Така правеле во кралството Југославија и за време на Ранкович во комунизмот.Сега малку потешко.
И неуспешно.
Всушност, во СФРЈ никогаш не ни планирале да ги иселат, дури ни за време на Ранковиќ, такви идеи постоеле за време на Кралство Југославија, најсериозни обиди се некаде пред 2СВ.
Постоеле сериозни преговори да се иселат сите Албанци (а и Турците) од Косово и Македонија во Турција. Пред само нешто повеќе од деценија Турција има вакви "аранжмани" и во тој момент не изгледало ова сценарио толку нереално, ниту премногу се замарале со индивидуалните судбини.
Преговараат двете држави на многу високо ниво и Турција дала согласност, проблеми настанале кога почнало да се зборува за пари. Првин се договараат, трошоците да бидат поделени 50-50%, но потоа Турција побарала Југославија да ги преземе целосно овие финансиски обврски. Овие не прифатиле, па почнува 2СВ и така пропаѓа ова идеја.
Ова не се измислици и балкански историски приказни, иако останува дилема колку би можел да се реализира ваков план и да успеале да се договорат и како би се одвивал.
Во СФРЈ, за тој период на Ранковиќ, проблемот е околу државното уредување. Настанува уште за време на 2СВ и тоа што Албанците масовно се на страна на фашистите, што е и логично, зошто би рушеле нивна држава (?) и комунистичката партија никако не може да продре меѓу нив и да ги придобие затоа што таа се залагала за Југославија.
Има тука многу за пишување, но накратко, со летоци на албански, користење на албанскиот термин Косава, доаѓање на комунисти од Албанија со што станува нејасно која партија ги води процесите, едноставно, со играње на карта на решавање и на албанското национално прашање, нешто малку се раздвижува. Да не ги заборавиме и идеити, исто премногу озбилни, на што се работело, за заедничка комунистичка федерација, балканска, во која Косово требало да се спои со Албанија. Потоа доаѓа до судир меѓу двете партии и нема ништо од тоа, исто и како федерација помеѓу Југославија и Бугарија и спојување на двата дела на Македонија во една федерална единица.
Да скратам, како последицата на сите овие работи, Албанците не ја прифаќаат Југославија, а Белград за да ги придобие и да воспостави некаква контрола вклучува во режимот и луѓе, кои што имале и значајна улога за време на окупацијата, а и комунисти од Албанија.
Нормално, Албанците не биле задоволни со статусот на Косово, барале поголема автономија, но и соединување со Албанија.
Ранковиќ е приврзаник на идејата за "интегрално југословенство", односно цврста федерација, без делење на националности, моќ во еден центар (Белград), а не во републики и покраини. Не е баш најточно да се оквалификува како приврзаник на големосрпски идеи, туку Југословен (е сега дали таква Југославија треба да се смета како "српска" е друг муабет), со идеи какви што напишав и сето тоа да се спроведе и со помош на безбедносен апарат, репресија. Веројатно поинаку било и невозможно.
Откако и тоа не дава резултати, реакциите се големи, по неговата смена, Тито почнува да се залага за нов курс кон Косово и од тогаш се повеќе Албанците владеат со Косово, со некои мали прекини. Сите нови одлуки, околу статусот на Косово и како ќе се управува со него одат во корист на Албанците. Во пракса, се оди и чекор понапред. Се е ова до доаѓање на Милошевиќ.
Значи, од паѓањето на Ранковиќ, до Милошевиќ, освен со некои глупи, тактички погрешни потези на безбедносниот апарат, кои прават поголема штета, Албанците успеваат да воспостават контрола врз водењето на ова покраината, скоро и како да е република.