Наместо да следиме трендови и да бојкотираме маркети на 1 ден, малце само да размислевме и да се договоревме да бојкотираме 1 или 2 ланци на маркети на 1 недела многу повеќе ќе се постигнеше.
Еве бојкотот заврши, топ, сеа за утре што праиме? Во понеделник ќе купиме нешто?
*не, не критикувам, само давам свое гледиште. Треба да се има бојкот, треба да се потрудиме да смениме нешто, но треба да биде ПРАВИЛНО фокусирано, и со 1 ден не праиме ништо. Треба да се најде кој највеќе заслужува и кон него да се фокусира бојкотот недела, две, месец небитно. Вака со 1 ден ништо не се праи.
Стопанска Банка за потрошувачки, каматна стапка од 5.5% ја кажува на 10.75% во Април, 2025 година. После 2 години, значи 2027, повторно ќе ја качеле бидејќи била променлива.
Баш ме интересира ако протестираме против банки дали владава ќе не подржи и излезе со нас.
Те молам дај ми пример како би можеле да протестираме против банките?
Приморан си да ги користиш банките, ако ништо друго за плата мора преку банка да ти иде.
Како ти би направил бојкот на нешто што си приморан да го користиш?
И да не користам ништо, ни кредит, ни минус на плата, буквално ништо да не користам, пак морам плата да зеам преку банка, пак мора пари за милион работи да ги уплатам на нечија сметка во банка, пак сите бизниси мора прометот да го уплатат во банка итн.
Едноставно јас не гледам начин како би можел некој да бојкотира банки. Да, 1, 2 банки може да се бојкотираат ама факт е дека без банкарскиот систем нашето општество не може да фунцкионира, едноставно така е направено во државава а и секаде во светот.
За банките ме мрзи да објаснувам, а не е ни темата за тоа, ама имаш 300 000 механизми за да го избегнеш плаќањето на провизии за услуги. Првиот механизам е да исчезнеш од шалтерите на банките за секоја ебана сметка (не зборам за тебе него општо), потоа полесно е.
Ти го сфаќам болдот во целост, и се сложувам не (само) од финансиски туку од временски аспект но тука има големо ама.
Самите шалтери постојат токму за тоа, да се услужат клиентите на банката, истите тие клиенти кои што веќе си плаќаат за тие услуги, многу неблагодарна работа но мора некој да ја работи и да ги трпи сите тие луѓе што доаѓаат.
Пак ќе кажам, ДА во право си, онлајн е многу по практично и во 99% од случаите мислам дека повеќето од нас го практикуваме нормално кога можеме.
Но ајде да не биде оф топик целосно постов, болдот тука ти е исто како Тинекс на пример да отвори Веб Шоп и да ти каже 1, 2, 5 или 10 денари плус на секоја сметка, за користење на услугите, ако не ти одговара нарачај си онлајн и ќе ти стигне дома - чиста работа. Истото е, и од банките и од маркетите зависиме, само кај маркетите среќа па има многу поголем избор и нормално маркетите мораме многу почесто да ги посетуваме лично.
И не, не би ми било проблем да дадам 50 денари ако вадам пари од шалтер ако знам дека барем 5 денари ќе земе вработениот како бонус од мојата трансакција. Исто е за се што дополнително се наплаќа. Плаќам одржување на сметка, плаќам сите тие ситни работи што сум се сложил, ако веќе ме тераш да платам Х сума бидејки ти го користам просторот, вработениот итн. барем нека земе тој истиот вработен % од тоа што ми го наплаќаш како бонус. Нека види малце ќар и обичниот вработен а не само банката/фирмата да се богати.
Нормално исто како тој што работи на кредитирање што брка таргет, или некој што работи продажба со таргети што си брка таргет така и тој што работи со услужна дејност треба да има некој мотив - доколку нели таа услужна дејност се наплаќа дополнително.