавката у очи на глобалното пандемиско затватање (Февруари 2020) со неговиот „Бележник на татко ми“). Доста поедноставено опишува и е близок за сите оние кои прв пат влегуваат во историскиот жанр, многу слично како кај Амин Малуф. Препорачувам, ако ве интересира поновата историја на Иран, одлично стартер четиво.
18. Odyssey by Stephen Fry или книга #4 од неговата Great mythology серија. Раскажано секако, со неговиот глас.
Интересен пристап, почнува со мал вовед во митологијата, неколку реченици за Тројанската војна, па веднаш се префрла на приказната за Агамемнон кога пристигнува дома, судбината на неговите деца (Орестис, Електра) за да после ја започне приказната на Одисеј, но не од крајот на Троја туку од моментот кога се ослободува од островот на Калипсо и пристигнува кај кралот на Феникија и го раскажува неговото патешествие од почеток. Сето ова придружено со игрите меѓу боговите. Топла препорака.

Ах да, измеѓу Спаркс и Абдолах ми се протна Јета од Ивана Трајаноска. Ако сте љубител на екс-ју периодот и ве фаќа носталгија/револт кон истиот, книгава ќе ве бендиса. од мене 4/5
 
13. Слепило - Жозе Сарамаго - 8.5/10

Интересна книга, напишана со интересен, нетипичен стил. Пред да започне некој да ја чита, да го предупредам дека книгата е напишана на нестандарден начин, односно зборовите се единствено одделени со точка и запирка. Запирка значи исто така и реплика, а комплетно испуштени се параграфи, наводници, цртички итн. Ова е така направено, поради две причини. Првата за да е многу поприродно со начинот на реална комуникација, односно запирка да е пократка пауза, а точка подолга, но многу поважната е да остави делото чувство на дезориентираност, како што се дезориентирани ликовите во романот кои се под “слепило“. Ова дело би го сместил во пакет со 1984 од Орвел и Фаренхајт 451 од Бредбери. Дејството е доста дистопично, со постапокалистични елементи. Се работи за роман во кој наеднаш сите ослепуваат и се приморани да живеат заедно. Фокусот тука е на однесувањето на луѓето во таква ситуација, кога никој не ги гледа, кога општеството е ослободено од било какви норми и правила. Слепилото не е само физички, туку е и што останува од нас кога душата ни станува слепа. Роман во кој се опишуваат човечката нетолеранција, блудот, нехигиената, суровостa, рамнодушностa, немањето емпатија, непочитта. Опфатени се и непријатни сцени, со кои одлично се доловуваат целата атмосфера при едно вакво дистописко сценарио. Завршните реченици во романот исто така се многу моќни: “Мислам дека не ослепевме, мислам дека сме слепи, слепи, а имаме очи, слепи луѓе кои можат да гледаат, ама не гледаат“. Ми се допадна, ја препорачувам на сите.
14. Проклета авлија - Иво Андриќ - 7/10

Второ мое прочитано дело од Андриќ, после “Мостот на Дрина“. Тука дејството се одвива во затвор и опфатени се приказни кои се раскажани таму. Навидум книгата е за затвор и како тоа човек може да биде неправедно затворен поради тоа што отстапува од општественото “нормално“, но книгата носи многу поголема порака и опфаќа многу поголема идеја за затвореност отколку онаа затворската. Не е важно дали си невин или виновен, туку дали се вклопуваш во системот или не. Во денешно време можеме да повлечеме паралела на тогашниот режим кој затвара со политичка партија или пак со системот кој не води или едноставно со денешна Македонија. Не се добредојдени луѓе кои истражуваат, кои си го пикаат носот “каде што не треба“ и бараат одговори за нештата, кои сакаат да знаат нешто повеќе, добредојдени се покорни луѓе, кои се слепи послушници на режимот. Дали носат господата турбан или одело или пак дали градот е Скопје или Истанбул, всуштинските работи не се сменети, џабе се поминати векови и џабе имаме илузија на слобода. И сега паметните луѓе се најголем проблем во општеството, и сега имаме злоупотреба на моќ, и сега нелогични пресуди... Ми се допаѓа кај Андриќ тоа што опфаќа историски преданија, но и ликови кои вистински постоеле, а нивниот живот и дејствување се во голема мера плод на имагинацијата и литературната слобода на авторот. Го забележав тоа и во “Мостот на Дрина“, го забележав тоа и тука, константно пловење меѓу минатото и сегашноста, интересни приказни кои не оставаат рамнодушен. “Мостот на Дрина“ ми беше подобра, повеќе магија имаше целата атмосфера, но и “Проклета авлија“ е квалитетно дело.
 
Цело лето, на рати некако, поради милион обврски ја читам и дочитувам Виенски гамбит на Анде Јанков. Решив да дадам шанса на македонски автори и да видам што се пишува изминатите години. Кога ќе завршам, ќе пишам една рецензија.

Засега ми гледа добро срочено, интересно, можеби премногу тривијални детали има низ описите на дејството, но ок, тој му е стилот веројатно.
 
14. Проклета авлија - Иво Андриќ - 7/10

Второ мое прочитано дело од Андриќ, после “Мостот на Дрина“. Тука дејството се одвива во затвор и опфатени се приказни кои се раскажани таму. Навидум книгата е за затвор и како тоа човек може да биде неправедно затворен поради тоа што отстапува од општественото “нормално“, но книгата носи многу поголема порака и опфаќа многу поголема идеја за затвореност отколку онаа затворската. Не е важно дали си невин или виновен, туку дали се вклопуваш во системот или не. Во денешно време можеме да повлечеме паралела на тогашниот режим кој затвара со политичка партија или пак со системот кој не води или едноставно со денешна Македонија. Не се добредојдени луѓе кои истражуваат, кои си го пикаат носот “каде што не треба“ и бараат одговори за нештата, кои сакаат да знаат нешто повеќе, добредојдени се покорни луѓе, кои се слепи послушници на режимот. Дали носат господата турбан или одело или пак дали градот е Скопје или Истанбул, всуштинските работи не се сменети, џабе се поминати векови и џабе имаме илузија на слобода. И сега паметните луѓе се најголем проблем во општеството, и сега имаме злоупотреба на моќ, и сега нелогични пресуди... Ми се допаѓа кај Андриќ тоа што опфаќа историски преданија, но и ликови кои вистински постоеле, а нивниот живот и дејствување се во голема мера плод на имагинацијата и литературната слобода на авторот. Го забележав тоа и во “Мостот на Дрина“, го забележав тоа и тука, константно пловење меѓу минатото и сегашноста, интересни приказни кои не оставаат рамнодушен. “Мостот на Дрина“ ми беше подобра, повеќе магија имаше целата атмосфера, но и “Проклета авлија“ е квалитетно дело.
Јас ја имав таа несреќа многу блиску еден до друг да ги прочитам „Проклета авлија“ од Андриќ и „Белата тврдина“ од Орхан Памук, а и двата се по темата, по сценографијата, па дури и по стилот многу слични и некако бев презаситен од се поврзано со двата романа и не можам да кажам дека уживав ни во едниот ни во другиот. Факт е дека се квалитетни романи (иако и ова е дискутабилно за двата, повеќе би рекол - новели), но ете, кај мене не постигнаа такво задоволство како што, исто, имав кога ја читав „Мостот на Дрина“ или било која друга од Памук.
 
5. Циганин, ама најубавиот - Кристијан Новак (Готен, 2021 (прв пат објавен 2016))

1787600454898.png

Е вака се пишува трилер! Иако ова не само што не може да се дефинира (само како) трилер, туку е и една планина од жанрови, мотиви, теми, приказни, истории... Не за џабе е еден од најнаградуваните хрватски романи на сите времиња, а еве, како што гледам, ќе влезе и на листата „Најдобри романи на српско-хрватски јазик на сите времиња“ на Велике Приче. Ова е хрватскиот „Се викам Црвена“ или хрватскиот „Рашомон“. Мора да признаам дека по насловот, се плашев дека ќе има премногу стереотипизирање и дека однапред ќе знам што се случило... Но, оооо, колку сум се излажал! Тука не можеш да си сто посто сигурен што се случило ни до последната страница, а богами ни по тоа. Не за џабе авторот вика: „колку читатели, толку теории“. Мора да споменам многу јак момент при крајот на романот - има референца за самоубиство на полицаец, што всушност е приказната во следниот негов роман: „Случај на сопствената погибел“, напишан и објавен дури 7-8 години подоцна.

Ова е за мене третиот и последен прочитан роман на Новак (од вкупно 3 напишани, ако се изземат некои обиди за влез во книжевноста од неговите студентски денови) и можам да кажам дека човеков е таква ѕверка, што не може да не ти влезе под кожа. Не може да не ги сакаш и да не сочувствуваш со неговите ликови - тие ти се пријатели, ги чувствуваш како свои и по завршувањето на романот ти е криво што не знаеш што се случило понатаму со нив. Новак е и мајстор на зборот. И тука дијалозите ги пишува на Кајкавски (иако тука малце беше под-утнат преводот кој Сашо Огненовски во „Црна мајка земја“ и „Случај на сопствената погибел“ го доведе до совршенство).

Најреално, вака би го опишал со неколку збора ова: неверојатен роман, но за мене најмалку допадлив од трите на Новак. А штом овој, толку неверојатен роман е „најлошиот“ негов, тогаш може да замислите какви се другите два?

Ма не треба ни да се зборува! :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Back
На врв Bottom