Кајгана чита - 2026 edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги мислите дека може да прочитате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето ќе се затвори: .
1000030499.jpg


2. Тошиказу Кавагучи - Приказни од кафулето


Ех, да има некое вакво кафуле, иако нема да можам да ја променам сегашноста, сепак би пробал да се вратам пред еден месец па да си се сретнам себеси и да си кажам дека "Приказни од кафулето" е втора во серијалот и да ја купам првин "Пред да се излади кафето"
Каков абдал. Се запотив у Литература, ми фалеа уште 300 денари за таа грепката и тука се туфкам а продавачката ме гледа и јас ај, нека биде таа јапонската. За оваа книга имам прочитано доволно онолку да ме заинтересира да ја купам. Не прочитав никакви рецензии и никогаш не проверив дали едната со другата се поврзани а за тоа дознав откако ја завршив оваа книга. Уствари не ни знам дали се поврзани и нема ни да се обидувам да дознаам па така нареден пат кога ќе одам ќе ја купам и таа па ќе се обидам да си ги поврзам.

Баш ми се допадна. Иако имав малку проблем на почетокот со имињата затоа што е прва јапонска книга која ја читам, некако се навикнав и на Казу и на Нагаре и на Канаме...
Ме натера книгава да размислувам малку подлабоко за сопствените постапки и општо за животот. Првата приказна со тој рагбистот и ќерката на другар му, како и последната со стариот детектив ептен ме погодија.
 
1. The Odyssey - Homer ★★★
2. Project Hail Mary - Andy Weir ★★★★★
3. Трипати Взори - Алесандро Барико ★★★½
4. Piranesi - Susanna Clarke ★★½
5. Stoner - John Williams ★★★★★
6. The Bell Jar - Sylvia Plath ★★★½
7. Мистериозниот Странец - Марк Твен ★★★½
8. Ignorance - Milan Kunderа ★★★

9. Red Rising - Pierce Brown ★★★

IMG_1596.jpeg

Очекував сај фај за кој малку огладнев, а добив воена, машка, хангер гејмс вајбз академија, полна со политики и интриги. Прва книга од поголем серијал, која што служи како origin story. Во блиска иднина на Марс, каде човештвото може да ги тераформира околните планети, човештвото е поделено на касти по боја. Црвените се робови кои го бушат Марс мислејќи дека сеуште се работи на тераформирање, но реалноста е дека Златните веќе се населени на планетата и владеат со нив, и уживајќи богат и луксузен живот. Еден црвен, поради преголема лична неправда, е регрутиран од бунтовно движење и е физички и психички променет да ги инфилтрира Златните од внатре, да се одмазди и да и собори тиранијата. Enter Darrow. За тоа, мора да ја помине академијата која ги зема најдобрите златни за да ги тренира на војна и владеење, и ги поделува во неколку куќи кои треба да се освојат меѓусебе на отворено поле и замоци. Војна, тактизирање, предавства, многу Римска инспирација од владари до богови, неизвесност. Книга за социјална неправда, за проблемите на општеството и негово најдобро владеење, книга за одмазда и гнев, книга со многу насилство, книга за моќ и чест. Академија книги мене ме провоцираат и затоа само тројка, но светот е добар и разгледав веќе малку од втората која ветува повеќе сај фај и повеќе спејс опера. Ќе продолжам уште со серијалов.
 
5. Никој и ништо во Париз и Лондон - Џорџ Орвел - 7/10

Интересна автобиографска книга за времето на Орвел кога живеел како скитник во Париз и Лондон. За жал ја нема магијата и литературната вредност како Животинска фарма и 1984, но е далеку од лоша. На моменти ми беше и со голема доза на повторливост, но и тоа е целта, да се долови скитничкиот живот како еден круг, бесцелен, едноличен. Ми беа интересни случките што ги прераскажуваше од познанствата со кои што се стекнуваше (таа со пудрата во прав и лименките ми е и добра фора да ја раскажувам на луѓе), добар ми беше и крајот каде што убаво беа сумирани сите заклучоци и дадени конкретни насоки каде и како може да се подобрат работите, како и кои се вистинските проблеми на таа група на луѓе. Орвел и критика на системот одат под рака постојано. Тука критиката е за трулиот систем и законите во него кој не му даваат на сиромашниот да излезе од сиромаштијата, кој преку апсурдни закони и постапки придонесува до поголема смртност на најранливите категории, до поголема невработеност, како и до оштетување на буџетот. Ми се допадна и забелешката со приложена статистика дека за жена е многу полесно да се преживее во тој најдолен свет, бидејќи често може да се закачи за некој маж и да излезе од тој беднички свет, додека ретко која жена би прифатила маж скитник што е далеку посиромашен од неа. А и убава поента беше тоа дека е сосема погрешно перцепирањето дека скитниците се мрзливи луѓе, бидејќи тие најчесто работат многу повеќе на драстично полоши услови, за многу помалки од оние кои велат дека тие се мрзливи и ги избегнуваат, а притоа истата таа изложеност ја плаќаат со своето здравје. Не ми се допадна малку преводот на македонски, имаше една глава за пцовки кои се користат и нивното значење и сите пцовки беа заменети со ..., што ми беше крајно несфатливо, тука нема никаков простор да се цензурираат работите, особено кога од литературен аспект се анализираат навредите. Подоцна истражив дека во англискиот превоз цензурирани биле зборовите, а во францускиот не биле, но веројатно премногу било за преведувачот да се потпре на 2 преводи и го користел само англискиот. Како и да е, интересно дело.
 
3. Џејн Ер - Шарлот Бронте 4.7/5
Семејството Бронте биле трагични гении, сите прерано починети за жал.
Шарлот го напишала романот тајно, под псевдоним, но на нејзиниот пријател Вилијам Такери му било јасно дека некои делови од романот се инспирирани од нејзиниот живот.
Првиот дел за детството на Џејн е траорен и тежок и ме доведе до солзи.
Вториот дел е Џејн е во потрага по своја независност, запознавањето со Рочестер, и мистеријата на Торнфилд, неговиот замок и доаѓањето на Џејн на најбедниот момент на нејзиниот живот.
Во ниеден момент Џејн не отстапува од својата верба, својот морал, како што се вели, секогаш минува низ тесната патека во животот, и ја наоѓа својата среќа.
 
Многу сакам кога ќе се распишувате за книги. Ќе исчитам се’ со ред! <3

3. „Верити“- Колин Хувер

Ова ми е најкремавата прочитана книга-препорака од најкремавиот член на форумов, кој не сака да биде тагнат! Чита, а не сака да не дружи, океј!

Треба да се акцентираат два моменти: самата приказна и дневникот на Верити. Приказната е некоја трилер-мистерија. Ловен е надежен писател, со просечна кариера, која добива понуда да го продолжи успешниот серијал на Верити, каде како последница од претрпена сообраќајна несреќа, останува парализирана и закована за кревет.

Сега, мистеријата е поврзана со околноситите под кои умираат нејзините близначиња, кои не умираат истовремено, во ист временски период, туку во период од неколку месеци. Задачата на Ловен е јасна: собери ги белешките, напиши ги книгите и врати се во сенките! Меѓутоа, во домот на Вирити, наоѓа друга заминација која и прати дистрација од начелната идеја поради која се наоѓа под нејзиниот покрив.

Во однос на дневникот на Верити (само за најљубопитните), книгата ја читав во јавност, во парк, во бус, меѓу рочишта, и секоја среќа што се погоди период каде можам да носам палто. Дневникот содржи многу описни и сочни секс сцени! Има крајна експлицитност, без цензура или авторска скриена вокација каде индиректно ќе се предочи одредена слика. Не! До најсител детал. Тоа се одрази и на мене, па така морав да се закопчувам (сепак, љубопитноста е грев)! Сакам да кажам, книгата допре до мене! :noze:

Другиот сегмент од дневникот на Верити е првото лице еднина. Нишката меѓу антихеројот и граѓата, односно сликата, пласирана во јавноста, која и го мати умот и на самата Ловен.

Како трилер, не беше лош, навистина. На самиот крај имаш презентација на други голи зборови, преку кои ги остануваат да висат одредени прашања, како последното прашање во книгата: со која вистина е манипулирано? Дали станува збор за волк во овча кожа која сака да ги тргне сите препреки кои се наоѓаат помеѓу неа и нејзниот сопруг или станува збор за писател кој умее да влезе во главата на злосторникот и да ги извади максималните ефекти од целната публика?

#ВетувамеИсполнуваме #АјдеДаНеДружиш

3/20


4. „Завесата: Последниот случај на Поаро“- Агата Кристи

Сакам да ја исчитам оваа едиција на Арс Ламина, со која ги измешале картите. Оваа ми е четврта книга прочитана од оваа едиција, претхоно имам и други од Кристи, меѓутоа не се преведени меѓу овие избрани 12 наслови. И сеуште сакам да прочитам барем една, до крајот на годидната, со Марпл. Се мислам помеѓу две, ќе одлучам...

Поаро се враќа во Стајлс, местото каде светот се запознава со овој детектив, а воедно ќе биде и неговата последна станица. Не е и некој спојлер, тоа е во самиот наслов на книгата.

Поаро е изнепоштен, има артритис, заглавен во инвалидска количка, заднински лик, не е присутен онаму каде е акцијата. Неговите очи и уши се Хејстингс, кои се движи низ лавиринтот од ходници, набљудува, слуша, анализира и прати. Сака да ја реши загатката која му ја пласира Поаро, колаж од неколку исечоци од весници, убиства во кои има само еден очигледен злосторник кој го наоѓа патот до правдата. Меѓутоа, Поаро презентира мистерија за овие настани, ги продлабочува, додава нов злосторник, Х., кој е сместен под кровот на Стајлс и е подготвен повторно да убие!

Она што не ми се допадна е смртта на Поаро, страна-две и толку. Секако, смртта на одреден фиктивен карактер не значи и крај на книжевното творештво, тоа го имаме видено и со Шерлок, меѓутоа ова е нејзината одјава од овој свет, барем со ликот и делото на Херкул Поаро. Гледам дека починала една година по објавување на оваа книга, претпоставувам дека до одреден степен се соживеала со овој лик, патем и книгата е пишувана во нејзината длабока старост.

Одјавата е штура, никој не очекува епски крај, ама убаво е читателот да биде награден со еден мини-есеј, знак на сеќавање на овој книжевен лик, лик кој е вистински и реален за Хејстингс. Поаро, на крајот, излегува гол пред вистината, и за неговиот приказ, и за неговата здравствена состојба и за чекорите кои ги презел, а притоа има и серија оправдувања. Овие негови зборови, постхумно, паѓаат во рацете на Хејстингс, кој го чита клучот на мистеријата, на последниот случај на кој работел Херкул Поаро. И има скриена генијалност, во однос на мотивот на убиецот и постапката на Поаро.

Секако додека ја читав книгата, ми текна на нашиот Суси, има еден цитат во дијалогот меѓу овие ликови за Алертон, кој е никаквец, но притоа жените паѓаат на него:
...
- „Можеби во таквите гледаат нешто што не го гледаме ние.“
- „Но, што гледаат?“
- „Можеби опасност...Секој, пријателе посакува сосема малку опасност во животот. Некој таква опасност добива посредно- на пример, во борба со бикови. Некој чита за опасности. Некој оди в кино да ја гледа. Но, во едно нешто сум сигурен- кога е премногу безбедно, просто, е одбивно за природата на секое човечко суштество. Мажите ја наоѓаат опасноста на многубројни начини- жените се сведени да си ја наоѓаат потребната опасност најчесто во сексуални врски. Можеби затоа добро им доаѓа кога ќе почувствуваат навестување на тигарот- остри канџи, подготвеност за опасен скок. А квалитетниот човек, кој ќе им биде добар и љубезен сопруг- него го одминуваат.“

И да, потребен ми е индексот на имиња. Ја читав на неколку пати, ги заборавам ликовите, посебно затоа што се старовременски презимиња кои не се повторуваат толку често, односно немаат значајна улога во водење на одредени полезни разговори, туку имаат пролазен разговор, кој значи од аспектот на фрлање трошки, кои се точки чија спојка, или систем на елиминација, низ книгата го дава лицето на убиецот. Нема многу ликови, ама ужасно лошо паметам имиња!

4/20

Другите две книги не ми се дочитани, ама морам (по)редовно да си ја пишувам домашната задача, во спротивно, кога ќе ми се натрупа, ме фаќа летаргија.
 
Првиот дел за детството на Џејн е траорен и тежок и ме доведе до солзи.

Ете гледаш? Абе само што сврте на женски книги ти се врати женственоста. А се вратиш на Достоевски се ти е лигаво и патетично. И после немало машки или женски книги и што имало врска сето тоа не требале такви поделби. Абе слушај го батко ти, знам што зборам. Продолжи со оваа траекторија и за многу бргу време ќе не израдуваш во Драга Кајгана со свадба и синче или ќеркиче. Продолжи со другата и не ти бега судбината на Шуламита Фајрстоун.
 
Ете гледаш? Абе само што сврте на женски книги ти се врати женственоста. А се вратиш на Достоевски се ти е лигаво и патетично. И после немало машки или женски книги и што имало врска сето тоа не требале такви поделби. Абе слушај го батко ти, знам што зборам. Продолжи со оваа траекторија и за многу бргу време ќе не израдуваш во Драга Кајгана со свадба и синче или ќеркиче. Продолжи со другата и не ти бега судбината на Шуламита Фајрстоун.
Готово средено е сега ќе одам некој тепач да си најдам за маж. Сакаш да бидеш кум на свадбата?
Еве ќе му речам на Дамби да ми ја позајми Колин Хувер :pipi:
 
Готово средено е сега ќе одам некој тепач да си најдам за маж. Сакаш да бидеш кум на свадбата?
Еве ќе му речам на Дамби да ми ја позајми Колин Хувер :pipi:

Ќе ти бидам кум на свадбата ама под еден услов: јас да го одобрам младоженецот. Oдобрам, не одберам. Тоа значи прво ќе ме запознаеш со него да направам неформален муабет, да видам што сурат е. Ако ме бендиса, може. Ако не ме бендиса, а ти настојуваш со него да се мажиш ќе одбијам затоа што не сакам да учествувам во нешто со кое не се согласувам. Како да те венчам ако гледам дека е идиот?
За разлика од други женски ти ќе бидеш паметна. Да се биде паметен не значи да се знае се во животот, тоа е невозможно. Токму спортивното, да се биде паметен значи да се сфати дека не може да се знае се во животот. Замисли пример јас сум бербер по професија. Сосем нормално е да не се разбирам во електрични инсталации. Е сега ако по дома треба да се става некоја електрична инсталација треба да не бидам глуп и сам тоа да го чепкам, па да ме утепа струја, туку да си кажам дека јас не се разбирам во тоа и да си викнам електричар. Или на пример проценител за недвижнини. Ако продаваш стан сакаш да не изгубиш на пари со тоа што ќе го продадеш испод цена. Од друга страна, ако купуваш не сакаш да те одерат. Како паметна личност си ангажираш проценител што се разбира во тоа.

Како е тоа апликативно во твојот случај? Кога ќе дојде моментот за брак, прво ќе ти текне на ова што ќе ти го кажам сега. А тоа е следново: наместо како други жени да се залетуваш па да си ја удираш главата од ѕид после, ти најпрво ќе си ја дадеш следната констатација: јас сум свесна дека како инволвирана страна, а посебно како жена во оваа врска сум бомбардирана од сите страни од генетски, еволутивни, хормонални и емотивни фактори, а тоа значи дека (исто како и за станот), јас можеби не ја проценувам најдобро целата оваа ситуација. Тоа не значи дека сум глупа, напротив тоа значи дека сум доволно паметна да увидам дека може во Трајко поради горенаведените фактори гледам нешто што другите не гледаат или обратно не гледам нешто што другите гледаат, а е на моја штета. Јас нема да дозволам да ме обземе женската суета што ми вика дека јас се знам, ви се мешав ли јас во животот кога вие се мажевте, мој живот мои одлуки, вие сте прости и заостанати во времето (ова обично се упатува кон родители кога најдобронамерно советуваат за некои работи), ти ќе ми кажуваш на мене што да правам, тебе ти е криво дека јас ќе се мажам а ти не и слични одбранбени механизми и утешителни глупости што други кога се наоѓаат во предбрачна ситуација си ги кажуваат на себе и другите. Наместо тоа јас ќе бидам паметна мома и ќе си го викнам Суси на кафе во хотел Глориус каде што имаат прекрасен бар со прекрасен поглед да ги седнам заедно со Трајко мој да си поразговараат, па да видам он што ќе ми каже. А после тоа ќе го седнам Трајко со други блиски луѓе и ќе ги прашам за мислење откако претходно ќе ги убедам да не се устручаваат туку да си кажат искрено без да ме штедат, затоа што сум свесна дека негативната критика дури и да ме заболи и разочара сега е далеку побезболна од потенцијалната кастрофа што ме чека утре, како што и пенцилин во гз те боли сега, за утре да не дигнеш температура 42 и да умреш.

1776440410916.png

Ако ми го ветиш ова и кум ќе ти бидам и оро ќе играм. И буквално и метафорично.

1776440494801.png
 
4. Оркански Височини- Емили Бронте 4.8/5

Приказната се одвива во северот на Англија, во запуштените мрачни Јоркширски предели, каде се наоѓаат имотите Трешкрос Грејнџ, и Орканските Височини, наречени поради силните ветришта и виулици.
Новиот кираџија на Трешкрос Грејнџ, Локвуд, доаѓа во Органските Височини за да се сретне со Господарот Хитклиф, каде е пречекан несрдечно, понижувачки.
По сместување во една одаја забранета од Хитклиф да ја преспие ноќта, доживува кошмар каде е прогонуван од Кетрин.
По овој настан Локвуд се враќа во Грејнџ каде што ја запознава домаќинката Нели која станува вториот наратор што ја раскажува приказната за Орканските Височини.
Стариот господин Ерншо има две деца Кетрин и Хиндли, но по едно негово патување посинува туѓо дете со нејасно потекло, со необичен изглед на тие краишта, опишано со потемен тен. Детето го нарекува Хитклиф, и поради истата возраст, тој и Кетрин ќе се приврзат, но Хиндли е љубоморен од вниманието на татко му спрема тоа дете и го мрази.
По смртта на таткото, Хиндли му го претвора животот на Хитклиф во пекол, тој е деградиран во слуга без дозвола да се образува.
По неколку години, Кетрин решава да се омажи за богатиот сосед Едгар Линтон, највеќе поради статусот што ќе го ужива, и бидејќи иако го сака Хитклиф, не може да биде со него поради класни разлики.
По ова Хитклиф исчезнува, се враќа по три години со единствена цел да ги уништи семејствата на Линтон и Ершо.

Романот е премногу комплексен за да биде опишан како романса или нешто слично како што е популарно познат. Централна фигура е Хитклиф, неговата болна опсесија со Кетрин, неговите трауми од понижувањата и неговата одмаздољубивост. Не може да се нарече ни анти-херој бидејќи таков карактер не би бил социопат каков што е Хитклиф. Донекаде ме потсетуваше на Ставрогин.
Но другите ликови не заостануваат со своите проблематични карактери. Хиндли е алкохоличар и насилник врз сите.
Кетрин е лицемерна, љубоморна и истрауматозирана, и исто преокупирана со Хитклиф, и низа други ментални проблеми.
Ова е за првиот дел од книгата, во вториот се продолжува со втората генерација, и преточување на омразата и одмаздата кон нив.
Не можам да речам дека предизвикува пријатност, туку мизерија додека го читав, соодветно на тематиката, но некако не можев да престанам додека не дознаам како се ќе се заврши. Приказната беше доволно занесна да ми го исполни и цел ден, а и пишувањето беше извонредно и преводот беше добар.

ДИСКЛЕЈМЕР: Ниеден филм го нема пренесено дејството на книгава точно, а најмалку она одвратното порно филм на Емералд Фенел со Марго Роби.
 
6. Во потрага по Алјаска - Џон Грин - 7.5

Лесна и брза книга за читање, како и речиси сите од издавачката куќа “Сакам Книги“. Ме потсети во некои аспекти книгава на “Игра во 'ржта“ од Селинџер, го има оној момент на изгубеност во адолесценција, прва љубов, немање чувство на припадност во светот, созревање и учење на животните лекции. Само што тука раскажувањето ми беше стилски доста послабо во споредба со "Игра на 'ржта", па и тежината на делото е доста помала од тој аспект. Исто така книга на која ми беше слична “Во потрага по Алјаска“ беше и “Збогум најмила“ од Кристин Хана, но таму имав еден момент на бес предизвикан од неправдата, тука го немаше тој момент, сличноста им беше во ненадејната трагедија, која и не беше толку ненадејна, бидејќи ваквиот сетап на настани е веќе видено и во голема мера предвлидив. Кога веќе тргнав со компарациите и паралелите, можам да кажам дека и на мојата омилена серија Серанови од детството ме потсети книгава, со сите тие “зезанции“, одовлекување внимание за да се изведе некоја глупост или украде нешто, па одмазда со правеќе будалаштини, казни, детски лудории. Накратко, книгава се заимава со животот на едно момче кое го менува училиштето и градот во кој живее со цел да запознае нови луѓе, да избега од здодевното секојдневие и да си најде поента на неговиот живот. Таму животот му се менува, се заљубува во една девојка по име Алјаска, наоѓа другари со кои се поврзува. Неговото созревање почнува тука низ низа мили и немили настани. Има интересна идеја што се провлеквуа во книгава, а тоа е како да се избега од лавиринтот на страдањето. Инспирацијата за таа идеја е меѓу другите и книгата “Љубов во време на колера“ од Маркес, која е најтопла препорака од мене за сите кои ја немаат читано. Таму цел живот пројде во страдање, на крајот се најде излез од лавиринтот, крајот беше среќен, а тука секој на различен начин го наоѓа тој излез од лавиринтот. Убава е и идејата дека сите ние сме склоп од несовршености, некогаш сакаме само да ја гледаме совршената страна од некого, па често животот ни мава шлаканица кога ќе ја сфатиме и темната страна кај некого кој слепо го идеализираме. Не е целта да најдеме совршена личност, туку да научиме да пливаме на површина на морето, да живееме и со добрите и лошите страни на блиските личности, а и со добрите и лошите страни на нас самите. И за крај, енергијата не може да се создаде или уништи, туку само да се трансформира од една форма во друга.
 
5. Игра во 'Ржта - Џером Д. Селинџер 2/5

Погрешна книга во погрешно време, или преценета книга која можеби нема да ги издржи годините?
Книгата е за Холден Колфилд, кој е нараторот. Тој е момче од 16 години кој е хоспитализиран и ги раскажува настаните за време на Божиќниот период во Њујорк.
Како и сите тинејџери, Холден се бори со своите емоции, хормони и депресија поради смртта на неговиот помал брат.
Тука можам и да запрам зошто тоа е цела книга. Го бркаат од школо и скита по клубови, а климаксот на книгата е кога ќе плати проститутка. Можеби ако Холден не беше богаташ и да требаше да се развие за да опстане ќе имаше некоја цел во животот. Поентата на книгава е среќата со пари не се купува ама многу посиромашно и пластично изнесено.
 
Последно уредено:
1. Господарот на прстените - Дружината на прстенот (прв дел) - Џ.Р.Р. Толкин (5/5)

Решив 2026 да на почнам со LOTR. Филмовите сум ги гледал 1000 пати, ги сакам ептен. Класика, претпразнично ги премотав пак и си викам, зошто конечно да не им дадам шанса и на книгите, ко секој нормален љубител на LOTR. Решив да ги читам со македонски превод, поради тоа што читањето на англиски ќе ми одземе премногу време за толкави дела. Пишав и во другата тема дека паметам дека преводите од АЕА беа некако детски со буквален превод на имињата и називите и добро сум памтел. За голем дел од називите на местата, морав паралелно да гуглам за што се работи. Јачменко Маслотрн, најјакиот превод на лик од книгата :D Или Бил Папратов :D
Иииииии, се заљубив и во книгата. Каков вол сум бил што толку време не сум му дал шанса на Толкин. Се изначитав за него, се заинтересирав и за другите дела, просто ме импресионираше за каков лик станува збор. Ќе гледам колку ќе ми дозволи времето, да им дадам шанса и на Хобитот и Силмарилион.
Книгата опфаќа доста подетални осврти на патувањата, особено до доаѓањето до Ривендел и после Морија. Кога го гледав филмот пред Нова година, се' ми идеше дека некои сцени ми фалат. Веќе ми се меша што било во Хобитот, а што во LOTR. Гледам во книгата ги има. После сфатив каков кретен сум и дека некогаш сум гледал extended version (кои се подетални и по пола саат подолги), а некогаш скратената која се даваше во кината. На стариов лаптоп сум ги имал проширените. LOTR ми е втор филм во животот што сум го гледал во кино и уште повеќе на сентименталмост ме фаќаат книгите.
Ме фати очај што ги најдов кецот и третиот дел, но не и вториот.
Јавно да му се заблагодарам на @Zlatikevichius што без да се знаеме лично, веднаш прифати да ми ја позајми на читање :D
God bless Kajgana <3
2. Господарот на прстените - Двете кули
3. Господарот на прстените - Враќањето на кралот
(10/10) :D

За жал, ја завршив целата трилогија од Господарот на прстените. Се' што кажав за првиот дел, важи и за другите два. Прекрасно!!! Не знам како сум можел да си дозволам да ме надвладее мрзата низ годините и дури сега да и дојде ред за читање.
Многу подетално раскажување од филмот, ептен ми направи ќеиф.
Уживав во убавините на Лотлориен во двојката и во целиот крај на третиот дел, кој веројатно само некогаш сум го загледал во проширената верзија на филмската кино верзија. Никогаш не ме заинтересирало што се случувало по уништувањето на прстенот, а овде беше опфатено се' до крајните дни на секој од членовите на дружината на прстенот. Во старово издание од АЕА (Матица), имаше уште 130 страни додаток со објаснувања на целиот историски развој на посебните "раси" со цели фамилијарни стебла. Единствено ми беше потешко да ги допамтам ликовите (стотици различни ликови се споменуваат), особено што им се преведени на македонски.
Ништо не ми се чита после трилогијава :D
Земав некои лесни книгичиња, да ме вратат во нормала :D
 
1000031773.jpg


3) Коцкар - Фјодор М. Достоевски



Долго време сум со коцкањето и добро разбирам што болест е, иако последниве 8 години сум од другата страна на коцката, односно работам за обложувалници/казина.
Мојата болест со рулетот заврши 2014та година. Можам и датумот да го проверам зашто знам дека тој ден играше Вардар со Рајн Некар во Аеродром. Беше еден од првите натпревари во таа сала ако не се лажам.
Јас тогаш со мојата плата од Моцарт, мислам дека беа околу 14 илјади во тоа време, имав некои 3 часа до почнување на натпреварот и не ми се одеше дома. Тогаш ептен го вртев рулетот и си помислив ај едно илјадарче ќе го свртам, таман да потрошам некој час до натпреварот.
Влегов во Апекс и 3 часа подоцна немав ебан денар. Ме помина ладна пот. Помислата дека 30 дена ќе бидам без ебан денар ми остави грутка во грлото и ништо друго освен цигара не ми одеше во тој момент. Отидов на утакмицата, Вардар победи, спектакл во Јане Сандански ама мене не ми беше ни до ракомет ни до Вардар. Цел таков како од поплава исфрлен пешки се враќав дома. Клошар.
И се јавив на девојка ми, и кажав што ме задеси и оваа уште ми дава 500 денари да сум имал. Ја директ на рулет со тие 500 да се вадам и ко за чудо, извадив 3,500 таа вечер. Излегов со тие 3,500 и си ветив нема никогаш повторно да влезам на рулет. Ветувањето на себе си го исполнив. До душа не целосно, од тогаш имам влезено уште неколку пати ама се тоа било ради друштво и забава. Немам изгорено повеќе од 500 денари од тогаш, а поминаа 12 години и не сум бил повеќе од три пати. Би рекол, комплетно се оттргнав од тркалото.
Во 2018та дури и работев 8 месеци како крупие во онлјан казино. Знам како да вртам топчето и сите секции на памет.

Достоевски се гледа дека добро заглавил. Само некој кој се коцкал би напишал толку прецизно одредени детали. Ми беше интересно да се прочита како се гледало на коцкањето пред 160 години.
Сепак не е ова на ниво од "Злосторство и Казнa" иако се пишувани во ист период.
Тука ми беше малку досадно до појавување на бабичката, и не знаев во која насока се движи но последните 120 страници ги прочитав за 3 дена од што ми легнаа иако за првите 120 ми беа потребни 2 седмици.
 
Back
На врв Bottom