Политички случувања во Србија- Генерална дискусија

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.175
Поени од реакции
5.377
Значи, од паѓањето на Ранковиќ, до Милошевиќ, освен со некои глупи, тактички погрешни потези на безбедносниот апарат, кои прават поголема штета, Албанците успеваат да воспостават контрола врз водењето на ова покраината, скоро и како да е република.
А како успеале Албанците да воспостават контрола врз покраината, ако истата не им беше практично подарена под фирмата „САП„, односно како начин на парчење и ослабување на Србија во склоп од од СФРЈ, и преку САП КосовА и преку САП Војводина?....
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.205
Поени од реакции
42.948
Многу тука имале и Словенија и Хрватска во сето тоа. Тие нон стоп ги подгревале косоварите на бунтови за да ја растурат Југославија.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.474
Поени од реакции
14.910
Два денара муабет!
Што е два денара муабет од тоа што сум го напишал?
Автоматски споено мислење:

А како успеале Албанците да воспостават контрола врз покраината, ако истата не им беше практично подарена под фирмата „САП„, односно како начин на парчење и ослабување на Србија во склоп од од СФРЈ, и преку САП КосовА и преку САП Војводина?....
А имале многу избор? Демографијата, географијата, историскиот контекст во кој се случуваат работите, се многу зезнати работи.

И многу поголеми империи, кои се векови контролирале одредени територии не можеле да најдат погодно решение, а камоли овие балкански империички.

Може да се направи некоја паралела со Велика Британија и Ирска. Особено Северна Ирска, каде одвај нешто спасија.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.126
Поени од реакции
8.877
Што е два денара муабет од тоа што сум го напишал?
Автоматски споено мислење:



А имале многу избор? Демографијата, географијата, историскиот контекст во кој се случуваат работите, се многу зезнати работи.

И многу поголеми империи, кои се векови контролирале одредени територии не можеле да најдат погодно решение, а камоли овие балкански империички.

Може да се направи некоја паралела со Велика Британија и Ирска. Особено Северна Ирска, каде одвај нешто спасија.
За моќта на еден центар во Белград а не на покраини и одделни републики.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.474
Поени од реакции
14.910
Многу тука имале и Словенија и Хрватска во сето тоа. Тие нон стоп ги подгревале косоварите на бунтови за да ја растурат Југославија.
Што е добро и за нас Македонците.
Автоматски споено мислење:

За моќта на еден центар во Белград а не на покраини и одделни републики.
Не те разбирам? Според тебе Белград имал моќ или не? Јас напишав кога имал, т.е. пробува да воспостави, а кога ја губи и повторно се обидува да се наметне под Милошевиќ.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.126
Поени од реакции
8.877
Што е добро и за нас Македонците.
Автоматски споено мислење:



Не те разбирам? Според тебе Белград имал моќ или не? Јас напишав кога имал, т.е. пробува да воспостави, а кога ја губи и повторно се обидува да се наметне под Милошевиќ.
Белград ако имал моќ, немало ни да ја цепи својата територија на покраини, посебно Војводина како покраина нема основа, ниту да ги демонтира фабриките и да ги подарува на Словенија. Белград е само на папир.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.474
Поени од реакции
14.910
Белград ако имал моќ, немало ни да ја цепи својата територија на покраини, посебно Војводина како покраина нема основа, ниту да ги демонтира фабриките и да ги подарува на Словенија. Белград е само на папир.
Па не си прочитал внимателно што сум напишал. Јас пишувам како Србија губи влијание во Косово, дека Косово за некои работи делува дека факто како република, а не покраина.

А не се моќни затоа што на поинакви основи не ни можела да се направи нова Југославија, тоа било компромис (Србите стануваат конститутивен народ во Хрватска, до промената на уставот, кога доаѓа Туѓман), во спротивно би имале уште тогаш независни републики. Немало шанси Југославија да се формира на поинаква основа, а и тој процес, откако е формирана, да не продолжи кон дезинтеграција и помалку централизација. Самоопределување, подоцна и самоуправување, како политичка доктрина на партијата, е основата на која е градена СФРЈ, со намера да успее, барем малку.

Уште пред 2СВ, кога за да се зачува, морала да биде формирана Бановина Хрватска (поголема и од НДХ), јасно е во кој правец одат работите.



Иако не е Белград толку немоќен во СФРЈ, не треба да се оди во крајност.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.175
Поени од реакции
5.377
А имале многу избор? Демографијата, географијата, историскиот контекст во кој се случуваат работите, се многу зезнати работи.

И многу поголеми империи, кои се векови контролирале одредени територии не можеле да најдат погодно решение, а камоли овие балкански империички.

Може да се направи некоја паралела со Велика Британија и Ирска. Особено Северна Ирска, каде одвај нешто спасија.
Релативизираш...

Не е толку проблем само албанското население, кое не ни било бројчано посилно од сите други жители на Космет. Проблемот е онаа лудачка идеја за припојување на Албанија кон тогашната Југославија и „во тоа име„, увезувани се Албанци од Албанија. И тогаш настанува демографската промена...

Има муабети дека сам Тито бил кум на некои од нив...

Моќта на Србија и‘ е одземена во склоп од втората Југославија на повеќе начини, а едниот од нив е токму давањето автономија на Космет и поставување Албанци за функционери, покрај давањето автономија на Војводина.

Од мој муабет со Црногорка од Косово, која сега живее во Србија, станува појасно дека откако Косово е „САП„ а власта им е дадена на „брачата„, жалбите кои Србите и Црногорците ги имаат упатувано до властите ради односот од Албанците кон нив, не допирале до централната власт во Србија т.е. Југославија, туку (жалбите) „останувале„ на Космет.

Во времето од „краљевината„, проблемот со „брачата„ бил решаван на „соодветен начин„-каков проблем-такво и решение.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom