Во петок на бојкот? – Секоја акција може да успее ако има масовност! 31.01.2025

Ќе бојкотирате ли пазарување во Петок?

  • Да

  • Не, не ме интересира

  • Да, но мислам дека нема ефект.


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.734
Поени од реакции
7.965
Хахаха пост до добавувачите “нема да ви ги прифатиме производите со покачени цени”. Сега да се ербап овие да им пишат не ви прифаќаме 360 дена валута на плаќање.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
920
Поени од реакции
459
На крај да не испадне сите да купуваме директно од производителите од магацин по набавна цена.
Како и да е, маркетите си добија црн Петок (taste of their own medicine).
 
Последно уредено:

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.629
Поени од реакции
59.529
Ете, и тука успеал да го протне муабетот за цигарите, бог да чува и да брани. :ROFLMAO:
Една работа што е преефтина, се цигарите. Не знам колку се, ама чим секој може да си ги дозволи, треба да се минимум 5-10 пати поскапи отколку што се. Државата во пепељара ја претворија, цел свет отиде напред, не се пуши на затворено, не се пуши ни на јавни простори како паркови и плажи, само кај нас локален Петко ти дува додека ручаш и не му можеш ништо. Стави таму 600-800 денари по кутија и нека протестираат овие чеин-смоукери што живеат здрав живот така што не се трујат со храна по маркети.

За протестите, тешко е за голем дел од народот, прстот е вперен кон продавниците и маркетите и таму го насочуваат гневот. Не се работи овде за оние што одат на одмори по Грција и дремат по кафичи на кеј во работно време, туку за обичниот човек што не знае што со себе, платата 20,000, една кесичка намирници 1000+ како ништо. Нефункционален превоз за тие што живеат во големиот град, мрзнеш како стока чекајќи автобус, таксито ти изгледа како да си платил карта со Виз Аир, деца ако имаш, немаш со што да им купиш нешто да ги израдуваш, ако се разболиш ќе умреш чекајќи на ред за операција....

Живот кучешки е тоа, само тие што не го искусиле или немаат роднини/пријатели што се во таа каша, малку се оттргнати од реалноста и мислат дека и нема некоја потреба да се презема ништо. Само скратете на одморите и ќе биде во ред. А овие што немаат одмор видено 20 години на што да скратат, на бубрегот?

Протестите инаку треба да се насочат на друга адреса, но сите знаеме дека тогаш ќе се замешаат енџиоата, лека полека ќе ја прават големата само да се довлечкаат до фотеља, сиромавиот пак сиромав.

Само еден е патот, и тој е со Виз Аир. Жално е, но така е.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.788
Поени од реакции
115.733
Стопанска Банка за потрошувачки, каматна стапка од 5.5% ја кажува на 10.75% во Април, 2025 година. После 2 години, значи 2027, повторно ќе ја качеле бидејќи била променлива.

Баш ме интересира ако протестираме против банки дали владава ќе не подржи и излезе со нас.
Никој ништо не ти кажува, ти пишува се во договорот. Втора работа, никој со сила не те тера да го потпишеш истиот, сега бар има избор има 10+ банки во земјава, негде ќе ти се погоди каматата, нели? Трето, ако не го сфаќаш делот со каматата, што е сосема нормално за обичен човек, може да ги прашаш вработените да ти објаснат, ќе видиш тогаш што е варијабилна камата, кој ја контролира, како ја контролира итн итн.
Четврто, банките подлежат на регулатива од НБРМ која МОРА да ја почитуваат.
Петто, секоја банка има свој депозитен основачки влог, своја кредитна политика, свој начин на финансирање и затоа каматите некогаш во една банка се поволни, па потоа се качуваат кога истата банка ќе се изложи кредитно и ќе одлучи да го намали кредитирањето.

И еве што ако протестираш против банки, ќе добиеш нешто? Зависен си од нив, плата мора да земеш преку банка, парите сигурно нема под перница да ги чуваш.

Оваа па Стефи против бензиските пумпи ќе протестирала :pos: Секој со своја дијагноза овде.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.339
Поени од реакции
5.716
Со тоа што се срамоти паметниот, будалата се фали.
Од што да се срамам бе пиле?
Утре сите ќе се нацртате у истиот маркет. Не ми е срам мене, од сам старт сум против бојкотот, сврти неколку страни на назад ќе видиш на долго и широко објаснено зошто и како.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.732
Поени од реакции
4.184
Оваа па Стефи против бензиските пумпи ќе протестирала :pos: Секој со своја дијагноза овде.
Па настрана нафтените деривати најголеми маржи имаат бензиските за работите што ги продаваат
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.028
Поени од реакции
19.391
Никој ништо не ти кажува, ти пишува се во договорот. Втора работа, никој со сила не те тера да го потпишеш истиот, сега бар има избор има 10+ банки во земјава, негде ќе ти се погоди каматата, нели? Трето, ако не го сфаќаш делот со каматата, што е сосема нормално за обичен човек, може да ги прашаш вработените да ти објаснат, ќе видиш тогаш што е варијабилна камата, кој ја контролира, како ја контролира итн итн.
Четврто, банките подлежат на регулатива од НБРМ која МОРА да ја почитуваат.
Петто, секоја банка има свој депозитен основачки влог, своја кредитна политика, свој начин на финансирање и затоа каматите некогаш во една банка се поволни, па потоа се качуваат кога истата банка ќе се изложи кредитно и ќе одлучи да го намали кредитирањето.

И еве што ако протестираш против банки, ќе добиеш нешто? Зависен си од нив, плата мора да земеш преку банка, парите сигурно нема под перница да ги чуваш.

Оваа па Стефи против бензиските пумпи ќе протестирала :pos: Секој со своја дијагноза овде.
Не реков да бојкотирам против бензинските туку кога се бојкотираат веќе маркетите нека ги бојкотираат и бензинските и кафаните и се со ред.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.752
Поени од реакции
6.167
И еве што ако протестираш против банки, ќе добиеш нешто? Зависен си од нив, плата мора да земеш преку банка, парите сигурно нема под перница да ги чуваш.

Оваа па Стефи против бензиските пумпи ќе протестирала :pos: Секој со своја дијагноза овде.
Поголема логика има да протестираш против профит кај нафта и банки, отколку за профит на маркети.
Ама, јбг, логика не е за секој..
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.788
Поени од реакции
115.733
Поголема логика има да протестираш против профит кај нафта и банки, отколку за профит на маркети.
Ама, јбг, логика не е за секој..
Зошто? Што ти згрешија банките и пумпите? Знаеш дека имаме едно од поевтините горива во регионот, така?
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.732
Поени од реакции
4.184
Зошто? Што ти згрешија банките и пумпите? Знаеш дека имаме едно од поевтините горива во регионот, така?
Имаме едно од поевтините горива во регионот поради тоа што државата зима најмала акциза во споредба со другите држави, а не дека бензиските и нивните сопственици се многу коректни. Не заборавај дека и имаме едни од најниските плати во регионот

Банките од друга страна се посебна приказна, уште малку ќе почне да наплатуваат и за секое логирање на мобилна апликација
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
920
Поени од реакции
459
Поголема логика има да протестираш против профит кај нафта и банки, отколку за профит на маркети.
Ама, јбг, логика не е за секој..
Во банка мала шалтерска услуга се наплаќа и од 30 до 80 денари..а можеби и повеќе..нема никаков расход(производ,рок,редење роба,едно друго) само за услугата....
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.788
Поени од реакции
115.733
Имаме едно од поевтините горива во регионот поради тоа што државата зима најмала акциза во споредба со другите држави, а не дека бензиските и нивните сопственици се многу коректни. Не заборавај дека и имаме едни од најниските плати во регионот

Банките од друга страна се посебна приказна, уште малку ќе почне да наплатуваат и за секое логирање на мобилна апликација
Океј, ама ако ти смета нешто во врска со горивата протестирај пред Влада, не пред бензиски.

За банките ме мрзи да објаснувам, а не е ни темата за тоа, ама имаш 300 000 механизми за да го избегнеш плаќањето на провизии за услуги. Првиот механизам е да исчезнеш од шалтерите на банките за секоја ебана сметка (не зборам за тебе него општо), потоа полесно е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom