Политички случувања во Србија- Генерална дискусија

Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.475
Поени од реакции
14.912
Откако падна таа настрешница, беше само прашање на време и политичка проценка, кога Вучиќ ќе го жртвува.

Предоцна за да има позитивен ефект.

И тоа не поминаа 24 часа откако побара од овој ист премиер да направи реконструкција на влада, мислејќи дека засега и тоа ќе биде доволно.

Веќе е во блато, со секој потег, обидувајќи да се спаси, само тоне повеќе.


Можно е да проба со брзи избори и доколку је успее да ги организира, а најверојатно нема да успее, за некое време ќе мора да прифати да даде некои институции, можеби и министерства, РТС плус уште нешто околу медиуми, па тогаш да се оди на избори.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.951
Поени од реакции
8.302
Го разнишаа Вучиќ протестиве ама некако не ми е ветувчки дека има здрава опозиција која би можела да виде во опозиција. Кој пример сегашниве од опозиција би бил добар за да биде премиер или претседател во Србија? Не ги знам сите кој се ги имс партии во Србија но од тоа што колку толку гледам вести некако Ѓилас или онаа Тепиќ не ми стојат добра опција за Србија.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.593
Не следам многу многу, ама прочитав нешто негде дека демонстрантите бараат некакво нивно тело без избори да биде на некоја властодржачка позиција.
Затоа прашувам, се знае ли ставот на демонстрантите за Косово и за санкциите против Русија?
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.475
Поени од реакции
14.912
Не следам многу, но прочитав дека извикувале "дајте ни оружје" и во план се да тргнат да го освојат, односно вратат, ослободат или како и да е правилно.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.205
Поени од реакции
42.949
Само Вучиќ да го тргнат одма санкции за Русија и признавање на Косово ќе има. Башка копање литиум насекаде каде има.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Добро е ова што се случува за да се види дали српскиот народ е државотворен.Ако не е тогаш и нема да има држава.Ако ги подржат српските заевисти ќе го добијат тоа што го добивме и ние.
Што би рекле сите паметни луѓе /"Каков народ таква држава".
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.475
Поени од реакции
14.912
Одат пешки од Белград до Нови Сад, а во секоја општина пречекани како ослободители. Вака по градови била дочекувана само српската војска после пробив на Солунски, поточно Македонски фронт. :P


 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.634
Поени од реакции
16.845
Одат пешки од Белград до Нови Сад, а во секоја општина пречекани како ослободители. Вака по градови била дочекувана само српската војска после пробив на Солунски, поточно Македонски фронт. :P


Финтата е Војводина Република.... ама не со Орбан блиска пошто тој е близок со ови тројца Горе на сликата :cool:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.127
Поени од реакции
8.877
И неуспешно.

Всушност, во СФРЈ никогаш не ни планирале да ги иселат, дури ни за време на Ранковиќ, такви идеи постоеле за време на Кралство Југославија, најсериозни обиди се некаде пред 2СВ.


Постоеле сериозни преговори да се иселат сите Албанци (а и Турците) од Косово и Македонија во Турција. Пред само нешто повеќе од деценија Турција има вакви "аранжмани" и во тој момент не изгледало ова сценарио толку нереално, ниту премногу се замарале со индивидуалните судбини.

Преговараат двете држави на многу високо ниво и Турција дала согласност, проблеми настанале кога почнало да се зборува за пари. Првин се договараат, трошоците да бидат поделени 50-50%, но потоа Турција побарала Југославија да ги преземе целосно овие финансиски обврски. Овие не прифатиле, па почнува 2СВ и така пропаѓа ова идеја.

Ова не се измислици и балкански историски приказни, иако останува дилема колку би можел да се реализира ваков план и да успеале да се договорат и како би се одвивал.


Во СФРЈ, за тој период на Ранковиќ, проблемот е околу државното уредување. Настанува уште за време на 2СВ и тоа што Албанците масовно се на страна на фашистите, што е и логично, зошто би рушеле нивна држава (?) и комунистичката партија никако не може да продре меѓу нив и да ги придобие затоа што таа се залагала за Југославија.

Има тука многу за пишување, но накратко, со летоци на албански, користење на албанскиот термин Косава, доаѓање на комунисти од Албанија со што станува нејасно која партија ги води процесите, едноставно, со играње на карта на решавање и на албанското национално прашање, нешто малку се раздвижува. Да не ги заборавиме и идеити, исто премногу озбилни, на што се работело, за заедничка комунистичка федерација, балканска, во која Косово требало да се спои со Албанија. Потоа доаѓа до судир меѓу двете партии и нема ништо од тоа, исто и како федерација помеѓу Југославија и Бугарија и спојување на двата дела на Македонија во една федерална единица.


Да скратам, како последицата на сите овие работи, Албанците не ја прифаќаат Југославија, а Белград за да ги придобие и да воспостави некаква контрола вклучува во режимот и луѓе, кои што имале и значајна улога за време на окупацијата, а и комунисти од Албанија.

Нормално, Албанците не биле задоволни со статусот на Косово, барале поголема автономија, но и соединување со Албанија.

Ранковиќ е приврзаник на идејата за "интегрално југословенство", односно цврста федерација, без делење на националности, моќ во еден центар (Белград), а не во републики и покраини. Не е баш најточно да се оквалификува како приврзаник на големосрпски идеи, туку Југословен (е сега дали таква Југославија треба да се смета како "српска" е друг муабет), со идеи какви што напишав и сето тоа да се спроведе и со помош на безбедносен апарат, репресија. Веројатно поинаку било и невозможно.

Откако и тоа не дава резултати, реакциите се големи, по неговата смена, Тито почнува да се залага за нов курс кон Косово и од тогаш се повеќе Албанците владеат со Косово, со некои мали прекини. Сите нови одлуки, околу статусот на Косово и како ќе се управува со него одат во корист на Албанците. Во пракса, се оди и чекор понапред. Се е ова до доаѓање на Милошевиќ.

Значи, од паѓањето на Ранковиќ, до Милошевиќ, освен со некои глупи, тактички погрешни потези на безбедносниот апарат, кои прават поголема штета, Албанците успеваат да воспостават контрола врз водењето на ова покраината, скоро и како да е република.
Два денара муабет!

Србите за време на Југославија ги демонтираа фабриките и ги монтираа во Словенија (види како е настаната фабриката за камиони ТАМ). Додека "маршаловите" пари завршуваа во словенските представништва и тие го лапаа кајмакот од цел увоз/извоз.

Додека словенците во 1980 година си се возат со чисто нови Мекдоналд Даглас амерички авиони на екскурзии до Корзика, ние, па дури и србите газеме кал по улиците на "урбаните места" и једина екскурзија е да копаш на автопат и да одиш војска во ЈНА.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom